Херингсдорф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Херингсдорф
Бањска архитектура (Bäderarchitektur) во Херингсдорф
Бањска архитектура (Bäderarchitektur) во Херингсдорф
Грб на Херингсдорф
Херингсдорф се наоѓа во Германија
Херингсдорф
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Западна Померанија-Грајфсвалд
Локални единици 4
Градоначалник Клаус Котвитенборг
Основни податоци
Површина 37,45 км2
Надм. височина 5 м
Население 8.968 (31 декември 2012)[1]
 - Густина 239 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OVP
Пошт. бр. 17419, 17424, 17429
Повик. бр. 038378
Портал http://gemeinde-ostseebad-heringsdorf.de/
Местоположбата на Херингсдорф во рамките на округот Западна Померанија-Грајфсвалд
Карта
Координати 53°58′00″ СГШ 14°10′00″ ИГД / 

Херингсдорф (германски: Heringsdorf) — општина и омилено морско одморалиште на островот Узедом, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Исто така е познат под името Царска бања (германски: Kaiserbad).

Општината била создадена во јануари 2005 од поранешните општини Херингсдорф, Албек и Банзин. До јануари 2006, општината била наречена Драјкајзербедер (Dreikaiserbäder), со буквално значења Три царски бањи, поради неколкуте посети на германскиот цар Вилхелм II до 1918.

Поради истата причина, убавата песочна плажа која се протега 12 километри од Банзин преку Херингсдорф до Албек и Свинеминде (денес во Полска), е исто наречена „Царска плажа“ (Kaiserstrand). Непрекинатата плажа на Балтичкото Море на островот Узедом има вкупна должина од 40 километри и со просечна широчина од 40 метри, ја прави една од најдолгите песочни плажи во Европа.[2]

Туризмот е главна економска дејност во рамките на општината, со растечки број на хотели и бунгалови секоја година.

Преглед[уреди]

Херингсдорф се наоѓа на балтичкиот брег на островот Узедом, околу 10 километри северозападно од Свиноујшќе.

Херингсдорф е едно од најомилените морски одморалишта на германскиот балтички брег од неговото основање. Се состои од три дела: Алберк на полската граница, Херингсдорф (средишниот дел) и Банзин во западниот дел. Овие три „царски бањи“ (Kaiserbäder) биле омилени бањи на германските цареви и се исто така наречени када на Берлин. Тие поседувани чисти плажи и бројни сликовити куќи и пансиони во бањска архитектура (Bäderarchitektur).

Галерија[уреди]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]