Хималајска кафеава мечка
| Хималајска кафеава мечка | |
|---|---|
| Заштитен статус | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Тип: | Хордати |
| Класа: | Цицачи |
| Ред: | Carnivora |
| Фамилија: | Ursidae |
| Род: | Ursus |
| Вид: | Ursus arctos |
| Триномен назив | |
| Ursus arctos isabellinus Horsfield |
|
Хималајската кафеава мечка (Ursus arctos isabellinus) е под-вид на кафеавата мечка (Ursus arctos), со црвеникава боја на крзно поради што е позната и под името Хималајска црвена мечка. Живеат во регионите на Хималаите и северен Пакистан, до Дачигам и Кашмир. Точниот број на индивидуи е непознат, но се проценува дека во националниот парк Деосаи има околу 20-28 единки[1]. Се претпоставува дека овој вид (слично како и Тибетската сина мечка) може да биде причина за легендата за Јети[2][3].
Кај овие мечки има полов диморфизам, односно мажјаците се поголеми од женките. Мажјаците достигнуваат должина од 1,5 до 2,2 метри, доека женките се со должина од 1,37 до 1,83 метри. Оваа мечка е најголемотo животно кое живее на просторот на националниот парк Деосаи.
Мечките зимата ја поминуваат хибернирајќи од октомври до април или мај. Хималајските кафеави мечки се омнивори и се храната со растенија, корења, плодови, но и инсекти и мали цицачи. Понекогаш можат да нападнат и да изедат овца или коза.
[уреди] Наводи
- ↑ Животни во Пакистан
- ↑ The Japan Times, 18 септември 2003.
- ↑ BBC News — Yeti's 'non-existence' hard to bear
[уреди] Надворешни врски
- (англиски) Мечки во Индија
- (англиски) Brown Bear Conservation Project of HWF