Хнум

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Хнум

Хнум (Кнум, Кнему) бил еден од најраните божества кај Египќаните, бог на изворите на реката Нил, со глава на овен. Хнум значи „градител“, а заштитник е и на грнчарството.

Се смета дека Хнум на своето грнчарско тркало ги создал луѓето. Им ја дал душата или „ка“. Посебно внимателно ги создава фараоните. Хнум земал глина од годишните поплави на реката Нил, ги обликувал децата и им ги ставал во стомак на мајките. Здравјето на децата зависело од неговото расположени.

Хнум е маж на божицата-жаба Хекет и татко на Анукет, која е отелотворување на Нил.