Хендрик Аверкамп
Хендрик Аверкамп (хол. Hendrick Avercamp, 27 јануари 1585 - 15 мај 1634)[1] е сликар од „Златното доба“ на холандската уметност.
Роден е во Амстердам и учел сликарство кај данскиот доселеник Питер Исакс (1569–1625), а веројатно и кај Давид Винкбонс. Во 1608 се преселил во Кампен (покраина Оверејсел). Бидејќи бил нем, станал познат и како „немецот од Кампен" (de Stomme van Kampen).
Аверкамп еден од првите пејзажисти на холандската школа од XVII век. Во своето творештво ја претставува Холандија зиме. Неговите слики се весели и шаренолики, внимателно изработени пејзажи со луѓе. На многу од луѓето се прикажани како лизгаат по замрзнати езера.
Делата уживале голема популарност, а цртежите обоени со акварел ги продавал како готови слики, кои потоа купувачите ги ставале во албуми. Кралската збирка во Лондон има извонреден репертоар на неговите дела.
Починал во Кампен и е погребан во локалната црква Свети Никола.
Белешки [уреди]
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Хендрик Аверкамп“ |
- Хенрдик Аверкамп - WebMuseum (англиски)
- Хенрдик Аверкамп - Museum Syndicate (англиски)