Харт од Дикси

Од Википедија — слободната енциклопедија

Харт од Дикси е американска телевизиска серија, комедија-драма, која премиерно се емитуваше на каналот The CW на 26ти Септември, 2011.Серијата е создадена од Лејла Герстајн, во која главна улога игра Рејчел Билсон како Д-р Зои Харт,која по уништувањето на нејините соништа да стане кардиохирург, прифаќа да работи во мала медицинска ординација во Блубел, Алабама. На 26ти Април, 2013, серијата е продолжена со трета сезона.Серијата од есен ќе се еmituva во понеделниците,споена со “Beauty and the Beast”.

Краток преглед[уреди | уреди извор]

Сезона 1[уреди | уреди извор]

Зои Харт. њујоркчанката која зборува брзо и сосема новиот доктор, има се испланирано- по дипломирањето како прв студент во нејзиниот клас во медицинското училиште, таа ќе ги следи стапките на својот татко и ќе стане кардиоторакален хирург. Но кога ќе се уништат нејзините соништа, Зои одлучува да прифати понуда на странец, Д-р Харли Вилкис, да работи со него во неговата мала ординација во Блубел, Алабама. Зои пристигнува во малиот град во Мексиканскиот Залив меѓутоа дознава дека Харли починал и дека во тестаментот својата половина од медицинската ординација и ја оставил нејзе. Таа бргу сфаќа дека јужното гостопримство не е секогаш толку гостопримливо- другиот доктор во градот Брик Бриланд не е баш задоволен дека треба да ја дели ординацијата со овој млад нестручњак, а неговата ќерка Лемон, е јужна убавица чиј пријатен карактер се вкиселува кога ја запознава Зои. Единствени сојузници на Зои и се градоначалникот,Леван Хејс кој е поранешна рагби ѕвезда, нејзиниот сосед, лошото момче Вејд Кинсела и згодниот адвокат Џорџ Такер- кој и е свршеник на Лемон. Зои не е во својот елемент и е спремна да ги спакува торбите, но изненадна посета на нејзината снобовска мајка од Њујорк, води до одлуката на Зои да остане некое време во Блубел и да го открие животот во мал град и дел од себе за кој не знаела дека постои.

Сезона 2[уреди | уреди извор]

Втората сезона започнува со Зои која е збунета за своите спротивставени чувства како за Џорџ така и за Вејд со кој само што спиеше. Зои одлучува дека Џорџ не е подготвен за врска и така започнува да се гледа со Вејд.

Сезона 3[уреди | уреди извор]

Харт од Дикси на 26ти Април 2013 е продолжена со 3та сезона.

Улоги[уреди | уреди извор]

Главни Улоги[уреди | уреди извор]

Рејчел Билсона како Зои Харт; Зои копнее да стане кардиолог како нејзиниот татко. По 4 години престој во New York Hospital, таа не добива стипендија затоа што прво треба да стекне искуство и прифаќа понуда да се пресели на Југот и да работи во мала ординација во Блубел, Алабама. Кога открива дека таа позиција и ја дал нејзиниот биолошки татко ,Зои одлучува да остане во ординацијата со цел да дознае повеќе за него. И покрај тоа што е многу интелигента и што зборува брзо, Зои често запаѓа во неволја поради тоа што не ги разбира горделивите јужњачки обичаи. Таа има чувства за Џорџ но одбира да не реагира на нив сè додека тој не е подготвен. Таа има пријателство и флертува Вејд, но од Сезона 2 Зои е во моногамска врска со него сè додека не дознае дека тој ја изневерил.

Џејми Кинг како Лемон Бриланд; Ќерката на градскиот доктор Брик Бриланд. Таа беше верена со Џорџ Такер но имаше афера со Леван додека Џорџ беше во Њујорк. Горделива, конзервативна и малку нервозна, Лемон при првата средба со Зои, започнува големо соперништво затоа што чувствува дека Зои се меша во нејзиниот `совршен живот` и тие често не се согласуваат заради нивните различни начини на размислување.

Крес Вилијамс како Леван Хејс; Градоначалник на Блубел и 10 години беше страничен бек во НФЛ. Тој има милениче алигатор, Барт Рејнолдс. Во првата Сезона се открива дека Леван имал афера со Лемон, која беше верена со Џорџ. Леван гради блиско пријателство со Зои и често и дава значајни совети за особините на градот.

