Хемороиди

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Хемороидите)
Прејди на: содржини, барај
Хемороиди (Hemorrhoids)
Класификација и надворешни извори
Internal and external hemorrhoids.png
Изглед на хемороиди (внатрешни и надворешни)
МКБ-10 I84
МКБ-9 455
DiseasesDB 10036
MedlinePlus 000292
eMedicine med/2821 emerg/242
MeSH D006484

Хемороиди или мајасил — едно од најчестите заболувања кај луѓето и имаат тенденција да рецидивираат. Тие се проширени и воспалени крвни садови во и околу анусот и долниот дел на ректумот. Се претпоставува дека повеќе од половина од популацијата ќе се соочи со овој непријатен проблем до својата 50-та година од животот. Се манифестираат и кај машките и кај женските лица подеднакво. Појавата е позачестена над 50-годишна возраст, бидејќи сврзното ткиво на крвните садови во ректумот и аналниот отвор со текот на годините старее и ја губи својата еластичност. Хемороидите се честа појава во текот на бременоста, но тоа не се поврзува со губење на еластицитетот на крвните садови.

Непријатното чувство во пределот на анусот кое вклучува болка, силно пецкање, чешање и крварење го сигнализира присуството на хемороиди, кои никако не смеат да се игнорираат.

За среќа, постојат третмани кои може да ги ублажат симптомите и целосно да ги излечат хемороидите.

Симптоми[уреди]

Симптоми за оваа појава се:

  • Безболно крварење при празнење на цревата (дефекација). Може да забележите мала количина на светло црвена крв на тоалетната хартија;
  • Иритација, чешање или непријатно пецкање во аналната регија;
  • Болка и непријатно чувство;
  • Отеченост околу анусот;
  • Израсток во близина на анусот, кој при допир може да предизвикува болка и непријатно чувство;
  • Неконтролирано истекување на мала количина фекалии.

Дијагноза[уреди]

Internal hemorrhoid grades
Grade Diagram Picture
1 Piles Grade 1.svg Endoscopic view
2 Piles Grade 2.svg Hemrrhoids 04.jpg
3 Piles Grade 3.svg Hemrrhoids 05.jpg
4 Piles Grade 4.svg Piles 4th deg 01.jpg

Дијагнозата кај обата типа хемороиди ја утврдува специјализирано медицинско лице – гастроентеролог и обично вклучува рачен ректален преглед – ректално туше.

Со цел да се исклучат други заболувања кои причинуваат болка и крварење од анусот (полипи, иритабилни црева или рак на дебелото црево), но и поради фактот што внатрешните хемороиди се помеки од надворешните и потешко се дијагностицираат, потребно е да се изврши специјален преглед како аноскопија или ректоскопија (преглед исклучиво на крајниот дел на дигестивниот тракт – ректум и анус).


Лекување[уреди]

Користете кремови, масти и чепчиња кои се нанесуваат локално. Консултирајте се со вашиот доктор или фармацевт околу изборот на кремовите и останатите препарати наменети за лекување на хемороиди. Одржувајте ја аналната регија чиста. Сапунот и останатите средства за туширање се непријатели на хемороидите и може само дополнително да ги иритираат. Истото се однесува и на влажните марамчиња кои содржат алкохол или пак се парфимирани. Се советува да го натопувате аналниот дел 2-3 пати во текот на денот во чиста и топла вода во времетраење од 10-15 минути. Туширањето се подразбира како дел од негата и вклучува нежно чистење на аналниот отвор и надворешниот дел околу него со топла до млака вода. Нежно избришете ја областа со чиста крпа со тапкање или пак исушете ја со фен. Не користете сува тоалетна хартија. Сувата хартија е исто така непријател на хемороидите. По дефекација, навлажнете ја малку хартијата или пак искористете специјални влажни марамчиња кои не содржат алкохол или парфем во својот состав. Не се напнувајте при празнење на цревата. Задржувањето на здивот и силното напнување при дефекација го зголемуваат крвниот притисок во крвните садови во долниот дел на ректумот. Исто така, избегнувајте предолго и непотребно седење на тоалет. Испразнете се навреме. Веднаш штом ќе почувствувате потреба за дефекација, посетете тоалет, затоа што секое одложување кое може да се развлече и со часови, предизвикува потешко празнење на цревата и дополнителен притисок. Користете мраз. Нежно притискање на анусот со неколку коцки мраз завиткани во чиста крпа може да помогне при ублажување на отоците и иритацијата. Консултирајте се со доктор за користење на медикаменти. Можно е да ви биде препишана терапија, односно лекови кои ќе ја намалат болката и ќе ја ублажат непријатноста предизвикана од хемороиди. Внесете промени во исхраната и животниот стил. Лошата и нездрава исхрана може да биде причинител на хемороиди. Се препорачува исхрана која вклучува повеќе свежо овошје, зеленчук и житарки богати со растителни влакна кои го подобруваат варењето. Ваквата исхрана овозможува помека и полесна столица, а тоа би значело полесно празнење на цревата и намалување на притисокот одговорен за појавувањето на хемороиди. Се смета дека 2 големи лажици црвено вино може да ја подобрат крвната циркулација, што секако е пожелно при борбата со хемороиди. Меѓутоа, поголема количина од овој црвен алкохолен пијалак не се препорачува, бидејќи може дополнително да ги иритира хемороидните јазли. Насочете се кон природна и здрава храна, бидејќи лековите и синтетичките препарати по подолго континуирано користење може да предизвикаат оштетување на слузокожата. Пијте многу течности. Не го минувајте денот без 6-8 чаши вода или други течности, во кои не спаѓаат алкохолните пијалаци. Урината треба да ви биде светложолта или безбојна како вода. Тоа ќе ви помогне да имате помека столица. Избегнувајте долго седење и бидете физички активни. Умереноста е клучот за добро здравје. Доколку вашата професија ве „врзува“ за стол подолго време, правете почести паузи со раздвижување и одберете умерена физичка активност, како пешачење или пливање, со цел да ја превенирате појава на хемороиди. Не кревајте често тешки предмети. Ако сте принудени да кревате тешки предмети, издишувајте додека ги подигнувате. Не го задржувајте здивот додека кревате.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]