Хоаким Родригез

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хоаким Родригез

Родригез на Џиро д’Италија 2011
Лични податоци
Цело име Хоаким Родригез Оливер
Прекар Ел Пурито
Роден 12 мај 1979 (1979-05-12) (34 г.)
Барселона, Шпанија[1]
Висина 1,69 м[2]
Маса 57 кг[2]
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Катјуша
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за класици и искачување
Професионални клубови
2001–2003
2004–2005
2006–2009
2010–
ONCE
Соние Дувал-Продир
Кејс д’Епарњ-Илес Балеарс
Тим Катјуша
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
1 индивидуална етапа (2010)
Џиро д’Италија
Бодовен пласман (2012)
2 индивидуални етапи (2012)
Вуелта а Еспања
Планински пласман (2005)
7 индивидуални етапи (2003, 2010, 2011, 2012, 2013)

Етапни трки

Сетмана Каталана (2004)
Волта а Каталуња (2010, 2014)
Вуелта а Бургос (2011)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2007)
Флеш Валон (2012)
Џиро ди Ломбардија (2012, 2013)

Друго

Светска турнеја UCI (2010, 2012, 2013)
Последна промена
18 април 2014

Хоаким Родригез Оливер (шпански: Joaquim Rodríguez Oliver; р. 12 мај 1979 во Барселона) — шпански професионален друмски велосипедист. Тој се натпреварува од 2001 и моментално вози за UCI World Tour екипата Тим Катјуша.[3] Негови познати резултати на Гранд Тур трките се десет етапни победи, второ место во генералниот пласман на Џиро д’Италија 2012 и трето место во генералниот пласман на Вуелта а Еспања во 2010 и 2012. Исто така, ги освоил светските серии на UCI во 2010 и 2012 и ги освоил класиците, како што се Флеш Валон и Џиро ди Ломбардија два пати и етапните трки Волта а Каталуња 2010 и Вуелта а Бургос 2011.

Личен живот и рана кариера[уреди]

Родригез бил роден во Барселона, син на аматерски возач во 1960-тите и подоцна живеел во Паретс дел Валес. Неколку години подоцна се преселил во Баскија да вози за Ибердрола, аматерска екипа поврзана со професионалната велосипедска екипа ONCE.[1][4]

Неговиот прекар во главната група е Purito, шпански за мала пура, име кое му било дадено во почетната сезона во кампот за тренирање во текот на неговата прва година како професионалец со ONCE. Кога некои од неговите совозачи го засилиле темпото на мало искачување, тој ги поминал правејќи им гест со раката дека пуши пура, навестувајќи им дека тој се искачува без многу напор. Гестот не бил поздравен од неговите колеги, кои го натерале да испуши вистинска пура подоцна на трката.[5][6][7]

Професионална кариера[уреди]

ONCE (2000–2003)[уреди]

Во 2001 станал професионалец со ONCE, откако возел за екипата на крајот на 2000 како практикант. Во 2001, во текот на неговата прва сезона како професионалец, тој ја освоил Ескалада а Монхуик, трка која се одржува во Барселона.[8] Во 2003 ја освоил шестата етапа на Париз-Ница,[9] додека исто така ги освојува екипните хронометри со ONCE на Волта а Каталуња и Вуелта а Еспања.

Соние Дувал-Продир (2004-2005)[уреди]

Во 2004 му се придружил на Соние Дувал-Продир и ја освоил Сетмана Каталана, етапна трка, која се одржува во Каталонија. Следната година ја освоил Субида а Уркиола и планинскиот пласман на Вуелта а Еспања, додека завршил втор на Класика де Сан Себастијан и Вуелта а Бургос.[10]

Кејс д’Епарњ (2006-2009)[уреди]

