Хетски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


хетски јазик
𒉈𒅆𒇷 nešili
Изговор нешили
Застапен во Анадолија,
Подрачје Мала Азија
Изумрен 1100 п.н.е.
Јазично семејство
Писмо Хетска азбука
Јазични кодови
ISO 639-3

Хетски или нешли е исчезнат јазик, некогаш зборуван од хетите во нивната Хетска Империја што се наоѓала во централна Мала Азија денес областа Анадолија во Турција. Јазикот бил зборуван од околу 1800 година п.н.е. па се до 1100 година п.н.е. Тука мора да се напомене дека поврзани јазици со хетскиот јазик продолжиле да се зборуваат во Анадолија и северна Сирија за уште неколку стотина години се до 700 година п.н.е. Последните записи на јазикот датираат од времето на падот на Хетската Империја.

Хетскиот јазик е еден од најстарите индоевропски јазици. Според карактеристиките на јазикот во поглед на морфологијата и фонетиката некои лингвисти сметаат дека јазикот не треба да се смета за индоевропски туку како сестринска фамилија на индоевропските јазици. Но денес сѐ уште се продолжува со теоријата на индоевропските јазици од 19 век.