Хералдички крал Кларансо

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грбот на Хералдичкиот крал Кларансо
Моменталниот Хералдички крал Кларансо, Хјуберт Чешир, во поворка по повод годишната служба на Редот на Подвеската

Хералдички крал Кларансо (англ. Clarenceux King of Arms) е хералдички службеник во Колегијатот на грбови во Лондон. Кларансо го има повисок чин од двајцата регионални хералдички кралеви, и под негова јурисдикција е делот од Англија јужно од реката Трент. Речиси е сигурно дека оваа функција постоела во 1420, а мошне е веројатно дека постоела и во 1334, под називот Claroncell rex heraldus armorum. Звањето „Кларансо“ (Clarenceux) дека потекнува или од владенијата на Клерските ерлови од Глостер, или пак од војводството Кларенс (1362). Од доцниот XV век наваму, со само мали варијации, грбот на хералдичкиот крал Кларансо се блазонира како: (Argent a Cross on a Chief Gules a Lion passant guardant crowned with an open Crown Or).

Моменталниот Хералдички крал Кларансо е м-р Хјуберт Чешир, КВО, (Кембриџ), ЧДА.

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  • The College of Arms, Queen Victoria Street : being the sixteenth and final monograph of the London Survey Committee, Walter H. Godfrey, assisted by Sir Anthony Wagner, with a complete list of the officers of arms, prepared by H. Stanford London, (London, 1963)
  • A History of the College of Arms &c, Rev. Mark Noble, (London, 1804)

Надворешни врски[уреди]