Откако се придружил на Кејс д’Епарњ-Илес Балеарс во 2006, ја освоил петтата етапа на Париз-Ница. Во 2007 станал шпански друмски првак и исто така ја освоил Класика Примавера и Пруеба Вилјафранка де Ордизија. Во 2008 ја освоил третата етапа на Тирено-Адријатико по искачување од 1,7 километри со наклон од над 20%, кое принудило многу велосипедисти да се откажат и да продолжат пешки и да ги носат своите велосипеди или движење во цик-цак, бидејќи искачувањето било престрмно за нормално возење и само малкумина успеале во тоа.[11] Завршил осми на Амстел Голд Рејс, Флеш Валон и Лиеж-Бастон-Лиеж. Подоцна во сезоната завршил шести на Вуелта а Еспања. Во 2009 ја повторил етапната победа до Монтелупоне на Тирено-Адријатико, додека завршил втор на Лиеж-Бастон-Лиеж. Втората половина на сезоната била обележана со победа на етапа на Вуелта а Бургос, седмо место во генералниот пласман на Вуелта а Еспања и бронзен медал на друмската трка на Светското првенство во Мендрисио.[12]

Катјуша (2010-)[уреди]

Во 2010 ѝ се придружил на руската екипа Тим Катјуша, која му обезбедила место на Тур де Франс и водечка улога во некои трки во текот на сезоната.[12] Во почетокот на сезоната ја освоил Волта а Каталуња, UCI ProTour трка, која се одржува околу Каталонија, а подоцна го освоил ГП Мигуел Индураин и етапа на Вуелта ал Паис Васко, каде на крај завршил трет. Исто така завршил втор зад Кедел Еванс на Флеш Валон. На Тур де Франс ја освоил етапата до Манд, која завршувала на врвот Côte de la Croix Neuve, со целта на пистата на аеродромот Манд.[13] Родригез завршил осми на Тур де Франс. Тој продолжил со силната форма во текот на сезоната со петто место на Класика де Сан Себастијан и четврто место во генералниот пласман на Вуелта а Еспања, победувајќи на етапата до Пења Кабарга.[14] Родригез се искачил на врвот во Светскиот ранкинг UCI на крајот на сезоната.[15]

2011[уреди]

Во 2011 освоил етапа на Вуелта ал Паис Васко и завршил втор зад Филип Жилбер на двете трки, Амстел Голд Рејс и Флеш Валон. Подоцна завршил петти на Џиро д‘Италија и ги освоил етапите до Алевард и Ла Тусиар на Критериум ду Дофине, каде ги освоил и бодовниот и планинскиот пласман и завршил петти во генералниот пласман. Го пропуштил Тур де Франс за да се сконцентрира на трките на крајот на сезоната, главно на Вуелта а Еспања, каде бил сметан за можен кандидат за победа на целата трка.[16] Ја започнал втората сезона од сезоната, завршувајќи четврти на Класика де Сан Себастијан и освојувајќи го генералниот пласман и етапа на Вуелта а Бургос. Ја започнал Вуелта со етапни победи во Валдепењас де Хаен и Сан Лорензо де ел Ескоријал, каде ја презел и водечката маичка, но набрзо ја загубил и така на крај завршил деветти.[17] Ја завршил сезоната со трето место на Џиро ди Ломбардија.

2012[уреди]

Родригез (десно) разговара со предводникот на трката Хуан Хосе Кобо во текот на Вуелта а Еспања 2011.

На 18 април 2012 го освоил Флеш Валон во Белгија со одлично искачување на Мур де Хуј. Родригез ја покажал добрата форма и на Џиро д’Италија, каде освоил две етапи и завршил втор во генералниот пласман зад Канаѓанецот Рајдер Хесједал. Особено добар се покажал со другите ривали на планините и ја чувал својата maglia rosa до последниот индивидуален хронометар, каде загубил 47 секунди од Хесједал, притоа губејќи го и водството од 16 секунди. Меѓутоа, ја освоил маичката за бодовниот пласман, со многу мало водство од еден бод (139 пред 138) во однос на Марк Кевендиш.[18]

