Херкулес Сегерс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Град со четири кули, ~ 1631. Синсинати. Клише и сува игла. Необична гравура: печатена со зелено на обоен памук, па доработено си сиви и црни наноси

Херкулес Питерсцон Сегерс (хол. Hercules Pieterszoon Seghers или Segers; ~ 1589 – ~ 1638) — холандски сликар и гравер од Холандското златно доба. Бил „највдахновениот, експериментален и оригинален пејзажист“ во својот период и уште поиновативен гравер.

Живот[уреди | уреди извор]

Замислен пејзаж. Хаг. Уништено во пожар во 2007

Сегерс е роден во Харлем како син на текстилен трговец - менонит, родум од Фландрија, кој се преселил во Амстердам во 1596. Таму Херкулес чиракувал кај водечкиот холандски пејзажист во тоа време, Гилис ван Конингсло, но ова се прекратило со неговата смрт во 1606. Сегерс и татко му купиле доста негови дела на наддавањето за предметите во неговото студио, а ова го направил и Питер Ластман. Татко му на Сегерс умрел во 1612, по што Сегерс се вратил во Харлем, па се приклучил кон уметничкиот еснаф. Се вратил во Амстердам во 1614 за да добие старателство над неговата вонбрачна ќерка, а следата година се оженил за Анека ван дер Бруген од Антверпен, која била шеснаесет години постара од него. Во 1620 купил голема куќа во Јордан (Амстердам) на Линденграхт за некои 4.000 гулдени, но до доцните 1620-ти западнал во долг, па во 1631 морал да ја продаде. ОД неговото студио на најгорниот спрат, кој бил срушен во 1912, имал поглед на неодамна завршената црква Нордеркерк која е на една од неговите гравури. Истата година се преселил во Утрехт и почнал да продава уметнички дела. Во 1633 се преселил во Хаг. Во 1638 веќе бил умрен, кога Корнелија де Вите се споменува како вдовица на „Херкулес Питерц.“ Како и најголемиот дел од подробната документација за животот на Сегерс, оваа врска зависи од претпоставената реткост на неговото родено име. Некои подоцнежни извори велат дека Сегерс се пропил кон крајот на животот, па умрел од пад по скали.

Неговото име и дело посмртно го провеличил Самуел ван Хогштратен во неговото дело „Вовед во високата сликарска школа“ (Inleyding tot de hooge schoole der schilderkonst) во кое е претставен како романтистички гениј аван ла летр, осамен, сиромав и несфатен, став заснован главно на неговите гравури.

Гравури[уреди | уреди извор]

Пејзаж со елка. Гравура на обоена хартија, Рејксмузеум

Сегерс енајпознат по неговите високоиновативни гравури, главно пејзажи, кои се печатени на обоена хартија или ткаенина, и со мастило во моја, рачно боени и рачно дотерувани во разни големини. Користел и сува игла и облик на акватинта како и други ефекти, како ставање на грубо парче текстил низ пресата со гравурата, за исшаран ефект.

Денес зачувани се само 183 отпечатоци од 54-те плочи, и највеќето се по музеи; Најдобрата збирка е во гравирницата во Рејксмузеумот. Рембрант собирал слики (имал осум) и графики од Сегерс, и набавил една од оригиналните плочи, Тобија и ангелот (HB 1), која ја преработил во своето дело Бегство во Египет (B 56), во главно задржувајќи го пејзажот. Рембрант ја преработил и Сегерсовата слика Планински пејзаж, денес во Уфици, а во неговиот стил на пејзажирање може да се видат ивесни влијанија од Сегерс.

Иако датирањето на графиките е збунувачко, се мислио дека делото Град со четири кули (HB 29) спаѓа во подоцнежните, по споредба со сликите, дека датира од 1631. Земајќи го предвид малиот број на зачувани отпечатоци, се смета дека тие не му биле главен извор на приходи. Графиката Куп книги е необична бидејќи е мртва природа како предмет за гравура.

Ја измислил акватинта техниката на клиширање на подигната основа, која била повторно откриена во Англија по еден век од Александар Козенс.

Слики[уреди | уреди извор]

Пејзаж

За неговите современици бил веројатно најпознат по неговите пејзажи и мртва природа; неговите слики исто така се ретки - со замо петанесет зачувани (една уништена во пожар во октомври 2007. Штадхаудерот Фредерик Хендрик купил негови пејзажи во 1632. Многу од неговите насликани пејзажи се фантастични планински композиции, додека пак кај гравурите екстреми наоѓаме во техничкиот приод, а не во субјектот. Неговите насликани пејзажи се широки и оризонтални, со нагласок на земјата наместо на небото; на два од нив, во Берлинската ликовна галерија подоцна во истиот век им биле додадени ленти со небо за прилагодување кон променетиот вкус. Освен од Конингсло, Дегерс влечел од фламанската пејзажна тррадиција, особно од Јос де Момпер and Рулант Савереј, но исто така и од „фантастичните и визионерски аспекти на маниристичкото пејзажно сликарство“. Според попис од 1680 на Јан ван дер Капел, кој поседувал пет слики до Сегерс, една од нив е наведена како поглед на Брисел, што значи дека, доколку ова е точно, Сегерс патувал, веројатно како младич, кога во неговиот стилс е гледаат највеќе фламански влијанија (дотолку колку што е јасна хронологијата на делото).

Извори[уреди | уреди извор]

  • George S. Keyes in: K.L. Spangenberg (едиц.), Six Centuries of Master Prints, Cincinnati Art Museum, 1993, бр.75 & 76, ISBN 0-931537-15-0

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]