Хомеопатија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Хомеопатијата е форма на алтернативната медицина, предложена од германскиот физичар Самуел Ханеман во 1796, кој се обидел да ги лечи своите пациенти со силно растворени супстанци, за кои се тврди дека имаат слични ефекти како и симптомите што го предизвикале заболувањето. Хомепатските лекови се подготвуваат со сериски раствори и силно протресување. Ваквиот процес го нарекуваат „потентизација“. Растворањето обично продолжува сè додека не се раствори оригиналната супстанца. Покрај симптомите од болеста, хомеопатите користат аспекти на физичката и психолошка состојба на пациентот од препорачаните лекови. Хомеопатските книги се познати и како лексикони , во кои лековите се селектирани врз симптомите. Хомеопатските лекови , без никакви исклучоци се сметаат за потполно безбедни. Меѓутоа, некои хомеопати биле критизирани затоа што своите пациенти ги изложувале на ризик, а притоа ја избегнувале конвенционалната медицина како вакцинацијата, анти-малариски лекови и антибиотици. Тврдењата за ефикасноста на хомеопатијата во плацебо ефектот не се одобрувани од колективната тежина на научните и клинички евиденции. Иако некои проучувања се позитивни, систематските прегледи на сите објавени студии не се покажаа како такви. Понатаму, високо квалитетните проучувања се стремија кон истакнување на позитивни резултати, а повеќето позитивни студии не беа реплицирани ниту пак покажаа методолошки проблеми кои ги штитат од јасните евиденции за ефикасноста на хомеопатијата. Истражувањата спроведени во Комитетот за наука и технологија во Велика Британија во 2009-2010 , заклучија дека хомеопатијата не е подобра од плацебо ефектот. Хомеопатските лекови содржат неколку или пак воопшто не содржат фармаколошки активни молекули и за таквите лекови да имаат фармаколошки ефект треба да се прекршат основните принципи на науката. Современите хомеопати сметаат, дека водата има меморија која им овозможува на хомеопатските подготовки да се произведат, без било каква оригинална субстанца; меѓутоа, не постојат ниту верифицирани , ниту пак научни , уверливи и физички механизми за ваков феномен. Недостатокот на убедливи, научни докази за ефикасноста на хомеопатијата, како и за употребата на лековите се доволна причина за фактот што хомеопатијата е опишана како квазинаука, надрилекарство и „сурова измама’’. Од една земја во друга, распространетоста на хомеопатијата е различно застапена. Во некои држави не постојат никакви законски регулативи за употреба на хомеопатијата ниту пак одредени хомеопатски третмани се покриени со националното осигурување, додека во друѓи дозволи или дипломи за конвенционална медицина од акредитирани универзитети е неопходна и тие се обединети со националниот здраствен систем. Во многу држави пак, хомеопатијата воопшто и не е прифатена.

Општа философија[уреди]

Хомеопатски лек подготвен од раствор кој не содржи молекули од оригиналното растение. Хомеопатијата претставува виталистичка философија која ги објаснува болестите и заболувањата предизвикани од нередите во хипотетичката витална или животна сила. Ваквите нереди ги манифестира како единствени симптоми. Хомеопатијата објаснува, дека виталната сила ја има способноста да реагира и да се адаптира на внатрешните и надворешните предизвикувачи, за кои хомеопатите ги обележуваат со „закон за чувствителност“. Овој закон наведува дека негативниот став може да ја привлече хипотетичката болест наречена „мијазми“ која го напаѓа телото и произведува симптоми на болест. Како и да е, Ханеман ја одбил идејата на болеста како одвоена која го напаѓа лицето и сѐ уште претставува дел од „живата материја“.

Закон на сличности[уреди]

Во своите екпериметни со чинчона, кои служеле како третман против маларија, Ханеман заклучил дека ваквите симптоми биле слични како и симптомите на маларија. Тогаш заклучил дека процесот на излекување е сличен, а третманите мора да се способни да ги произведат симптомите во здрава личност, слична на оние кај кои болеста била излекувана. Тој сметал дека преку потикнување на болеста со лекови, симптомите ја обновувале виталната сила за да ја неутрализираат и одстранат оригиналната болест.

Мијазми и болести[уреди]

Во 1828 година, Ханеман го претставил концептот на мијазми, како основна причина за многу познати болести. Мијазмот честопати, од страна на хомеопатите е дефиниран како „необична, нездрава и душевна растроеност на виталната сила“. Секој мијазам го поврзал со одредени болести во кој го гледал коренот на предизвикувач за одредени болести. Според Ханеман, почетното откривање на мијазмите предизвикуваат локални симптоми, како што се кожните или венерични болести, но ако овие симптоми се задушени со медикаменти, причината се бара подлабоко и тогаш започнува да се манифестира како болест на внатрешните органи. Основниот мијазам сѐ уште останува, а длабоко сместените алименти може да бидат поправени со отстранување на длабоките нереди од виталната сила. Теоријата за мијазми на Ханеман и понатаму останала дискутирана и контроверзна. Во 1978 година, Антони Кембел, тогашен консултант и физичар во кралската хомеопатска болница во Лондон, ги критикувал изјавите на Џорџ Витхоулкас кој тврдел дека доколку сифилисот е третиран со антибиотици, тој може да се развие во второстепен или третостепен сифилис вклучувајќи го и централниот нервен систем. Овие конфликти во научните студии, покажуваат дека третманите со пиницилин произведуваат комплетно лекување на сифилис во повеќе од 90 % кај случаите со сифилис. Кембел ова го опишал како „неодговорна изјава која може погрешно да ги насочи неучените луѓе, а притоа одбивајќи ги религиозните третмани“. Ханеман презентирал само три мијазми, од кои најважен е „псора“ ( јадеж на грчки), кој бил поврзан со било која болест кај која се појавува јадеж на кожа. Тој сметал дека псора е предизвикувач на болести како епилепсија, рак, заразна жолтица, глувост и катаракт. Од времето на Ханеман, предложени се и други мијазми, некои да заменат една или повеќе предложени функции, вклучувајќи ги туберкуларни и рак-мијазми.

