Хенли на Темза
| Хенли на Темза | |
| Henley-on-Thames | |
|
|
|
| Население | 10.646 (2001)[1] |
|---|---|
| Мреж. реф. | |
| - Лондон | 58,6 km |
| Округ | Јужен Оксфордшир |
| Ширска грофовија | Оксфордшир |
| Регион | |
| Земја | Англија |
| Суверена држава | Обединето Кралство |
| Пошт. град | Henley-on-Thames |
| Поштенска област | RG9 |
| Повикувачки број | 01491 |
| Полиција | |
| Пожарна | |
| Итна помош | |
| ЕУ парламент | |
| Брит. парламент | Хенли |
| Веб-страница | Градски совет на Хенли на Темза |
| Список на места: ОК • Англија • | |
Хенли на Темза (англ. Henley-on-Thames) е град на северниот брег на реката Темза во јужен Оксфордшир, Англија, околу 16 km низводно и североисточно од Ридинг, 16 km спротиводно и западно од Мејденхед. Се наоѓа билзу аголот помеѓу грофовиите Оксфордшир, Беркшир и Бакингемшир.
Содржина |
Историја [уреди]
Хенли го среќаваме во Книгата на Судниот ден во 1086 како Хенлеј. Бил во поседство на Чертсиската опатија. Средствата биле: 5½ кожи. 1 црква, 6 плуга, 4 акри ливади, корија вредна 50 крмака. Проценето на тогашни £5.[2]
Хенли на Темза ѝ должи многу на својата местоположба и пристаниште кое го снабдувало Лондон со дрвена граѓа и житни култури.
Градби [уреди]
Хенлиски мост е мост со пет свода преку реката изграден во 1786. Црквата Св. Мери се наоѓа недалеку од тука и има кула изградена во XVI век.
Во околината на Хенли се наоѓаат неколку значајни приватни градби:
- Фолиски Двор - градба од тули конструирана од архитектот Кристофер Рен.
- Гринлендс со својот денешен изглед благодарение на В. Х. Смит и денес во него се наоѓа Хенлискиот менаџментски колеџ
Денес [уреди]
Хенли е место добро поврзано со Лондон за оние кои не живеат во градот. Градот има своја железничка станица, со директни линии до Лондон Падингтон во најпрометните часови. Вон тие часови до таму се стигнува со менување на возот на Твифорд. покрај ова има и ескпресни магистрални линии од блиското место Ридинг до Падингтон и Хај Викам со пристап до Лондон Мерилебон. Со малку возење по автопатот M40 може да се стигне директно во градот или на Хилингдон за Лондонското метро.
Градот има музеј основан во 1998, наречен Речен и веслачки музеј, кој е во Мил Медоус и е контруиран од архитектот Дејвид Чиперфилд. Музејот ги покрива тематиките Темза, веслањето како спорт и самиот град. Бил официјално отворен од кралицата Елизабета II.
Веслачка регата [уреди]
Хенли е светски познат центар на спортското веслање, каде секое лето се одржува т.н. Хенлиска кралска регата, важен друштвен настан за луѓето од средните и високите класи. Се одржува на место каде реката е природно права. Настанот станал кралски во 1851. таа година принцот Алберт станал покровител (патрон) на регатата. Интересно место е т.н. Храмски Остров, кој е мал остров на реката на кој е изграден архитектонски каприц.
На истото место се одржуваат и повеќе други регати и трки во веслање.
Локалните вслачки клубови се:
- Горнотемски веслачки клуб
- Хенлиски веслачки клуб
- Леандерски веслачки клуб (дом на олимписки и светски шампиони)
- Веслачки клуб Филис Корт
Збратимени градови [уреди]
Фалез, Франција, од 1973
Лајхлинген, Германија, од 1979
Наводи [уреди]
- ↑ „Површина: Хенли на Темза (околија): Број на жители во околијата“. „Neighbourhood Statistics“. Служба за државна статистика. http://neighbourhood.statistics.gov.uk/dissemination/LeadTableView.do?a=7&b=798656&c=Henley&d=16&e=15&g=480948&i=1001x1003x1004&o=1&m=0&r=1&s=1269210777343&enc=1&dsFamilyId=779. проверено на 21 март 2010.
- ↑ Сурејска Книга на судниот ден (англиски)
Надворешни врски [уреди]
- Хенли (англиски)
- Градски совет на Хенли на Темза - историја (англиски)
- Организација на Хенли на Темза (англиски)
- Месечен водич низ случките во Хенли (англиски)
- Официјален туристички веб-сајт (англиски)
- Хенли Стандард, локален весник (англиски)
- Речен и веслачки музеј (англиски)
- Хенлиска кралска регата (англиски)
- Хенлиски младински фестивал, март секоја година (англиски)

