Хотел Султанахмед

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

{{#if: | }}

Хотел Султанахмед
Sultanahmet Cezaevi
Поглед кон хотелот
Поглед кон хотелот
Статистики за хотелот
Место Султанахмед, Истанбул, Турција
[[Координати]
Дата на отварање 1918/1919

Хотелот Султанахмед (турски: Sultanahmet Cezaevi), е поранешен затвор којшто се наоѓа во населбата Султанахмед, во Еминоину, Истанбул, Турција.

Објектот бил изграден во периодот помеѓу 1918/1919 година, и претставувал првиот затвор во Османлиската империја којшто бил изграден во современа конепција. Објектот е изграден во стил на неокласика, и се наоѓа веднаш до тогашниот суд, кој пак датира од 1845 година. На главната порта од затворот постои надпис кој гласи: Dersaadet Cinayet Tevkifhanesi.[1] Освен постојаните машки затвореници, овде биле притварани и малолетници и жени. На 25 јануари објектот бил напуштен по изградбата на затворот Сагмалцилар.[2]

Објектот долго време бил празен. Во 1992 година се донело одлука истиот да биде претворен во хотел.[3] Така, денеска овој хотел е еден од најпознатите во градот. Се наоѓа во близина на најголемите туристички атракции на градот: Аја Софија, Султан Ахмедова Џамија, Константинополски хиподром и Топкапи Сарај. Хотелот има 65 соби и 11 апартмани, со капацитет од 130 гости.[4]Осве хотелот, во објектот има отворено и ресторан со капацитет од 55 гости во зима и 95 во лето.[5]

Видете исто [уреди]

Наводи [уреди]

Надворешни врски [уреди]