Хомеопатски лекови[уреди]

Хомеопатски лек Rhus toxicodendron, добиен од отровниот бршлен.

Лекот претставува технички термин во хомеопатијата кој се однесува на сусптанца подготвена со посебна процедура која е наменета за лечење на пациенти. Хомеопатските практичари се осврнуваат на 2 вида препораки: Материа Медика (Materia medica) и лексикон. Хомеопатското Материа Медика претставува колекција од „слики на лекови“ поставени по алфабетски редослед, кои ги опишуваат симптомите поврзани со секој лек индивидуално. Хомеопатскиот лексикон претставува индекс на симптоми на болести, кои ги карактеризираат лековите со специфични симптоми. Хомеопатијата употребува животински, растителни, минерални и синтетички супстанци во своите лекови. Примерите вклучуваат Arsenicum album, Natrum muriaticum, Lachesis muta ( отров од змија ), Opium и Thyroidinum (тироиден хормон). Употребуваат и третмани наречени носоди ( болест на грчки) добиени од патолошки продукти како фекални, уринарни и респираторни ослободувања, крв и ткиво. Хомеопатските лекови добиени од здрави мостри се наречени саркоди. Некои современи хомеопати, езотеричките лекови ги нарекуваат и како „непредвидливи“, бидејќи тие не потекнуваат од материјал туку од електромагнетна енергија. Примерите вклучуваат зрачење и сончева светлина. Неодманешните ризични потфати на езотеричните супстанци вклучуваат и невреме со грмотевица ( подготвени од соберена дождлива вода). Денес, постојат околи 3000 различни лекови кои се употребуваат во хомеопатијата. Некои хомеопати иако контраверзни, употребуваат техники кои се одобрени од страна на други практичари. Тие вклучуваат документи за лековите, кадешто супстанците и растворите се запишани на хартија и ставени во облеката на пациентот, во неговиот џеп или пак сместени под чаша вода која му е дадена на пациентот. Ваквата пракса била силно критизирана од страна на класичните хомеопати како неоснована и истата се базирала на магија и празноверие.

Подготовка на лековите[уреди]

Малтер и толчник употребени за чкрипливи и нерастворливи цврсти сусптанци во хомеопатските лекови вклучувајќи го кварцот и школките од острига.

За производство на лекови, хомеопатите употребуваат процес наречен „динамизација“ или „потентизација“ каде што супстанца се раствора со алкохол или дистилирана вода, а потоа енергично се протресува. Додека Ханеман ги застапува супстанците кои се употребуваат за добивање на симптоми слични на оние од кои се лечи, тој пронашол доза која ке ги зголеми симптомите , а притоа и ке ја влоши состојбата што понекогаш доведувало и до опасни отровни реакции. Тогаш тој истакна дека супстанците се раствораат.

Раствори[уреди]

Постојат три размера кои се користат во хомеопатијата. Ханеман ја креирал скалата „ Ц “ во која се раствора супстанца со фактор 100 за секој чекор. Оваа скала најмногу ја употребувал Ханеман. Тој најчесто го користел 30Ц растворот за секакви пригоди ( раствор од фактор 1060). Во времето на Ханеман, неразумно било да се смета дека лековите можат да се растворат до бесконечност, бидејќи атомот или молекулот како најмала честичка во хемиските супстанци штотуку биле препознаени. Сега веќе знаеме дека најсилниот раствор којшто содржи еден молекул од оригиналната супстанца претставува 12Ц.

Ова шишенце содржи арника монтана Д6 и почетениот раствор изнесува (106).

Некои хомеопати откриле децимална скала ( Д или Х) растворајќи ги сусптанците и по десет пати во својата оригинална големина во секоја скала. Д или Х скалата на раствор претставува половина од самата вредност на скалата Ц; на пример „12Х“ е еднаков на раствор од „6Ц“. Ханеман никогаш не ја употребил оваа скала , но таа била мошне популарна во 19иот век па се до ден денес во Европа. Ваквата моќ на скалата била претставена во 1830 година од американскиот хомеопат Константин Херинг. Во последата деценија од својот живот, Ханеман ја презентирал и скалата (Q) или ЛМ која изнесувала 1 дел од 50.000. На пример, лек карактеризиран како „20Q“ ја има речиси истата концентрација како лек со „47Ц“

Х Ц Однос Забелешки
1X 1:10 Опишан со слаба јачина
2X 1C 1:100 Поголема јачина од 1 X
6X 3C 10−6
8X 4C 10−8 Дозволена концентрација на арсеник во водата за пиење во САД

„Arsenic in drinking water“, United States Environmental Protection Agency, http://www.epa.gov/safewater/arsenic/index.html .</ref>

12X 6C 10−12
24X 12C 10−24 Постои веројатност дека 60% содржи молекул од оригиналната супстанца, доколку 1 мол Од оригиналната супстанца е искористен
60X 30C 10−60 Ханеман го подржува растворот поради неколку причини: пациентите треба да користат 1041 апчиња за да конзумираат 1 единствен молекул од супстанцата.
400X 200C 10−400 Раствор за хомеопатски лек за грип Oscillococcinum
Забелешка „X скалата “е уште наречена и „ Д скала“ 1X = 1Д, 2X = 2Д итн.
Хомеопатски лек Oscillococcinum

Критичарите и застапниците на хомеопатијата заедно се обидуваат да ги илустрираат растворите вклучени во хомеопатијата по аналоген ред. Ханеман изјавил дека соодветна процедура за да се справи со епидемијата би било празни шишенце на отров во езерото во Женева. Друг пример за критика на хомеопатијата претставува и 12 Ц решението. Една третина од капка на оригинална супстанца растворена во целата вода на светот може да произведе лек со концентрација од 13 Ц. Особено популарен хомеопатски третман за грип претставува и 200Ц растворот од црниот дроб на патка, познат под името Oscillococcinum. Во целиот универзум постојат околу 1080 атоми, но раствор на еден молекул во универзумот би изнесувал околу 40Ц. Поради овој факт, Oscillococcinum би имал потреба од 10320 универзуми за да добие еден молекул во крајната супстанца. Силните раствори се сметаат за најкотроверзни и неуверливи аспекти на хомеопатијата.