На Вуелта а Еспања, Родригез скоро и да стигнал до победа на етапата 3, но Алехандро Валверде го поминал од неговата десна страна и му ја украл победата во фотофиниш и ја облекол црвената маичка.[19] На следната етапа се случил голем пад во кој бил вклучен и Валверде. Родригез го преземал водството во генералниот пласман, стигнувајќи на целта со група на врвот на искачувањето во Ордуња.[20] Ја освоил шестата етапа, која во поголем дел била рамна, но возачите морале да се соочат со искачување од трета категорија близу целта, која се наоѓала на врвот на последното искачување во Хака. На 500 метри до крајот, Крис Фрум отпочнал напад кој само Родригез можел да го следи, пред да го одмине возачот на Тим Скај и да дојде до победи и дванаесет секунди бонус.[21] Сценариото се повторило на етапата 12, каде Родригез избегал од водечката група со Алберто Контадор на последното искачување на дено, многу стрмното искачување Мирадор де Езаро. Двоецот се одвоил на делница која преминувала 20% наклон и Родригез набрзо забрзал и го поминал Контадор со што стигнал до втората етапна победа на Вуелта и осум секунди разлика пред Шпанецот.[22] На планинската етапа 14, Родригез го повторил истиот трик на последното искачување, каде Контадор нападнал на два километри пред крајот и многу веројатно ќе стигнел до победа. Родригез бил зад него, неговиот ривал повторно нападнал и Родригез го стигнал и го поминал за победа.[23] Ужасна пресвртница се случила на етапата 17, каде Контадор заминал во бегство и стигнал до победа сам, додека Родригез не можел да одговори и бил поместен на третото место во генералниот пласман.[24] И покрај неговите напади на претпоследната етапа на стрмното искачување на Бола дел Мондо, Родригез не можел да го подобро неговото трето место, иако добил одредено време во однос на Контадор.[25]

Родригез заминал во Италија да настапи на Џиро ди Ломбардија, каде имал можност да дојде до првото место во Светската турнеја држено од Бредли Вигинс. Успеал во тоа, победувајќи на трката во услови на пороен дожд и температури околу 10°C. Нападнал на последното искачување на трката „Вила Вергано“. Пристигнал на врвот на искачувањето сам и се спуштил до Леко, освојувајќи ја победата со разлика од 9 секунди.[26]

2013[уреди]

Родригез се искачува на Мон Венту на етапата 15 на Тур де Франс 2013. Тој е на левата страна на сликата во црвено-белиот дрес на Катјуша.

Во 2013, Родригез ја започнал неговата сезона со освојувањето на четвртата етапа на Трката околу Оман, каде завршил како четврти во генералниот пласман. Подоцна ја освоил петтата етапа на Тирено-Адријатико и завршил како 5. во генералниот пласман.[27] Пурито возел на Волта а Каталуња и Лиеж-Бастон-Лиеж, каде на обете трки завршил како втор зад Даниел Мартин. Подоцна, Родригез целел на добар резултат на Тур де Франс.

На Тур де Франс, Родригез имал слаб почеток и по првиот хронометар на етапата 11, Родригез бил 11. во генералниот пласман со над пет минути зад предводникот на трката. Родригез завршил како четврти на етапата 15 на Мон Венту, влегувајќи во првите десет во генералниот пласман. Подоцна завршил трет на планинскиот хронометар. На етапата 18 се искачил во првите пет откако завршил петти на Алп д’Ез, добивајќи минута во однос на предводникот на трката Крис Фрум. На етапата 20 до Анеси-Семноз завршил втор зад Наиро Кинтана. Меѓутоа, Родригез успеал да биде на подиумот на крајот, добивајќи минута во однос на Алберто Контадор и Роман Кројцигер.[28]

