Хенрик Сјенкјевич

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Хенрик Сјенкјевич
Henryk Sienkiewicz.PNG
Занимање романсиер
Националност Полјак
Период 19 - 20 век
Награди Нобелова награда за литература во 1905

Хенрик Адам Александар Пиус Сјенкјевич (полски: Henryk Sienkiewicz) (5 мај 184615 ноември 1916) бил полски новинар и романописец, добитник на Нобеловата награда за литература во 1905 година. Бил еден од најпопуларните полски писатели на преминот од 19 кон 20 век. Негово најпознато дело е романот „Кво вадис“ (Quo Vadis) од 1895 година, во кој се опишува ширењето на христијанството во Рим, како и палењето на Рим од страна на Нерон, за што ги обвинил христијаните.

Творештво[уреди]

Првите повести и раскази на Сјенкевич ги одразувале идеите на позитивизмот опишуваат со песимизам горчина на неправедноста на светот и мизеријата, и тоа најмногу во „Хуморески“ (1872), „Скици со јаглен“ (1880), „Јанко музичарот“ (1880), „За леб“ (1880).Големиот белетристички талентСјенкевич ги покажал во неговите историски романи. Во трилогијата „Со оган и меч“ (1884) - „Потоп“ (1886) - „Пан Володјовски“ (1887-88) ја воскреснал историјата на Полска од 17 век и победоносните битки против Козаците, Швеѓаните и Турците. Романот „Крстоносците“ (1900) ја третира борбата на полскиот народ против германските завојуваачи и победата на Словените над Тевтонскиот ред кај Кринвалд и Таненберг (1410). Исполнети со патриот, историските романи му се најдобро постигнување во полската литература. Вештината на раскажувач, што создава драматиски дејства, блескави сцени, богато опишување на ликовите и совршенството на јазикот и стилот, му донесле светска популарност.[1]

Наводи[уреди]

  1. Превод на литературни дела на автори добитници на Нобелова награда, НИД„Микена“, Битола, ,2009