Дебата за растворите[уреди]

Не сите хомеопати ги одобруваат силните раствори. Првите хомеопати пред се биле доктори и најчесто употребувале слаби раствори како „3 X“ или „6X“, а поретко ја преминувале границата од „12X“. Поделбата помеѓу силни и слаби раствори е дефинирана идеолошки. Оние со слаби раствори се карартеризираат за патологијата и претставува моќна поврзаност за конвенционалната медицина, додека оние со силни раствори ја истакнуваат виталната сила, мијазмите како и духовната интерпретација на болеста. Некои продукти со слаб раствор и понатаму се продаваат, но и покрај своите дупликати тие сѐ уште не покажуваат било какви ефекти како што е случајот со плацебо ефектот.

Докази[уреди]

Пред да направи обид со своите пациенти, Ханеман најпрвин своите лекови ги експериментирал на себе. Неговите експерименти дадоа заклучок дека овие лекови треба да им се дават на болните, бидејќи тој сметал дека најсличниот лек виртуелно ги поседува симптомите на болеста, па според тоа не можел да заклучи кои симптоми се од лекот, а кој од самата болест. Токму затоа болните лица не биле вклучени во ваквите експерименти. Методот кој бил употребен за да се открие кој лек припаѓа на одредена болест бил наречен „докажување“, добиен од германскиот збор „Prüfung“ што значи „тест“. Хомеопатското докажување е метод со кој се утврдува хомеопатскиот лек. На почетокот, Ханеман употребувал материјални дози за докажување, но подоцна своите лекови ги произведувал со 30Ц раствор. За време на процесот, употребувал лекови на здрави волонтери. Тие биле набљудувани со месеци во периодот на испитување и тогаш истите биле обврзани да водат дневник со сите симптоми кои ке ги почувствувале во денот. За време на експериментот им било забрането конзумирање кафе, чај, зачини и вино: забрането им било и играњето шах, бидејќи Ханеман сметал дека оваа игра е премногу возбудлива, но сепак дозволено им било да пијат пиво и физичка активност. По завршувањето на екпериментите, Ханеман ги натерал своите волонтери да се заколнат дека се што напишале во дневникот е вистина. Ова докажување се карактеризирало како мошне значајно за развојот на клиничките случаи. Ваквите експерименти на хомеопатите се покажале како корисни во развојот на модерните лекови: На пример, евиденцијата дека нитроглицеринот се покажал како корисен третман за лечење на ангина бил откриен токму преку хомеопатското истражување, иако хомеопатите во тоа време не го употребувале за ваква намена. Првите снимени докази биле објавени во 1796 година од Ханеман во Есеј на нов принцип. Неговата Fragmenta de viribus од 1805 година, содржи 27 докази, додека Materia Medica Pura од 1810 година содржи 65 докази. Во Лекции за хомеопатската Материа Медика, Џејмс Тајлер Кент во 1905 година додадел и современи верзии на истите,а притоа бројката пораснала до 217 лекови.

Лексикон[уреди]

Хомеопатски лексикон на Џејмс Тајлер Кент.

Хомеопатите најчесто своите експерименти ги започнуваат се претходна детална анализа на историјата на пациентите, прашувајќи ги за својата физичка, ментална и емоционална состојба, околностите во животот и било какви физички или емоционални болести. Потоа, хомеопатот се обидува ваквите информации да ги преведе во комплексна формула од ментални и физички симптоми, вклучувајќи ги позитивните и негативните страни, вродените склоности. По ваквата анализа, тој одлучува на кој начин ке го лекува пациентот. Компилација од многубројни извештаи на хомеопатските истражувања, надополнети со клинички податоци е позната под хомеопатска матери медика. Ваквата компилација содржи листа на лекови подредени според симптомите на болеста. Тие може да вклучуваат и податоци добиени од повеќе извори на материа медика. Честопати доаѓа до дискусија помеѓу составувачите на репертоарот и употребувачите на лековите. Првиот индекс на симптоми на хомеопатската материа медика го составил Ханеман. Подоцна, еден од неговите студент Клеменс вон Бонингхаусен го составил Терапевтски прирачник кој исто така претставува хомеопатски репертоар. Прв ваков хомеопатски репертоар е Кодексот на симптоми на Џорџ Јар кој бил објавен во 1835 година во Германија, а Константин Херинг го преведел и на англиски во 1838 година со наслов Репертоар на уште по карактерситични симптоми на Материа Медика Оваа верзија помалку се фокусирала на болестите и истата претставувала предвесник на делата на Кент. Книгата се состои од 3 тома. Како што мине времето, големината на ваквите репертоари се зголемува. Постојат и одредени разлики во третманите на хомеопатите. „Класичната“ хомеопатија пред се вклучува детална анализа на историјата на пациентот и самиот пациент подлежи на набљудувања за време на третманот, додека „клиничната“ хомеопатија опфаќа комбинација на лекови за вкрстување на симптомите на болеста.

Слични третмани[уреди]

Изопатија[уреди]

Изопатијата е терапија која произлегува од хомеопатијата, а е пронајдена во 1830 од страна на Јохан Јозеф Вихелм Лукс . Изопатијата се разликува од хомеопатијата во тоа што растворите се добиени или од она што ја предизвикало болеста или пак од продуктите на болеста, како на пример изметот. Многуте таканаречени „хомеопатски вакцини’’ претставуваат форми на изопатијата.

Лекови од билки[уреди]

Лековите добиени од билки се добиваат откако растенијата ке се стават во вода, а притоа се изложуваат на сончева светлина. Најпознати вакви производи се лековите на Бах, кој биле откриени од хомеопатот Едвард Бах. Иако за застапниците на ваквите лекови се смета дека всушност и тие делуваат преку хипотетичката витална сила како и хомеопатијата, но сепак начинот на подготовка е различен. Овие лекови се добиваат преку благи начини како што е сместувањето на цвеќиња во сончева вода. Не постои никакво убедливо научно или клиничко докажување дека ваквите лекови се ефикасни.

