Херои (ТВ серија)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Херои
250px
Логото на серијата кое прикажува затемнување на сонцето.
Жанр Драма
Научна Фантастика
Серијал
Создадена од Тим Кринг
Развиена од Тим Кринг
Настапуваат Дејвид Андрес
Кристен Бел
Сантиаго Кабрера
Џек Колмен
Тајни Кајпрес
Дана Дејвис
Ноа- Греј- Габриел
Грег Груенберг
Али Лартер
Џејмс Кејсон Ли
Маси Ока
Хејден Пантери
Ејдриан Пасдар
Захараи Квинто
Шенди Рамутари
Дејна Рамирез
Леонард Робертс
Мајло Винтимиглиа
Композитор(и) Венди Мелвоин &
Лиза Колмен
Земја на потекло САД
Јазик Англиски
Број на сезони 3
Број на епизоди 59
Продукција
Изврш(ен/ни) продуцент(и) Тим Кринг
Денис Хамер
Алан Аркуш
Грег Бимен
Локаци(ја/и) Лос Анџелес
Времетраење Приближно 42 минути
Емитување
Канал на емитување NBC
Формат на слика NTSC (480i)
PAL (576i)
HDTV (1080i)
Аудио формат Dolby Digital
Период на прикажување Септембри 25, 2006
Официјална Веб-страница

Херои (англиски: Heroes) е американска научно-фантастична телевизиска серија создадена од Тим Кринг, која својата премиера ја имала на каналот NBC на 25 септември, 2006.[1] Серијата ја раскажува приказната за обични индивидуалци кои откриваат дека имаат надчовечки способности, и исто така истражува како тие луѓе се адаптираат на промените кои ги носат тие способности и нивните улоги во спречувањето на катастрофи за спасување на човештвото. Серијата применува естетски стил на раскажување сличен на американските стрипови, користејќи кратки, повеќеепизодни приказни кои градат поголемо, поврзано дело. Кринг и писателите имаат смислено идеја за приказната за првите шест сезони.[2]

Кај нас серијата зaпочна да се емитува при почетокот нa месeц октомври, 2008 нa Сител телевизија. Но по првата сезона, емитувањето престана.


Синопсис[уреди]

Поврзано: Листа на епизоди од Херои и Листа на графички романи од Херои

Целото дејствие во Херои е така дизајнирано да биде слично со она на стриповите. Што значи мали приказни за поединци градат една голема приказна која ги вклучува сите нивни животи. Најглавното дејство во Херои е откривањето на некои обични луѓе дека поседуваат натприродни моќи, како ова влијае на нивните животи и на животите на луѓето околу нив.

Прва сезона[уреди]

Првата сезона вклучува 23 епизоди, кои во САД се емитуваа секој понеделник во 21 часот, почнувајќи од 23 септември, 2006. Првава сезона содржи само еден дел, познат под името „Потекло“ (Genesis). Сезонава имаше два прекина. Првиот беше од 4 декември, 2006 до 22 јануари, 2007[3] и потоа уште еден прекин од 5 март до 23 април, 2007,[4] се до конечно завршување на првата сезона на 21 мај, 2007.[5] Кај нас првата сезона се емитуваше секој вторник и среда во 22:30 часот почнувајќи од 8 октомври, 2008[6] до 24 декември, 2008[7] без никакви прекини.

Прв дел: Потекло[уреди]

Првиот дел почнува како одредени луѓе од сите страни на светот откриваат дека поседуваат натприродни способности. Некои од нив не се сигурни што се случува и нивните способности влијаат на нивните приватни и професионални животи. Други пак веруваат дека имаат волшебни моќи и решаваат да го бараат нивното потекло. Мохиендер Суреш од Индија доаѓа во Њујорк да открие кој го убил татко му и да ги продолжи неговите истражувања за луѓе со натприродни способности, а во исто време мистериозниот Ноа Бенет истражува во станот на таткото на Мохиендер и ја претставува мистериозната организација „The Company“. Додека сите овие луѓе се справуваат на свој начин со овие способности, секој од нив сакајќи или не сакајќи се соочуваат со заговорите на мистериозната компанија да ги контролира луѓето со натприродни способности и со мистериозната експлозија која се наканува дека ќе го уништи Њујорк.

Бидејќи во овој дел дејството највеќе се врти околу љубопитноста на луѓето да го откријат потеклото и причината за овие моќи овој дел е крстен Потекло. Името Прв дел: Потекло доаѓа од англиското Volume One: Genesis. Genesis се преведува како Потекло.

