Хеликоптерска несреќа кај Струмица (2014)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хеликоптерска несреќа кај Струмица
Сумирани податоци за Accident
Датум10 јули 2014
Видпод истрага
МестоСтрумица, Македонија Македонија
Патници4
Жртви4
Тип на авионотМИ 17-V 5
РегистрацијаMAP 7712
ДестинацијаСкопје-Кавадарци-Валандово-Струмица-Берово-Делчево

Хеликоптерската несреќа кај Струмица се случила на 10 јули 2014 година во околу 22.00 часот кога хеликоптер на Министерството за внатрешни работи со екипаж од четири лица удрил во предавател на Македонската радио-телевизија и се срушил на земјата.

Според првичните информации[1], хеликоптерот се враќал од смена на граничната полиција. Очевидци за медиумите изјавиле дека хеликоптерот вртел во воздух повеќе од пет минути без светла, а потоа удрил во предавател висок над 100 метри. Пилотите во текот на летот не пријавиле технички проблем со леталото, кој бил еден од поновите во МВР, произведен во 2008 година[2]. Според поранешен началник на безбедност на летање во воено воздухопловство Небојша Антиќ, пилотите најверојатно се обиделе да го слетаат полицискиот хеликоптер на ледината во близина на Струмица. Хеликоптерот најпрво удрил во сајлите кои го држеле антенскиот столб. Во текот на истрагата биле пронајдени вградените три црни кутии.

Список на починати[уреди | уреди извор]

Име и презиме Возраст Позиција
Драги Мицев 45 пилот на хеликоптерската единица
Марјан Трајковиќ 47 пилот – капетан
Тоде Орешков 44 воздухопловен инспектор
Иљо Лопатички 46 командир – пилот

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-07-13. Посетено на 2014-07-14.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-09-25. Посетено на 2014-07-14.