Употребата во ветеринарство[уреди]

Идејата за употреба на хомеопатија како третман кај друѓите животни е наречена ветеринарна хомеопатија и датира од самиот почеток. Ханеман зборувал и пишувал за употребата на хомеопатијата кај животните отколку кај луѓето. ФДА не ги одобрила хомеопатските продукти за употреба во ветеринарната медицина во САД. Во Велика Британија, ветеринарните хирурзи кои ја употребувале хомеопатијата припаѓале на факултетот за хомеопатија и/или во британското друштво за хомеопатски ветеринарни хирурзи. Во Велика Британија и во други држави, животните може да бидат третирани само од страна на квалификувани ветеринарни хирурзи. Но на меѓународно ниво, телото кое ги подржува хомеопатските ветеринари е Интернационалното друштво за ветеринарна хомеопатија. Употребата на хомеопатијата во ветеринарната медицина е контраверзна, бидејќи постои сосем мало истражување за ваквата намена, Во друѓи истражувања пак е дојдено до резултат дека плацебо ефектот исто така влијае позитивно како кај животните така и кај нивните сопственици кои верувале во ефективноста на третманот.

Медицински и научни анализи и критики[уреди]

Хомеопатијата не е подржана од страна на колективната тежина на модерното научно истражување. Ектремните раствори, употребени во хомеопатските подготовки најчесто не оставаат ниту дел од оригиналната материја во крајниот продукт. Модерниот механизам предложен од хомеопатите наречен водена меморија, се смета за неуверлива. Фармаколошкиот ефект, без никаква активна состојка е непостојана за разлика од коневенционалните лекови, оставајќи само не-специфичен плацебо ефект или различни нови појаснувања. Предложениот мотив за овие ектремни раствори, дека водата содржи „меморија“ или „вибрација“ од растворената состојка , претставува бројач на законот за хемија и физика како што е и законот за масовна акција. Недостатокот на убедливи докази кои ја подржуваат ефикасноста како и употребата на лекови без никакви активни состојки, доведоа до карактеристики на квазинаука и надрилекарство, или пак со друѓи зборови како што стои во медицинскиот преглед од 1998 година, „плацебо терапијата е најдобра, но надрилекарството е најлошо“.Употребата на хомеопатијата може да се одложува или заменува со ефективни медицински третмани, изложувајќи ги пациентите на зголемен ризик. Однесувајќи се на хомеопатијата, Британскиот комитет за наука и технологија истакна: „Според комитетот, хомеопатијата е плацебо треманот ,а владата треба да има осигурителна полиса за препишаното плацебо.“ И покрај етичките проблеми како и интегритетот на врската помеѓу доктор-пациент, препишувањето на плацебо припаѓа во лошата медицина. Нивниот ефект е неверодостоен и непредвидлив, и не може да ја формира основата на било кој третман.

Силни раствори[уреди]

Екстремно силните раствори во хомеопатијата претставувале основна точка на критицизмот. Хомеопатските раствори, најчесто биле растворани до точка каде ниеден молекул од оригиналната состојка ке остави трага во крајниот лек. Хомеопатите верувале дека методичкиот раствор на супстанцата кој ке започне со 10% или помалку, а притоа проследен и со силно разтресување, може да произведе терпавтски активен лек за разлика од терапевтската неподвижна вода. Иако нековалентните структури на течната вода на собна температура се стабилни само за неколку пикосекунди, па затоа критичарите заклучиле дека било кој ефект кој бил предложен од оригиналната субстанца не може да постои повеќе. Ниеден доказ од стабилните снопови на молекулите во водата не бил пронајден во хомеопатските лекови. Понатаму, иако водата била во контакт со милиони различни супстанци, критичарите наведуваат дека токму таа вода претставува ектремен раствор за речиси сите звозможни суспстанци. Според ваквата изјава, секој оној што ја пие водата добива третман за секоја измислена состојба. Корисниците на хомеопатијата се натрпеваруваат со тоа дека силните раствори произведуваат посилни медицински ефекти. Ваквата идеја е нестабилна во однос на конвенционалните лекови, каде ефектот зависи од концентрацијата на активните состојки во телото. Ваквата врска била потврдена во многубројните експерименти вршени врз организми како нематоди, стаорци и луѓе. Физичарот Роберт Л. Парк, поранешен извршен директор на американското друштво за физика забележал дека


Бидејки последниот износ на супстанца е еден молекул, 30Ц ќе мора да има најмалку еден молекул од оригиналната суосстанца растворена во намјалку 1.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000 молекули во вода/ За ова би било потребно контејнер кој би бил поголем повеќе од 30.000.000.000 пати од големината на Земјата[1]

Парк забележал дека „ако очекувате да добиете барем еден молекул од „медицинската“супстанца, наводно застапени во 20Х апчиња, неопходно ќе биде да земете околу два билиона од нив, кои би биле еднакви на 1000 тони лактоза, вклучувајќи ги сите нечистотии кои ги содржи лактозата“. Законот на хемијата тврди дека постои лимит кон растворот кој може да биде без губење на оригиналната супстанца. Овој лимит кој е поврзан со Авигардовиот број, е сурово еднаков со хомеопатската сила од 12Ц или 24Х (1 дел од in 1024).

Истражувања за медицинската ефективност[уреди]

Старо шишенце од Хепар сулф, направено од калциум сулфид.