Вилсон Бетел како Вејд Кинсела; Шанкер, физички работник и сосед на Зои. Тој првпат ја сретнува Зои кога по забава во неговата куќа, снемува струја во куќата на Зои. Тој има необичен карактер. Првично тој изгледа стереотипен и горделив јужњак кој сака забава, незрел, неамбициозен, женкар и саркастичен шанкер на кој не му е грижа за ништо и никого. Но полека се открива дека тој има доста префинета личност, кој изгледа многу се грижи за луѓето околу него, иако тој секогаш најдобро што може се труди да ги сокрие своите чувства. Се чини дека тој е многу заљубен во Зои и за Зои е подготвен да направи измени во неговиот начин на живот и неговите амбиции, но сепак се труди да ги прикрие чувствата за неа. И покрај тоа што е свесен за чувствата на Зои за неговиот пријател Џорџ, изгледа дека тој на Зои ќе и даде се без да бара нешто за возврат.Во поголемиот дел од Сезона 2 тој е во моногамска врска со Зои сè додека таа не го фати како ја изневерува.

Тим Матесон како д-р Брик Бриланд.( периодична улога,епизод 1-14;редовна улога, епизода 15-сè уште); Татко на Лемон, кој е исто така доктор и ја дели локалната ординација во Блубел со Зои. Тој е често многу критичен за медицинските дијагнози на Зои и за неискуството околу јужњачкото гостопримство.

Скот Портер како Џорџ Такер; Џорџ претходно беше верен со Лемон. Џорџ е адвокат,кој пред да се врати дома во Блубел работел во голема правна фирма во Њујорк. Тој и Зои често налетуваат еден на друг. Џорџ и кажува на Зои дека тој ќе се жени со Лемон затоа што кога ја запознал во средно таа била прекрасна личност. И покрај тоа на крајот тој пак има чувства за Зои. Откако дознава за аферата на Лемон со Леван тој ја бакнува Зои во Њу Орлеанс Бар и тогаш ја откажува венчавката со Лемон за да биде со Зои. И покрај тоа, Зои му кажува дека таа не може да биде неговата девојка

Периодични улоги[уреди | уреди извор]

МекКејли Милер како Роуз Хатенбаргер; една тинејџерка која многу и се восхитува на Зои. Поради нејзината интелигенција таа се чувствува како аутсајдер помеѓу врсниците и родителите.

Кејтлин Блек како Анабет Насс; член на Јужните убавици на Лемон и нејзина најдобра пријателка. Таа еднаш беше добра пријателка со Зои, но го прекина пријателството откако доби висока позиција во клубот на Јужните Убавици. Во Сезона 2 таа покажува чувства за Леван, но одлучува да не го продолжи односот со него заради Лемон. Лемон и го дава својот благослов и тие почнуваат да се гледаат.

Тревис Ван Винкл како Џона Бриланд; доктор, внук на Брик Бриланд и братучед на Лемон и Магнолија Бриланд. (Сезона 2)

Клаудија Ли како Магнолија Бриланд;сестрата, тинејџерка на Лемон и помалата ќерка на Брик. Таа првпат е прикажана во епизодата "The Undead & The Unsaid" како проблематична и која сака многу внимание од семејството.Таа е понекогаш соперник со Роуз. Таа прикажува почувствителна страна кога ја теши Лемон, откако Џорџ ја раскина нивната веридба.

  • Росс Филипс како Том Лонг;здодевен млад дечко на кој му се допаѓаше Зои, но почна да се гледа со Ванда.
  • Мелори Моје како Ванда Лонг;девојката на Том, која му стана сопруга и келнерка во The Rammer Jammer
  • Мирси Монро како Тензи Труит (поранешна Кинсела); Поранешната сопруга на Вејд и сегашна девојка на Џорџ (Сезона 2)
  • Бренди Буркхарт како Крикет; член на јужните убавици на Лемон. Таа е многу под вилијание на Лемон.
  • Реџиналд ВелЏонсон како Даш Дјуит;главниот новинар на локалниот весник.
  • Голден Брукс како Руби Џефрис; Поранешната девојка на Леван од средно училиште, која се кандидира против него за градоначалник.Таа е добра пријателка со Зои,а соперник со Лемон.(Сезона 2)
  • Лаура Бел Банди како Шелби, девојката на Брик ќе стане негова свршеница, и исто така накратко, поранешна девојка на Џорџ.(Сезона 2)

Други улоги[уреди | уреди извор]

