Хитлерова младина

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Нацизам
Flag of Germany 1933.svg

Портал за политика   п  р  у 

Хитлерова младина (германски: Hitler-Jugend, скратено HJ) била паравоена организација на Нацистичката партија. Постоела од 1922 до 1945 година. Хитлеровата младина е втората најстара паравоена нацистичка група, основана една година по СА, организација создадена за истите цели, но за возрасни.

[уреди] Учење

Главното знаме на Хитлеровата младина

Хитлеровата младина била замислена да стане група на „ариевски суперлуѓе“ и била учена на антисемитизам. Првата цел била мотивирање на членовите да се борат верно за Третиот рајх. Повеќе се работело на нивна физичка и воена обука, отколку на образование.

Откако младешкото извидничко движење било забрането во германските територии, било заменето со членови на Хитлеровата младина, којашто била поинаква во однос на целите и начинот на работење. На пример, многу активности на Хитлеровата младина наликувале на воена обука, со обука за оружје, тактички напади и основна стратегија. Суровост на постарите членови кон помладите била дозволена до одреден степен, па дури и препорачана, бидејќи верувале дека со тоа ќе се отстранат послабите и ќе се зацврстат останатите.

Членовите на Хитлеровата младина носеле униформи многу слични со оние на СА, со слични чинови и значки.

[уреди] Видете уште

[уреди] Надворешни врски