Ефективноста на хомеопатијата била дискутирана од самиот почеток. Една од првите научни истражувања за хомеопатијата била спонзорирана од страна на британската влада за време на втората Светска војна, во која волонтерите ја тестирале ефективноста на хомеопатските лекови против изгореници од гас. Методолошкиот квалитет на истражувањето е мошне слабо, бидејќи со такви проблеми како што е слабоста. Ниедна индивидуална подготовка не била двосмислено демонстрираната дека е поразлична од плацебо ефектот. Понатаму, како што самиот резултат се подобрил, евиденцијата за хомеопатските подготовки ефективно се намалија, а високо квалитетните тврдења покажаа дека самите лекови немаат никаков ефект. Абстрактните концепти со теоричната физика Сепак, објаснувањата се понудени од неспецијалисти во своето поле, и честопати вклучуваат шпекулации кои се невистинити, а притоа не се подржани од актуелните ескперименти.

Мета-анализи[уреди]

Мета-анализите од проучувањата се анализирани се со цел да се дојде до ефективноста на хомеопатијата. Првичните мета-анализи на хомеопатските раствори во повеќето случаи покажуваат релативно позитивни резултати, но таквите проучувања предупредија дека е невозможно да се дојде до крајниот резултат. Еден од позитивните мета-анализи на Линде вели: Евиденцијата на предубедувањето во хомеопатските истражувања, го завршила истражување во 1995 година, и била објавена значајна бројка на нови хомеопатски тврдења. Фактот што бројот на новите високо-квалитетни тврдења имаат негативни резултати, неодманешното обновување на нашиот извештај за еден од најголемите „оригинални“ под типови на хомеопатијата ( класична или индивидуализирана хомеопатија), изгледа ги потврди наодите дека по ригорозните испитувања даваат се помали резултати. Изгледа дека нашата мета-анализа ги преценила ефектите на хомеопатските третмани. Во 2001 година, мета-анализа на клинички случаи за ефективноста на хомеопатијата заклучи дека првичните клинички случаи покажуваа знаци на огромни слабости во методологијата, а дека хомеопатските истражувања биле помалку форсирани. Во извештајот од 2002 година, за систематските извештаи се вели дека високо квалитетните испитувања даваат се помали резултат, а со тоа наведуваат дека тие резултати се клинички неважачки. Кога ваквите случаи ке се земат во целост, не постои никакво убедување дека кој било хомеопатски лек дава подобри резултати од плацебото и дека тековниот извештај не дозволува негова препорачливост за употреба во клиничкиот третман. Во извештајот за презентација на хомеопатијата од 2005 година, во медицинската литература се предложени конвенционални списанија кои имаа објавување на предубедувањето против клиничките случаи во хомеопатијата кое сепак се покажа како позитивно, а спротивно од тоа бесе случајот за комплементарни и алтернативни медицински списанија. Авторите предложуваат дека ова може да биде како резултат на неволонтерското предубедување во кое позитивните истражувања се стремат кон нивна испорака во ЦАМ дневниците, а негативните пак во конвенционалните. Во 2005 година, медицинското списание Ланцета, објавило мета-анализи на 11 плацебо-конторлирани хомеопатски испитувања и 110 медициснки испитувања ,спонзорирани од швајцарската влада во проектот наречен „Програма за комплементарна медицина.“ Оваа студија заклучила дека пронајдоците биле компитабилни со идејата дека клиничките ефекти не претставуваат ништо освен плацебо ефекти. Мета-анализите од 2006 година на шест испитувања на хомеопатски третмани за да добијат терапија за рак, за жал доведоа до несаканите ефекти проследени со радиотерпаија и хемотерапија иако охрабрувачки, но не и убедливи. Нивните анализи заклучија дека не постојат доволно докази за да ја подржат клиничката ефикасност на хомеопатската терапија за лечење на рак. Систематскиот преглед од 2007 година, како за деца така и за адолесценти, открила дека доказите за дефицитната хиперактивност и детската дијареа се измешани. Никаква разлика од плацебо не била откриена за аденоидната вегетација, астмата или инфекција во горните дишни патишта. Ваквата состојба не била доволна за преземање на било какви терпевтски или превентивни мерки. Библиотеката Кохран пронашла недоволни клинички докази за ефикасноста на хомеопатските третмани за асма, деменција или за употребата на хомеопатијата во воведувањето на трудот. Друѓи истражувачи исто така не пронашле докази дека хомеопатијата делува позитивно за остеоротритис, мигрена или болка во мускулите. Здраствените организации како британскиот национален здраствен сервис, американското медицинско друштво и ФАСЕБ објавиле свое видување за тоа дека не постојат научни убедувања за ефикасноста на хомеопатските третмани во медицината. Клиничките студии за медицинската ефикасност на хомеопатијата била подложена на критики и основана како нерелевантна бидејќи таа не ја тестира „класичната хомеопатија“. Постојат голем број на клинички испитувања за ефикасноста на хомеопатијата. Извештајот од 1998 година, пронајде 32 случаи кои ги задоволуваат критериумите, од кои 19 биле плацебо-контролирани. Авторите заклучиле дека „резултатите од случајно избраните испитувања покажале дека хомеопатијата има ефект врз плацебо. Меѓутоа доказот не е убедлив поради методолошките недостатоци и непостојаност на истите“. Според тоа, оваа критика наведува дека класичната хомеопатија е многу по корисна за разлика од другите типови на хомеопатија. Џек Килен, заменик директор на Националниот центар за цомплементарна и алтернативна медицина вели дека хомеопатијата„ ги преминува тековните сваќања на хемијата и физиката“. „Според моето знаење, не постои состојба во која хомеопатијата се покажала како ефективен третман“ додава тој.

Алтернативно објаснување за излекувањето[уреди]

Честопати се нудат различни алтернативни објаснувања за тоа како хомеопатијата и нејзините лекови се неефикасни, и како може да истите да ја излечат болеста или да ги олеснат симптомите.