Втора сезона[уреди]

Втората сезона вклучува 11 од планирани 24 епизоди кои во САД се емитуваа секој понеделник во 21 часот почнувајќи од 24 септември, 2007. Само 11 од 24 епизоди биле прикажани поради штрајкот на сценаристите.[8] Оваа сезона го содржи вториот дел од серијата, насловен „Генерации“ (Generations).[9] Втората сезона без никакви прекини заврши на 3 декември, 2007.[10] Втората сезона требала да содржи три дела, но поради штрајкот оваа сезона била редизајнирана да го содржи само делот „Генерации“.[11] Вториот дел од сезоната (третиот од серијата) требал да се вика „Егзодус“ (Exodus),[12] а третиот (четвртиот во серијата) требал да се вика „Злосторници“, но поради штрајкот третиот дел бил наречен „Злосторници“ и бил преместен во третата сезона.[13] Работите што требале да се случуваат во делот „Егзодус“ биле избришани од целото сценарио како и самиот дел. Некои сцени пак од епизодата „Powerless“ биле преобработени бидејќи тие всушност го најавувале почетокот на делот „Егзодус“.[14][15] Кај нас втората сезона се очекува некаде од јануари/февруари 2009 година.

Втор дел: Генерации[уреди]

Вториот дел почнува четри месеци по случувањата на Кирби Плаза. Главното дејство на „Генерации“ се работи за истражувањата на компанијата за мистериозниот „Шанти Вирус“. Ова истражување е иницијатива на основачите на компанијата, чии индетитети се конечно откриени. „Хероите“ повторно се сооединуваат за да го спречат понатамошното проширување на вирусот и можното предизвикување на пандемија. Во овој дел се запознаваме и со многу други ликови, но и се збогуваме со голем дел од нив. Покрај основачите на компанијата се запознаваме и со моменталниот директор на компанијата Боб Бишоп како и со неговата нестрашлива, атрактивна но премистериозна ќерка Ели Бишоп. Се запознаваме и со голем дел на семејството на Д.Л. како и со семејството на Мет. Покрај сите нови ликови најзначителни се ликовите Маја Херера и нејзиниот брат Алеандро Херера кои се одговорни за проширувањето на вирусот. Доста ликови од минатата сезона од споредни ликови го земаат статусот на главни ликови.

Во овој дел дејството се врти околу откритието дека моќите всушност се пренесуваат од генерација на генерација, што ги доведува ликовите да почнат да истражуваат повеќе за нивното минато и родители како и самото потекло на нивното поколение. Поради ова овој дел е крстен Генерации. Името Втор дел: Генерации доаѓа од англиското Volume Two: Generations. Generations се преведува како Генерации.

Трета сезона[уреди]

Трет дел: Злосторници[уреди]

Четврт дел: Бегалци[уреди]

Актерска екипа и ликови[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Листа на ликови од Херои.

Всушност, Кринг ја дизајнирал серијата така што секоја сезона или дел да се работи за различни ликови што ќе му дало шанса да прави многу приказни без да ги расипува досегашните приказни. Како и да е, неговата замисла целосно се променила кога сфатил колку популарност привлекле првичните ликовите. Затоа во втората сезона го вратил поголемиот дел од ликовите од првата сезона и додал некои нови.[16] Во првата сезона, серијата преставува 12 главни улоги правејќи ја серијата трета по ред со најголем број на улоги во САД веднаш зад серијата Очајни домаќинки која пак е под серијата Изгубени. Иако страната за актери од првата сезона на NBC прикажувала само 10 главни ликови,[17] Леонард Робертс (Д.Л. Хокинс), кој првпат се појавува во петтата епизода, беше додатен член на тогашната актерска екипа.[18] Во единаесетата епизода пак, Џек Колмен (Ноа Бенет) беше промовиран од спореден лик во главен лик.[19]

Првата сезона како што е горе спомената ја сочинуваа дванаесет главни ликови. Хејден Пантери ја толкуваше улогата на средношколската навивачка Клер Бенет која има способност да се регенерира. Џек Колмен го игра нејзиниот татко Ноа Бенет, таен агент на „The Company“. Сантијаго Кабрера го играше проблематичниот зависник Ајзак Мендез кој можеше да ја црта иднината. Тајни Кајпрес ја толкуваше Симон Дево, уметнички трговец и класична девојка која е поставено помеѓу двајца мажи. Грег Грунберг го играше полицаецот Мет Паркмен кој може да ги чита мислите на луѓето. Али Лартер ја играше Ники Сандрес, збунета мајка со двојна личност и супер сила. Леонард Робертс го играше нејзиниот сопруг Д.Л. Хокинс, бивши затвореник кој може да поминува низ се. Ноа Греј - Габриел го играше нивниот син Мајка Сандрес, кој може да комуницира и контролира секаква дигитална направа. Маси Ока го играше авантуристот Хиро Накамура која патува низ времето. Ејдријан Пасдар го играше Нејтан Питрели, бескруполозен политичар со кандидатура за претсетадел кој може да лета. Шенди Рамутари го играше генетичарот Мохиендер Суреш и Мајло Винтимиглиа чувствителниот но и најмоќниот херој Питер Питрели.

