Хематит
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Хематитот е оксиден минерал на железото кој своето име го добил од грчкиот збор “haima” што значи крв. Некаде го нарекуваат и крвав камен бидејќи пилата со која каменот се реже постанува црвена како крв.
Бојата може да му варира помеѓу црвена, сива и црна. Кога ќе се изреже во тенки плочки хематитот е црвен и прозирен, а кога ќе се исполира станува метално сјаен.
Скапоцените камења и нивното влијание на човекот[уреди]
Скапоцените и полускапоцените камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми. Доста е раширено верувањето дека хематитот има заштитничка и исцелителска моќ. Ја истакнува храброста па затоа и често бил амајлија на војниците. Тибетанците го користеле против крварење од нос на тој начин што го носеле околу врат како огрлица.
Скапоцените камења и хороскопските знаци[уреди]
Се смета дека за секој хороскопски знак постои скапоцен камен кој му одговара. Така хематитот е камен кој се препорачува за следниве хороскопски знаци: овен, скорпија и јарец.
Надворешни врски[уреди]
perlenoire.mk (македонски)