  • Природно излекување- време и спосбноста на телото да се излечи без помош, може да одстрани многу болести
  • Непрепознатливи третмани- неповрзана храна, вежби, агенти на природната средина или третман за различно заболување
  • Регресија- бидејќи многу болести или состојби се циклични, симптомите варираат, а пациентите може да се почувствуваат подобро
  • Не-хомеопатски третман- паралелно со хомеопатскиот третман, пациентите мора да добијат и не-хомеопатска грижа
  • Прекин на непријатниот третман- честопати хомеопатите им препорачуваат на пациентите да престанат со примањето на конвенционални третмани како операција или антибиотици, бидејќи може да предизвикат несакани ефекти
  • Промена на начинот на живеење- хомеопатите честопати препорачуваат диети и вежбања како и ограничено внесување на алкохол и кафе и намалување на стресот, бидејќи сите тие може само да ги намалат симптомите, а да ја појацат болеста
  • Плацебо ефект- интензивен процес на консултирање за хомеопатските подфотовки може да резултираат во ослободување на ендорфин или други хемикалии кои ја олеснуваат болката или другите симптоми, или пак на било кој друг начин влијаат врз индивидуалната биологија
  • Психолошко лечење- грижата спроведена од страна на хомеопатот како дел за консултирање може да осигури дека симптомите се мали, а можат да ја намалат тензијата која може да ја влоши постоечката состојба Ова може да биде делумно ефективно, кога физичарите имаат ограничено време со пациентот или пак се неспособни да ја одредат дијагнозата или третманот

Истражувања на ефектите во другите биолошки системи

Стар хомеопатски лек беладона

Додека некои артикли предложија дека хомеопатските решенија на силните раствори може да имаат значајни ефекти врз органскиот процес, вклучувајќи го ослобидувањето на хистамин преку леукоцитите, реакции на ензимите, Францускиот имунологист Жак Бенвенисте во 1987 објави документ за списанието Природа. Наводниот документ открива дека базофилот, вид на белите крвни келии, ослободува хистамин кога е изложен на хомеопатски раствор од анти-имуноглобин антитело Е. Уредниците на списанието биле скепрични од резултатите, а притоа побарале истите да бидат повторени , но во одвоени лабаратории. Повторувањето се одвивало во четири лабаратории, а истражувањето подоцна било објавено. Сеуште скептични од резултатите, списанието собрало независесн истражувачки тим со цел да да ја утврдат точноста од истражувањето, составен од уредникот во списанието Џон Мадокс, американскиот научен истражувач и хемичар Волтер Стеварт и скептичниот Џејмс Ранди. По истражувањето тимот дошол до заклучок дека „ Ние сметаме дека експерименталните податоци се подложени на критики, а нивните недостатоци несоодветно објавени“.Џејмс Ранди истакнал дека тој се сомневал дека постои свесна измама, но дека истражувањата може да дозволат „посакувано мислење“ за да влијаат врз интерпретацијата на податоците. Методолошки и проблеми со објавување Бен Голдакре објавил статија за хомеопатијата во ЛАНЦЕТА, објавувајќи ги истражувањата на хомеопатијата како проблематични. Тие ги вклучуваат високо објавените предубедувања на списанијата за алтернативна терапија, со многу мали статии поврзани со слаби резултати, игнорирајќи ги мета-анализите и неколку со позитивна критика.

Етички проблеми и безбедност[уреди]

Хомеопатските лекови пред се содржат само вода и/или алкохол, па затоа и се сметаат за сигурни. Оригиналните супстанци можат да се забележат само во исклучителни случаи. Ова може да се случи како резултат на несоодветна подготовка или слаб раствор. Примери на асренично тровање се појавиле само по употреба на арсенични хомеопатски подготовки. Зикам Колд гел за нос, кој содржи 2Х (1:100) цинк гликонат предизвика губење на осетот за мирис кај мал процент од корисниците: во 2006 година, 340 случаи биле изнесени пред суд за 12 ,илиони американски долари. Во 2009 година, ФДА ги советуваше корисниците да престанат да го употребуваат овој лек, бидејќи тој само може да им го оштети сетилото за мирис. Зикам бил промовиран од страна на новата апликација за лекови НАД под покровителство на ФДА полисата наречена „услови според кои хомеопатските лекови може да бидат промовирани“ (ЦПГ 7132.15), но ФДА пак го предупредила Зикам дека ваквата полиса не треба да се поромовира кога таа е штетна по здравјето на луѓето. Хомеопатските критичари покажале други загрижувања за хомеопатската медицина, бидејќи поголемиот дел од пациентите не добиле соодветен третман, па затоа пациентите умирале. Хомеопатите тврдат дека употребата на конвенционалната медицина само ке ја „притисне болеста подлабоко“, а со тоа ќе предизвика и сериозна состојба на организмот. Токму затоа некои хомеопати ги советувале своите пациенти за имунизацијата. Некои хомеопати сметаат дека вакцините може да бидат заменети со хомеопатските „носоди“добиени од биолошка материја како измет, заболено ткиво, бацили. Додека Ханеман се противил на ваквите обвинувања, сепак современите хомеопати честопати ги употребувале, иако не постоел доказ дека токму тие имаат некое корисно дејство. Откриени се и случаи во кои анти-малариските лекови се покажале како ефективни во многу случаи од хомеопатијата. Во 2004 година, еден хомеопат и забранил на своја пациентка да зема конвенционални медикаменти за срце, советувајќи ја на 22 јуни 2004 година да престане со земање на сите медикаменти, вклучувајќи ги и хомеопатските, а веќе на 20 август ја советувал дека таа повеќе нема потреба за земање на никакви лекови за срце,додека на 23 август изјавил дека „Таа не може повеќе да зема лекови, јас и предлоќив да зема хомеопатски лекови... Сметам дека доколку го следи мојот совет, нејзиното срце ќе се опорави“. Пациентката веќе следниот ден била примена во болница, а 8 дена подоцна починала со дијагноза „акутно заболување од прекин на лекување“. Во 1097 година, тогашниот советник и физичар во Кралската Хомеопатска болница во Лондон, Антони Кембел ги критизирал изјавите на Џорџ Витхоулкас поврзани со хомеопатските третмани. Витхоулкас истакнал доколку сифилисот се третира со антибиоитици, тој може да премине во секундарен или терцијален сифилис а притоа поврзан со централниот нервен систем. Кембел ова го опишал како неодговорна изјавакоја може погрешно да ги насочи неучените луѓе а притоа одбивајќи ги конвенционалните медицински третмани. Тврдењата укажуваат на идеите дека лекувањето на болести со надворешни медикаменти може само телото да го доведат до конфликт со научните испитувања.

