Харита Вибрандс

Од Википедија — слободната енциклопедија

Харита Вибрандс (француски: Harita Wybrands) (1948, Белград) - француска писателка и сликарка.

Животопис[уреди | уреди извор]

Вибрандс е родена во Белград, во 1948 година. Најраните години од детството ги поминала во Битола. Нејзиниот татко бил родум од Битола, од семејството Балабан, додека нејзината мајка била Србинка. Таа студирала филозофија во Белград и во Париз, каде се преселила во 1970 година.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Вибрандс пишува филозофски есеи, а покрај тоа, таа преведува од македонски и српски на француски јазик. Има преведено над 15 поетски и прозни книги, вклучувајќи ги делата на Иво Андриќ, Луан Старова, Катица Ќулавкова итн. Исто така, таа се занимава и со сликарство.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Белешка за преведувачките“, во: Паскал Кињар, Тераса во Рим, Тера Магика, Скопје, 2003, стр. 128.