Хенри Брендон (Втор војвода од Суфолк)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хенри Брендон

Хенри Брендон (18 септември 1535 - 14 јули 1551) бил англиски благородник, син на првиот војвода од Суфолк, Чарлс Брендон и неговата четврта сопруга Катерина Вилогби.

Неговиот татко претходно бил во брак со Марија Тјудор, сестра на англискиот крал Хенри VIII. По нејзината смрт, тој се оженил за Катерина Вилогби.

Во 1541, Хенри Брендон и неговиот помлад брат Чарлс биле насликани од страна на Ханс Холбајн Помладиот.

Хенри Брендон го наследил својот татко како Втор војвода од Суфолк на 22 август 1545 година. Тоју и неговиот брат се школувале во Универзитетот Свети Јован во Кембриџ. Во тоа време земјата била зафатена од страна на голема епидемија од која починале и двајцата синови на Чарлс во рок од само неколку часови.