Критики од различни аспекти[уреди]

Првиот професор за комплементарна медицина во Велика Британија, Едзард Ернст и поранешен практичар на хомеопатија ги истакнал своите погледи за фармацевтите како и за вистинската природа на хомеопатските производи истакнувајќи

„Мојата молба е едноставна за искрените. Дозволете им на луѓето да купуваат што сакаат, но кажете им ја вистината за тоа што го купуваат. Овие третмани се биолошки неуверливи, а клиничките тестирања покажуваат дека тие не прават апсолутно ништо во човечкиот организам. Фактот дека оваа информација не е воопшто важна за купувачите едноставно е смешна.“[2]

Мајкл Баум, професот во универзитетскиот колеџ во Лондон ја опишал хомеопатијата како „сурова одлука“. Во статијата со наслов „ Треба ли да имаме отворени сваќања за хомеопатијата?, објавена во американсото списание за медицина, Мајкл Баум и Едзард Ернтс напишале строги критики за хомеопатијата: „Хомеопатијата е најлош пример базиран врз медицината... Овие аксиоми на хомеопатијата не само што не се научно докажани, туку се и спротивставени. Ако хомеопатијата е точна, многу од физиката, хемијата и фармакологијата мора да се неточни... За да се прифати хомеопатијата или слините неуверливи форми на алтернативната медицина ( пр.лековите на Бах, духовното лечење, кристалната терапија) тогаш тие не претставуваат опција. Ние сметаме дека вербата во хомеопатијата ја надминува толеранцијата за прифатливост. Треба да започнеме од хипотеза дека хомеопатијата не може да функционира и дека позитивните објаснувања го рефлектираат објавувањето на предубедувањата. Хомеопатијата е основана на апсурдни концепти кои го одрекуваат напредокот во физиката и хемијата. Хомеопатските принципи се смени претпоставки. Не постои никаква потврда за било какви принципи. Повеќе од 200 години, ние чекаме хомеопатките кривоверници да го докажат спротивното.

Регулатива и распространетост[уреди]

Куќата Хамптон, претходното седиште на Бристол хомеопатската болница, една од четирите хомеопатски болници управувана од НХС.

Куќата Хамптон, претходното седиште на Бристол хомеопатската болница, една од четирите хомеопатски болници управувана од НХС. Хомеопатијата е заедничка за многу држави. Се употребува насекаде, па затоа професионални квалификации и дозволи не се потребни за секоја држава. Правилата се различни во секоја држава. Во некои држави не постојат никакви законски регулативи за употреба на хомеопатијата, додека во други дозволи или дипломи за конвенциона медицина од акредитирани универзитети е неопходна. Во Германија не постојат никакви регуларивни мерки, додека во Франција, Австрија и Данска важечка дозвола за дијагностицирање на било каква болест или давање на било каков продукт чија цел е лечење на болест е задолжителна. Некои хомеопатски третмани се покриени од здраствениот сервис во неколку европски држави, вклучувајќи ги Франција, Велика Британија, Данска и Луксембург. Но во држави како Белгија, хомеопатските третмани не се покриени. Додека во Австрија, јавниот здраствен сектор бара научни докази за ефективността, со цел да ги надомести медицинските третмани во кои хомеопатијата не припаѓа, но исклучоци се возможни; приватното здраствено осигурување понекогаш вклучува и хомеопатски третман. По пет годишно судење, во 2005 година, швајцарската влада ја повлече хомеопатијата и уште четири други третмани истакнувајќи дека тие не ги задоволуваат здраствените критериуми. Владата на Индија ја призна хомеопатијата како една од националните системи на медицината, а хомеопатите пак се сметаат за вистински медицински професионалци. Дипломата за хомеопатија како и регистрација во државниот регистер или Централниот регистер за хомеопатија, е задолжително за да практикувате хомеопатија во Индија. Во Велика Британија пак, пратениците бараат да имаат целосен пристап кон хомеопатските производи. Одлуката на Комитетот за наука и технологија е проследен со писмено објаснување од владата во кое се наведува дека реќимот за дозволи не е формулиран на научна основа.

Во февруари 2010 година, комитетот за наука и технологија заклучи дека: ... НХС треба да престане со пронаоѓањата на хомеопатијата. Бидејќи ти не се медицински, хомеопатските продукти не треба да бидат лиценцирани со МХРА. Комитетот се согласдил со владата дека има податоци кои укажуваат на негативностите на хомеопатијата и дека објаснувањата зошто хомеопатијата треба да постои се неуверливи. Комитетот заклучил дека давајќи ја постоечката научна литература, понатамошните клинички случаи не можат да бидат осудувани. Според комитетот, хомеопатијата е плацебо третман и дека владата треба да има осигурителна полиса за препишаните плацебо. } И покрај етичките проблем како и интегритетот за врската помеѓу доктор-пациент, препишувањето на плацебо припаѓа во лоша медицина. Нивниот ефект е неверодостоен и неуверлив и не може да се формира на било каков НХС третман. Комитетот истакна: „заклучивме дека плацебо не може да се препише на НХС. Резултатите од хомеопатските болници- болници кои ја специјализирале амдинистрацијата на плацебо- не треба да продолжи, и докторите од НХС не треба да ги обраќа своите пациенти на хомеопатите.“

Историја[уреди]

Слика на Александар Бајдеман која покажува историски фигури и персонификации за хомеопатијата и набљудувањето на бруталноста во медицината во 19 век

Слика на Александар Бајдеман која покажува историски фигури и персонификации за хомеопатијата и набљудувањето на бруталноста во медицината во 19 век

Историски контектс[уреди]