  • Дебора С. Крег како Шели Нг. Келнерка во локалниот ресторан Rammer Jammer, каде што работи и Вејд(Сезона 1)
  • Надин Веласкес како Диди Руана првично рецепционер во локалната ординација, подоцна беше заменета со Ади. Таа тогаш доби работа како секретарка на Џорџ.Таа беше во врска со Леван. Таа е позната по тоа што е многу зборлеста.(Сезона 1).
  • Вес Браун како Д-р Џадсон Лајонс. Џадсон е локален ветеринар во Блубел. Тој покажа голем љубовен интерес за Зои,освен еднаш кога спиеше со Џиџи,најдобрата пријателка на Зои од Њујорк. (Сезона 1)
  • Мери Пејџ Келер како Емили Чејс. Девојка на Брик на кратко во Сезона 2
  • Келен Коелман како Присли, девојка на Џорџ на кратко во Сезона 2 епизода 5&6

Продукција[уреди | уреди извор]

Н 1 Февруари,2011 година, беше објавено дека The CW нарачале пробна епизодa од Харт од Дикси. На 17 Мај, телевизијата официјално ја окупуи серијата Харт од Дикси за емитување, која беше пуштена во етер есента 2011. Серијата го обележува второто заедничко телевизиско работење на извршниот продуцнт Џош Шварц и главната глумица во серијата Рејчел Билсон. Првиот пат кога двојката работеше заедно беше на тинејџерската драма на Fox, Округот Оринџ, продуцирана од Шварц. Извршниот продуцент на шоуто, Џош Шварц ја спореди серијата со класиците на WB како Felicity, Everwood и Gilmore Girls. Со објавувањето на распоредот на The CW за есента 2011, беше објавено дека Харт од Дикси ќе се емитува во понеделник во 9 часот по источно/ 8 часот по централно време, по Озборувачка. Премиерно беше прикажана во понеделник на 26 Септември, 2011. На 12 Октомври,2011 беше откупена целата сезона,која се состои од 22 епизоди. На 11 Мај, 2012 година, The CW ја продолжи серијата со втора сезона, чија премиера беше на 2 Октомври, 2012.На 26 Април ,2013 година The CW ја продолжи серијата со трета сезона.

Распоредување на улоги[уреди | уреди извор]

На 8 Февруавру,2011 TV LINE објави дека Рејчел Билсон е блиску до договор за да ја игра главната улога во серијата. Нејзината улога подоцна ја потврди THE CW во соопштение за печат. Брзо потоа Вилсон Бетел се придружи на екипата во улога на Вејд Кинсела, прекрасното лошо момче на Зои. Скот Портер беше подоцна одбран за улогата на убавиот адвокат Џорџ Такер, потенецијален љубовен интерес за ликот на Билсон. На 20 мај 2011 беше објавено дека Ненси Тревис нема да продолжи со серијата поради нејзините обврски во комедијата на ситуација “Last Man Standing” на ABC продуцирана од 20th century Fox. По 2 епизоди Тревис беше испишана. Меридит Монро се појавува во една епизода во улога на отуѓената мајка на Лемон.ЏоБет Вилијамс се појавува во 2 епизоди во улога на Кендис Харт, мајката на ликот на Билсон.

Прием[уреди | уреди извор]

Критики[уреди | уреди извор]

Серијата доби измешани критики вклучувајќи 43 бода од 100 од Metacritics. TVGuide.com ја опиша сеијата како разоткривање на југот, а во подоцнежните критики, изјави дека глумците се подобри од содржината иако Билсон не е убедлива како кардиохирург. И TV GUIDE и Роберт Бианко од Usa Today изјавија дека шоуто е потенцијално навредливо за Југот. Бјанко исто така напиша дека шоуто е површно и нереално,вклучувајќи ја Билсон која не покажува убедливи перформанси, како кога глуми изненадена кога се нарекува себеси доктор. Тим Годман од The Hollywood reporter изјави дека серијата е предвидлива и површна но е изненадувачки трогателна. Godman and Brian Lowry изјавија дека Билсон не изгледа како доктор, со тоа што Годман напиша дека изгледала како девојка на повик со висока цена ,а Лори напиша дека изгледала како да припаѓа во медицинската куќа од соништата на Барби. Критичарот Нил напиша за New York Times „дури ни премиерата не најде убедлив начин да направи баланс помеѓу спротивните работи: збрканоскта на градската девојка, медицинските итни случаи, женските караници, промлемите со тато, работите поврзани со младоста, убавината и со тоа што е слободна”. TV Line ја опиша серијата како "Everwood-esque". TV Line подоцна изјави: „Убаво снимен со топли и пријатни тонови и Јужната околина целосно ја обзема блескавата Билсон”, додавајќи дека изгледот на Портер сосема не освојува и прави да го заборавиме чудното интро и дека пробната епизода супер ефикасно не запозна со оние кои ќе бидат клучни играчи во приказната на Зои. Tv Times Magazine и ги даде најниските бодиви на Харт од Дикси за 2011-2012,12 од 100.