Хонг Мјунг-Бо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хонг Мјунг-Бо
Hong Myung-Bo
Лични податоци
Роден на 12 февруари 1969 (1969-02-12) (45 г.)
Роден во Сеул, Јужна Кореја
Висина &100000000000001820000001,82 м
Положба централен одбранбен играч
Младинска кариера
Кореа Јуниврзити
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1992-1997 Поханг Стилерс 110 (14)
1997–1998 Белмаре Хиратсутака 42 (0)
1999–2001 Кашива Рејсол (позајмен) 72 (7)
2002 Поханг Стилерс 19 (0)
2003-2004 Л.А. Галакси 38 (0)
Репрезентација
2000 Јужна Кореја 23 2 (0)
1990-2002 Јужна Кореја 136 (10)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 21 септември 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 септември 2011

Хонг Мјунг-Бо (роден на 12 февруари 1969 година во Сеул) е јужнокорејски поранешен фудбалер, кој заедно со својот сонародник Ча Бум-Кун, често се смета за еден од најголемите азиски фудбалери досега. Хонг бил дел од корејскиот национален фудбалски тим на четири Светски првенства, и со тоа станал првиот азиски играч на кој му успеало ова.

Тој ја започнал својата кариера во екипата на Поханг Стилерс со кој ги освоил кореанската К-Лига во 1992, Кореанскиот Лига Куп 1993, Кореанскиот ФА Куп 1996 и Азискиот куп во 1997, по што се преселил во Јапонија. Таму настапувал за Белмаре Хиратсутака и Кашива Рејсол но никогаш неуспеал да ја освои Џеј Лигата. Единствениот трофеј додека настапувал во Јапонија го освоил во 1999 година триумфирајќи во Џеј Лига Купот. Својата играчка кариера Хонг ја завршил во 2004 година откако поминал две сезони во американскиот клуб Лос Анџелес Галакси.

Хонг е во моментов играчот со најголем број на настапи во репрезентативниот дрес со 136 одиграни натпревари.