Хипатија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Портрет на Хипатија

Хипатија (Ипатија) Александриска (р. 350370; поч. 415) — антички филозоф, математичар и научник од Александрија. Таа се смета за првата жена со големи заслуги во физиката, математиката, филозофијата и астрономијата. Предавала во Александрија, схоларх во Александриската школа на неоплатонизмот.

Биографија[уреди]

Хипатија е родена во семејството на математичарот Теон Александриски, еден од најобразованите мажи во Александрија во тоа време и последен управник на Александриската библиотека пред нејзиното затворање од ортодоксниот христијански император Теодосиј I. Теон и овозможува на својата ќерка сестрано образование, при што ја запознава со сите тогаш познати науки. Околу 400-та година Хипатија е поканета да чита лекции во Александриската библиотека, каде ја воведува катедрата по филозофија. Ги предавала филосзфиите на Платон и Аристотел. Предавала математика и се занимавала со пресметување на астрономските табели. Напишала коментари за делата на Аполониј Пергски и Диофант Александриски (III век од н.е.). Повеќето нејзини трудови се уништени при опожарувањето на библиотеката. Хипатија е позната со своите трудови по математика и геометрија и најмногу со идеите за конусните пресеци, изложени од Аполониј Пергски. Во нејзиниот најпознат труд „За конусите на Аполониј“ се опишува разделувањето на конусите на различни делови низ рамнина. Оваа концепција ја доразвива идејата за хиперболите, параболите и елипсите.

За време на животот на Хипатија, Римското царство било во фаза на прифаќање на христијанството и Александрија бил град на спротиставени идеи. Хипатија учествувала во александриската градска политика. Имала блиски односи со префектот на градот Орест. Верувајќи дека стои зад лошите односи меѓу Орест и александрискиот епископ Кирил Александриски (подоцна канонизиран), таа е заловена и убиена од разбеснета толпа христијани, според христијанскиот историчар Сократ Схоластик, предводена од некој Петар.[1]

Александрискиот поет Паладиј пишувал за неа: „Сè во тебе, о, Хипатија, е небесно - и делата, и убавината, и зборовите, и чистата како ѕвезда мудра светлина“.

Наводи[уреди]