Хебриди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на Хебридите

Хебриди (англиски: Hebrides, гелски: Innse Gall) — архипелаг долг околу 200 километри крај западниот брег на Шкотска во Хебридското Море. Овие острови понекогаш се нарекуваат „Западни Острови“.

Хебридите се делат на две групи острови:

Архипелагот го сочинуваат околу 500 острови со вкупна површина од 7.285 км2. Населени се само 70 до 80 острови. Бројот на жители изнесува 44.759. Во геолошка смисла, карпите на Хебридите се најстари карпи на Британските Острови. Највисокиот врв се наоѓа на островот Скај, и е висок 993 метри.

Мнозинството од говорниците на гелскиот јазик живее на Хебридите, или е по потекло од овие острови. Оттука е необичното галско име на овие острови Innse Gall, што значи „негaлски острови“ или „острoви на странците“. Ова име потекнува од времето на Викинзите.

Клима[уреди | уреди извор]

На острoвите владее блага клима под влијание на Голфската струја. Јануарските температури се околу 4-5 °C, а 12-16 °C лете. Дождовите се чести, а годишната количина на врнежи е 1.000-1.200 мм. Хебридите се секогаш изложени на јаки ветрови. Просечната брзина на ветровите е преку 20 км/ч, а често достигнуваат брзина од 50-85 км/ч.

Историја[уреди | уреди извор]

Во најголем дел историјата на Хебридите се поклопува со историјата на Шкотска. Во времето на Кралството Далријада островите ѝ припаѓале на Ирска. Во периодот 572-1266 г. биле под власт на Норвежаните. Во X и XI век овде се јавила мешана галско-нордиска култура. Од XIII век Хербидите биле централен дел на власта на кланот Доналд. Тоа било шкотско поткралство кое на врвот на својата моќ ја зафаќало Северна Ирска и западниот брег на Шкотска. Малиот остров Јона бил центар на овие територии и традиционално духовно средиште на Шкотска. Христијанството од Ирска се проширило на Шкотска преку овој остров, почнувајќи од 563 година.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]