По Тур де Франс земал долга пауза и потоа се вратил како предводник на Катјуша на почетокот на Вуелта а Еспања 2013, трка на која на два пати се нашол на подиумот во минатото. Како еден од фаворитите на почетокот на трката, Родригез ја освоил деветнаесеттата етапа и завршил четврти во генералниот пласман, со повеќе од три минути зад победникот Крис Хорнер.[29] Потоа настапил на Светските првенства, каде останал без виножито-маичката, откако бил достигнат од крајниот победник Руј Кошта во последниот километар. Една недела подоцна, Родригез се одмаздил за овој пораз на Џиро ди Ломбардија, освојувајќи го италијанскиот класик втора година по ред со совршено испланиран напад на искачувањето Вила Вергано.[30]

2014[уреди]

Прва трка во сезоната на која настапил Родригез била Тур де Сан Луис, каде завршил на 71. место, без да има некој особен резултат. Потоа, каталонскиот возач настапил на Тур де Дубаи и Трката околу Оман, каде на крајот завршил четврти, зад Крис Фрум, Тиџеј ван Гардерен и Ригоберто Уран.[31] Прв пат во четири години, „Пурито“ го избегнал Тирено-Адријатико, одлучувајќи да се спрема за арденските класици. Потоа настапил на Волта а Каталуња, каде ја освоил третата етапа и генералниот пласман, втор пат во неговата кариера.[32]

Достигнувања[уреди]

2001
1. Ескалада а Монхуик
3. Субида а Уркиола
2003
1. Етапа 8 Вуелта а Еспања
1. Етапа 6 Париз-Ница
2004
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Сетмана Каталана де Сиклисме
2005
1. Jersey red.svg Планински пласман Вуелта а Еспања
1. Субида а Уркиола
2. Краен пласман Вуелта а Бургос
2. Класика де Сан Себастијан
2006
1. Етапа 5 Париз-Ница
2007
1. MaillotEspaña.PNG Национален друмски првак
1. Класика Примавера
1. ГП Вилјафранка де Ордизија
2008
1. Етапа 3 Тирено-Адријатико
6. Краен пласман Вуелта а Еспања
8. Амстел Голд Рејс
8. Флеш Валон
8. Лиеж-Бастон-Лиеж
2009
1. Етапа 4 Тирено-Адријатико
1. Етапа 2 Вуелта а Бургос
2. Лиеж-Бастон-Лиеж
3. Bronze medal blank.svg Светско друмско првенство UCI
7. Краен пласман Вуелта а Еспања
2010
1. Краен пласман Светски ранкинг UCI
1. Краен пласман Волта а Каталуња
1. ГП Мигуел Индуран
1. Етапа 5 Трка околу Баскија
2. Флеш Валон
3. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 14
5. Класика де Сан Себастијан
7. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 12
2011
1. Jersey violet.svg Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2
Вуелта а Еспања
1. Етапа 5
1. Етапа 8
1. Етапа 1 Трка околу Баскија
2. Амстел Голд Рејс
2. Флеш Валон
3. Џиро ди Ломбардија
4. Краен пласман Џиро д’Италија
5. Краен пласман Критериум ду Дофине
1. Етапа 6
1. Етапа 7
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман
2012
1. Краен пласман Светска турнеја UCI
1. Флеш Валон
1. Џиро ди Ломбардија
2. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Jersey red.svg Бодовен пласман
1. Етапа 10
1. Етапа 17
2. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 4
1. Етапа 5
3. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 6
1. Етапа 12
1. Етапа 14
6. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 6
8. Класика де Сан Себастијан
2013
1. Краен пласман Светска турнеја UCI
1. Џиро ди Ломбардија
2. Silver medal blank.svg Светско друмско првенство
2. Лиеж-Бастон-Лиеж
2. Краен пласман Волта а Каталуња
3. Краен пласман Тур де Франс
4. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 19
4. Краен пласман Трка околу Оман
1. Етапа 4
5. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 5
6. Флеш Валон
2014
1. MaillotVolta.png Краен пласман Волта а Каталуња
1. Етапа 3
4. Краен пласман Трка околу Оман