Во 16тиот век, пионерот на хемиската медицина Парацелсус истакна дека мала доза од „во што е болката, во тоа е и лекот„ предвидлива хомеопатија, но Ханеман е оној кој и даде име и ги истакна принципите кон крајот на 18тиот век. Во тоа време, конвенционалата медицина ги внесе ваквите мерки како пуштање крв и прочистување, употребувајќи лаксативи и иригатори. Ваквите методи честопати ги влошуваат симптомите, а понекогаш стануваат и фатални. Додека доблеста на овие третмани е тоа што тие биле прославувани со векови,но сепак Ханеман ги одбил ваквите методи како ирационални и непрепорачливи. Наместо тоа, тој ја одобрувал употребата на помала доза лекови и го унапредувал небитните виталистички погледи кон тоа како живите организми фунционираат, верувајќи дека болестите имаат како духовни така и физички предизвикувачи. Во тоа време, витализмот беше дел од конвенционалата наука; но сепак во 20тиот век, медицината го отфрли витализмот со развојот на микробиологијата, зародишната теорија на болеста како и напредокот во хемијата. Ханеман го застапува и подобрувањето на различниот начин на живеење на своите пациенти, вклучувајќи го вежбањето, здравиот начин на исхрана и чистотата. Концептот на Ханеман

Самуел Ханеман се смета за татко на хомеопатијата

Ханеман ја смислил хомеопатијата додека ги преведувал медицински монографии од шкотски на германски на шкотскиот физичар и хемичар Вилијам Кулен. Бил скептичен кон теоријата на Кулен за чинчоната во маларијата. Тој забележал повремени болки во стомакот, температура, треска и болка во глуждовите, кои се всушност симптоми слични на некои претходни симптоми на маларија. Од ова Ханеман заклучил дека сите ефективни лекови создаваат симптоми во здравите индивидуи слични на оние од кои се лечеле. Ова подоцна било идентификувано како „закон на сличности“, најважниот концепт во хомеопатијата. Терминот „хомеопатија“ потекнува од Ханеман, а негово прво печатено издание се појавува во 1807 година. Ханеман ги тестирал ефектите на субстанците прозиведени во човекот, процедура која подоцна била позната како „хомеопатско докажување„. Овие тестови барале субјекти за истакнување на симптомите како и на предизвиканите состојби. Ханеман ваквите податоци ги гледал како начин за идентификување на субстанци соодветни за третман во одредена болест. Првата колекција на докази била издадена во 1805 година, а втората се состоела од 65 лекови и истите се појавиле и во неговата книга, Материа медика Пура во 1810 година. Ханеман сметал дека голема доза на лекови и антибиотици може да предизвикаат слични симптоми, па така ги подржува екстремните раствори на супстанците. Тој ги собрал и ги објавил сите извештаи на неговиот нов медицински систем во неговата книга Органот на лекувачката уметност , чие 6то издание, објавено во 1921 година се употребува и ден денес од страна на хомеопатите.

Почетоци на популарноста и првите критики[уреди]

Најголема популарност хомеопатијата постигнала во 19иот век. Д-р Џон Франклин Греј ( 1804- 1882) прв ја употребил хомеопатијата во САД во почетокот на 1828 во Њујорк. Првите хомеопатски училишта се отвориле во 1830, а во 19иот век се појавија десетици хомеопатски институции како во Европа така и во САД. До 1900 година, се отвориле 22 хомеопатски колеџи и 15 000 практиционери во САД. Иако не ефективни, хомеопатските раствори речиси никогаш не им наштетуваат на корисниците на хомеопатски раствори или пак да починат од ваквиот третман кој треба да им помогне. Релативниот успех на хомеопатијата во 19иот век довел до напуштање на неефективните и штетни третмани на пуштање крв и прочистување како и ефективноста на науката базирана врз медицината. Една причина за зголемување на популарноста претставувал и очигледниот успех на луѓето, кои биле подложени на ваквите проучувања кои страдале од инфекции или заболувања. За време на епдиемијата на заболувања од колера кон 19иот век, смртните случаи во хомеопатските болници биле во помал број за разлика од коневционалните болници, каде што третманите кои тие ги употребувале биле штетни или пак допридонесувале сосема малку. Но сепак, хомеопатијата е критизирана од конвенционалата наука. Физичарот од Квин Вицториа, Сер он Форбес истакна дека екстремно малите дози на хомеопатија се смеетаат за неуспешни „насилство кон човековиот мотив„. Џејмс Јанг Симпсонза силните расвори истакна : „Ниеден отров, без ралика колку е силен и моќен, во била каква количина не може да влијае на ниеден човек ниту пак да го излечи вирусот“. Во 19тиот век, американскит физичар и автор, а воедно и критичар на хомеопатијата Оливер Вендел Холмес, објавил есеј во 1842 година наречен Хомеопатијата и нејзините сродствени заблуди. Во 1867 година, членовите на француското хомеопатско друштво заклучиле дека водечките хомеопати во Европа не само што ја напуштиле праксата на спроведувањето на сосема малата доза, туку повеќе не ја ни одбранувале. Последното училиште за хомеопатија во САД го затворија во 1920 година.

Оживувањето кон крајот на 20тиот век[уреди]

Храната, лекот и козметичкиот акт од 1938( спонзориран од Њујоршкиот сенатор и хомеопатски физичар Ројал Копеланд) ги карактеризира хомеопатски раствори како лек. До периодот во 1950 година, се појавиле околу 75 хомеопати во САД. Меѓутоа, од средината па се до крајот на 1970тите,хомеопатските компании имаа голема продажба на своите производи и со тоа хомеопатијата направи сериозен повраток. Грчкиот хомеопат Џорџ Витхоулкас направи „голема зделка со истражувањето и обновувањето на сценаријата како и на теориите и праксата на хомеопатијата„ започнувајќи од 1970, за да подцна се разшири насекаде во светот, како во Бразил во 70тите и Германија во 80тите. Медицинската професија започна да се вклопува во ваквите идеи во 90тите години од минатиот век, а конвенционалата фармација го препозна потенцијалот во продажбата на хомеопатските раствори.

Види[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Видеа[уреди]

Здруженија и регулаторните тела[уреди]

Шаблон:Homoeopathy Шаблон:Pseudoscience