Хофбург
Палатата Хофбург е палата лоцирана во Виена, Австрија, која била дом на најмоќните луѓе во историјата на Австрија, вклучувајќи ја и Хабсбуршката династија, владетели на големото Австро-унгарско царство. Моментално служи како официјална резиденција на австрискиот претседател. Хофбург била палатата во која Хабсбурговците престојувале во текот на зимата, додека Шенбрун е палатата која ја преферирале за престој во летото.
Областа на палатата Хофбург е документирана како седиште на владата од 1279 година, за време на владеењето на неколку царства и републики.[1]
Дворецот Хофбург бил прошируван нив векови со цел денеска да е составен од: неколку резиденции, капела, музеи, империјална библиотека, национален театар, школо за јавање коњи, коњска штала, како и конгрес центарот на Хофбург.
Неколку архитекти работеле на проширавањето на палата, едни од најпознатите се италијанскиот архитект-инженер Филиберто Лучезе, Лодовико Бурначини и Мартино и Доменико Карлоне. Исто така на него работеле и барокните архитекти Лукас вон Хилденбрадт и Јосеф Емануел Фишер вон Ерлакх, Јохан Фишер вон Ерлакх и други.
Наводи [уреди]
- ↑ "Hofburg, Wien" (history), Encyclopedia of Austria, Aeiou Project, 2006, webpage: Aeiou-Hofburg-English.
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Хофбург“ |