Хипна (митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хипна
Ὕπνος
Hypnos - Museo Nacional del Prado. Inv.-Nr. 89-E.JPG
Сон
Живеалиште Пештера; подземниот свет
Симбол булка, афион
Сопружник Паситеа
Родители Никта
или Никта и Ереб
Браќа/сестри Немезида, Мом, Морос, Танат, Харон, Онеири, Хеспериди, Кери, Мојрите, Апата, Филота, Герас и Ерида
Деца Морфеј, Фобетор, Фантас
Римски пандан Сомнус

Хипна (Хипнос) (грчки: Ὕπνος „сон“) во старогрчката митологија е бог или персонификација на сонот. Во римската митологија е Сомнус.

Карактеристики[уреди]

Танат (смртта) и Хипна (сонот) го носат телото на Сарпедон, Хипна е со крилја на главата

Хипна е прикажуван како убаво голо момче со крилја на главата, а понекогаш со брада. Често е прикажуван како човек кој спие на кревет од пердуви опкружен со црни пердиња. Морфеј, пак, се грижи бучавата да не го разбуди.

Во Спарта неговиот лик е поставуван во близина на Танат.

Митологија[уреди]

Џон Вилијам Вотерхаус: Хипна (сонот) со брат му Танат (смртта)

Според Хесиод и неговата Теогонија, Хипна е син на Никта, брат близнак на Танат (смртта). Имено, кога титанот Крон го кастрирал својот татко Уран, и му ја презел власта, Никта многу се разлутила и од бес ги родила, по пат на партеногенеза близнаците Танат и Хипна и другите нивни браќа и сестри: Мом (вината, критиката), Морос (судбината, проклетството), Харон, Онеирите (сништата), Хесперидите (вечерите), Керите (насилнaта смрт), Мојрите (судбината), Немезида (одмаздата), Апата (измамата), Филота (дружењето, нежноста), Герас (староста) и Ерида (караницата, раздорот). Според други автори (Хигинс), татко на овие деца бил Ереб.

Палатата на Хипна била темна пештера во која Сонцето никогаш не сјајело. На влезот има афиони и други хипногени растенија.[1] Според некои варијанти на митовите, живеел во пештера под остров низ која течела реката Лета, реката на заборавот.

Негови деца или браќа се нештата што се јавуваат во сон (Онеирите), а во кралските соништа се јавуваат Морфеј, Фобетор и Фантас[2].

Ендимион[уреди]

Зевс го осудил Ендимион на вечен сон, но Хипна му дал моќ да спие со отворени очи за да може да ја гледа својата сакана Селена. Според поетот Ликимниј, Хипна се вљубил во младиот пастир Ендимион, па му го подарил вечниот сон за да може да се восхитува на неговата убавина.

Во медицината[уреди]

Во современата психоанализа се користи терминот хипноза (ментална состојба поттикната со хипнотичка индукција или сугестија)[3], збор што потекнува од името на овој бог; како и глаголот хипнотизира - наполно овладување со некого, потчинување некого на својата волја. Додека од латинскиот назив за овој бог, Сомнус, се употребува збор во негирана форма: инсомнија, со значење „состојба на несоница“[4].

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]