За време на првите две сезони некои ликови беа исфрлени од серијата за да има место за нови ликови со нови приказни. Симон беше првиот главен лик кој беше исфрлен, умирајќи при крајот на првата сезона. Д.Л. станува гостин по случувањата во првата сезона со само две мали појавувања во втората сезона. Ајзак Мендез исто така беше исфрлен од серијата, умирајќи од страна на Сајлар. Нови ликови кои беа додадени во втората сезона се Маја Херера, бегалка со моќ да шири смртоносен вирус толкувана од Дејна Рамирез. Адам Монро, 400 години стар англичанец кој е во млада форма и живее во минатото благодарејќи на неговата моќ на регенерирање игран од Дејвид Андрес. Моника Досон, келнерка со способност да ги впива сите вештини што ќе ги види толкувана од Дејна Дејвис и Ели Бишоп атрактивна и мистериозна девојка со електрична моќ толкувана од Кристен Бел. Два споредни лика од првата сезона, Сајлар, толкуван од Захараи Квинто и Андо Масахаши, толкувана од Џејмс Кисон Ли, беа промовирани во главни ликови.

Во третата сезона, уште еден спореден лик Анџела Питрели толкувана од Кристина Роус беше унапредена во главна улога.[20] Ели, Адам и Мајка беа отфрлени од главните улоги. Моника Досон исто така беше на некој начин отфрлена. Ликот на Ники исто така беше отфрлен но глумицата Али Лартер осанува со нов лик наречен Трејси Старјус.[21]

Наводи[уреди]

  1. „Company credits for Heroes. Internet Movie Database. http://www.imdb.com/title/tt0813715/companycredits. конс. 26 декември 2007. 
  2. Kring, Tim (2006-09-24). „How many seasons/scripts are plotted out?“. NBC Universal Heroes Live Blog. http://blogs.nbcuni.com/heroes/2006/09/how_many_seasonsscripts_are_pl.php. конс. 31 октомври 2006. 
  3. Kaplan, Don (22 јануари 2007). „New 'Heroes' Guy Revealed!“. New York Post. http://www.nypost.com/seven/01222007/tv/new_heroes_guy_revealed__tv_don_kaplan.htm. конс. 16 април 2008. 
  4. Buckman, Adam (5 март 2007). „'Heroes' Spring Break“. New York Post. http://www.nypost.com/seven/03052007/tv/heroes_spring_break_tv_adam_buckman.htm. конс. 16 април 2008. 
  5. „Heroes: How to Stop an Exploding Man - TV.com“. TV.com. http://www.tv.com/heroes/how-to-stop-an-exploding-man/episode/1008067/summary.html. конс. 19 април 2008. 
  6. http://sitel.com.mk/default-mk.asp?ItemID=EDF16D6B46CD29428779D0F24E6BCE6E
  7. http://sitel.com.mk/default-mk.asp?ItemID=312D77E9DD92EE4081565B751B830D83
  8. „Heroes: (Volume Two: "Generations") Four Months Later... - TV.com“. TV.com. http://www.tv.com/heroes/volume-two-generations-four-months-later.../episode/1123663/summary.html?tag=ep_list;ep_title;0. конс. 19 април 2008. 
  9. Logan, Michael (4 декември 2007). „Exclusive: Tim Kring Explains Heroes' "Generations" Finale“. TV Guide. http://www.tvguide.com/news/heroes-generations-finale/071204-01. конс. 18 април 2008. 
  10. „Heroes: Powerless - TV.com“. TV.com. http://www.tv.com/heroes/powerless/episode/1149777/summary.html?tag=ep_list;ep_title;10. конс. 19 април 2008. 
  11. Goldman, Eric (2007-12-14). „Heroes Creator Tim Kring Talks“. IGN. http://tv.ign.com/articles/841/841573p1.html. конс. 28 декември 2007. 
  12. Carter, Bill (21 јули 2008). „‘Heroes’ Is Ready for Its Rebound“. The New York Times. http://www.nytimes.com/2008/07/21/arts/television/21hero.html?pagewanted=1&_r=1. конс. 17 септември 2008. 
  13. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име NBC-20080113.
  14. Phegley, Kiel (20 декември 2007). „Tim Kring on 'Heroes' Vol. 3“. Wizard Universe. http://www.wizarduniverse.com/magazine/wizard/006800410.cfm. конс. 3 февруари 2008. 
  15. Goldman, Eric (14 декември 2007). „Heroes Creator Tim Kring Talks“. IGN. http://tv.ign.com/articles/841/841573p1.html. конс. 2 март 2008. 
  16. „www.eonline.com/gossip/kristin/detail/index.jsp?uuid=eaa80101-98f1-4d9c-8b36-5d22db15296c“. http://www.eonline.com/gossip/kristin/detail/index.jsp?uuid=eaa80101-98f1-4d9c-8b36-5d22db15296c. 
  17. Heroes cast page“. NBC. http://www.nbc.com/Heroes/cast/. конс. 18 мај 2007. 
  18. Leonard Roberts
  19. Schneider, Michael (2006-10-23). „'Heroes' zeros in on its bad guy“. Variety. http://www.variety.com/article/VR1117952487.html?categoryid=14&cs=1. конс. 27 октомври 2006. 
  20. http://nbcumv.com/entertainment/storylines.nbc/heroes.html
  21. http://blogs.nypost.com/popwrap/archives/2008/08/dana_davis_prom.html