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро 80 80 17 СО 4 2
Jersey yellow.svg Тур 7 3
Jersey red.svg Вуелта 26 42 37 17 6 7 3 19 3 4

СО = се откажал

Светски првенства[уреди]

2008 2009 2010 2011 2012 2013
Светски друмски првенства UCI MaillotMundial.PNG 6 3 39 2

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Biografía (шпански). KEC Pro Sport SL. http://kecprosport.com/purito/index.php?option=com_content&view=article&id=414&Itemid=174. конс. 15 февруари 2012. 
  2. 2,0 2,1 „Профил на Хоаким Родригез“. 
  3. Cycling News (11 август 2009). „Родригез потпиша за Катјуша“. Cycling News. http://www.cyclingnews.com/news/rodriguez-signs-for-katusha. конс. 2 септември 2009. 
  4. Alain Laiseka (6 април 2011). „La llama del Purito (шпански). „deia.com“. http://www.deia.com/2011/04/06/deportes/ciclismo/la-llama-del-purito. конс. 15 февруари 2012. 
  5. „Родригез оди нагоре“. „letour.fr“. 18 април 2011. http://www.letour.fr/2011/FWH/COURSE/us/actus.html#zone167140. конс. 15 февруари 2012. 
  6. P.L (17 јули 2010). „Tour de France. "Purito" Rodriguez fume la pipe! (француски). „ladepeche.fr“. http://www.ladepeche.fr/article/2010/07/17/874971-tour-de-france-purito-rodriguez-fume-la-pipe.html. конс. 15 февруари 2012. 
  7. P.L (15 јануари 2009). „Hola, soy Purito (шпански). „Ciclismo en Ruta“. KEC Pro Sport SL. http://kecprosport.com/purito/index.php?option=com_content&view=article&id=387:hola-soy-purito-&catid=63:cer-2009&Itemid=173. конс. 15 февруари 2012. 
  8. „38ма Ескалада а Монхуик - Родригез стигна на врвот на Барселона“. „Cycling News“. 21 октомври 2001. http://autobus.cyclingnews.com/results/2001/oct01/montjuich01.shtml. конс. 15 февруари 2012. 
  9. Tim Maloney (15 март 2003). „Родригез профитира, Вино го задржува водството на Париз-Ница“. „Cycling News“. http://autobus.cyclingnews.com/road/2003/mar03/parisnice03/?id=results/stage6. конс. 15 февруари 2012. 
  10. „Joaquim Rodríguez, del equipo Saunier Duval, Rey de la Montaña en la Vuelta (шпански). „Sonitron.net“. 20 септември 2005. http://www.sonitron.net/noticia/joaquim-rodriguez-del-equipo-saunier-duval-rey-la-montana-la-vuelta-/620. конс. 15 февруари 2012. 
  11. Браун, Грегор. „Joaquím Rodríguez howls on Montelupone“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 14 март 2008 (конс. 10 јули 2012).
  12. 12,0 12,1 „Хоаким Родригез подготвен за свеж почеток со Катјуша“. „velonation.com“. 2 јануари 2010. http://www.velonation.com/News/ID/2663/Joaquim-Rodriguez-ready-for-fresh-start-with-Katusha.aspx. конс. 15 февруари 2012. 
  13. Бен Аткинс (16 јули 2010). „Тур де Франс: Хоаким Родригез се искачи за победи во Манд додека Алберто Контадот беше офанзивен“. „Velo Nation“. http://www.velonation.com/News/ID/4917/Tour-de-France-Joaquin-Rodriguez-climbs-to-victory-in-Mende-as-Alberto-Contador-goes-on-the-offensive.aspx. конс. 7 април 2012. 
  14. „"Purito" Rodríguez ya conocía las mieles del liderato (шпански). „EFE“. elcorreo.com. 7 септември 2010. http://www.elcorreo.com/agencias/20100907/deportes/mas-deportes/purito-rodriguez-conocia-mieles-liderato_201009071948.html. конс. 7 април 2012. 
  15. Најџел Вин (18 октомври 2010). „Родригез го освоил Светски ранкинг 2010“. „Cycling Weekly“. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest/503574/rodriguez-tops-2010-world-ranking.html. конс. 7 април 2012. 
  16. „Класици, Џиро и Вуелта за Родригез во 2012“. „Cycling News“. 2 ноември 2011. http://www.cyclingnews.com/news/classics-giro-and-vuelta-for-rodriguez-in-2012. конс. 7 април 2012. 
  17. Ендрју Худ (27 август 2011). „Хоаким Родригез победи на етапа 8 и го презема водството на Вуелта а Еспања 2011“. „Velo News“. competitor.com. http://velonews.competitor.com/2011/08/news/joaquim-rodriguez-takes-stage-8-lead-in-2011-vuelta-a-espana_190064. конс. 7 април 2012. 
  18. Пит Косинс. „Рајдер Хесједал победи на Џиро д’Италиа“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 27 мај 2012 (конс. 23 август 2012).
  19. Даниел Бенсон. „Валверде победи во фото-финишот на Еибар“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 21 август 2012 (конс. 25 август 2012).
  20. Бен Аткинс (21 август 2012). „Вуелта а Еспања: Сајмон Кларк победил на етапата четири по бегство додека Валверде изгубил поради пад“. „Velo Nation“. Velo Nation LLC. http://www.velonation.com/News/ID/12688/Vuelta-a-Espana-Simon-Clarke-wins-in-stage-four-breakaway-as-Valverde-loses-to-a-crash.aspx. конс. 23 август 2012. 
  21. Хоаким Родригез го одбрани водството на Вуелта со победа на шестата етапа“, „Velo News“, 2012 Competitor Group, Inc., 23 август 2012 (конс. 25 август 2012).
  22. Shane Stokes. „Vuelta a España: Rodriguez scoops second stage win with powerful finishing surge“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 30 август 2012 (конс. 31 август 2012).
  23. Shane Stokes. „Vuelta: Devastating surge sees Rodriguez overhaul Contador for another stage win“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 1 септеври 2012 (конс. 2 септември 2012).
  24. Сузан Вестемајер. „Контадор сам до етапна победа и водство на Вуелта“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 5 септември 2012 (конс. 8 септември 2012).
  25. Menchov prevails on the Bola del Mundo“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 8 септември 2012 (конс. 8 септември 2012).
  26. Бен Аткинс. „Хоаким Родригез сам до победа во Ломбардија и до водство во Светската турнеја“, „CyclingNation“, CyclingNation LLC, 29 септември 2012 (конс. 1 октомври 2012).
  27. Саган победи на дивата шеста етапа на Тирено-Адријатико“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 11 март 2013 (конс. 22 октомври 2013).
  28. Ендру Худ. „After late-Tour surge, Joaquim Rodriguez casts one eye toward Vuelta“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 20 јули 2013 (конс. 22 октомври 2013).
  29. Сајмон Мекмајкл. „Vuelta Stage 19: Joaquin Rodriguez takes the stage - and Chris Horner snatches race lead“, „RoadCC“, Farrelly Atkinson Ltd, 13 септември 2013 (конс. 22 октомври 2013).
  30. Сајмон Мекмајкл. „Joaquim Rodriguez doubles up to win il Lombardia for second year running“, „RoadCC“, Farrelly Atkinson Ltd, 6 октомври 2013 (конс. 22 октомври 2013).
  31. http://www.cyclingnews.com/races/tour-of-oman-2014/stage-6/results
  32. Родригез го запечати вториот триумф на Волта а Каталуња“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 30 март 2014 (конс. 30 март 2014).

Надворешни врски[уреди]