Ханиер Асеведо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ханиер Асеведо

Асеведо на Тур де Сан Луис 2014
Лични податоци
Цело име Ханивер Алексис Асеведо Кале
Роден 6 декември 1985 (1985-12-06) (28 г.)
Караманта, Колумбија
Висина 1,75 м
Маса 63 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Гармин-Шарп
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Професионални клубови
2011–2012
2013
2014–
Агвардиенте Антиокењо-Лотерија де Меделин
Џејмис-Хагенс Берман
Гармин-Шарп
Последна промена
25 јуни 2014

Ханиер Алексис Асеведо Кале (шпански: Janier Alexis Acevedo Calle; р. 6 декември 1985) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Гармин-Шарп.[1][2]

Кариера[уреди]

Додека возел за Џејмис-Хагенс Берман во 2013, ја освоил втората етапа со планинска завршница на Трката околу Калифорнија, дванаесет секунди пред крајниот победник на трката, Тиџеј ван Гардерен од БМЦ Рејсинг Тим.[3] Подоцна завршил трет во генералниот пласман на трката и кратко ја носел водечката маичка пред да ја преземе Ван Гардерен.[4]

Во септември 2013 било објавено дека Асеведо ќе се пресели во екипата Омега Парма-Квик Степ за сезоната 2014.[5][6] Меѓутоа, еден месец подоцна, Асеведо изјавил дека го раскинал договорот со Омега Парма-Квик Степ, со намера да се приклучи на Гармин-Шарп.[2][7]

Достигнувања[уреди]

2009
1. Краен пласман Jersey yellow.svg Вуелта Сиклиста а Костарика
1. Етапа 8
1. Етапа 10
2010
1. Етапа 6 Вуелта а Гватемала
2011
1. Етапа 4 Трка околу Јута
8. Панамериканско друмско првенство
2012
6. Краен пласман Вуелта Мексико
2013
1. Американска турнеја UCI
3. Краен пласман Трка околу Јута
3. Краен пласман Трка околу Калифорнија
1. Етапа 2
4. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
1. Етапа 4
5. Краен пласман Трка Гила
1. Етапа 1
8. Краен пласман Тур де Сан Луис
2014
9. Краен пласман Трка околу Калифорнија
9. Краен пласман Тур де Свис

Наводи[уреди]

  1. Профил на Ханиер Асеведо“, „Гармин-Шарп“, Slipstream Sports LLC, 1 јануари 2014 (конс. 27 јанаури 2014).
  2. 2,0 2,1 Боден, Матје. „Гармин подготвен за драматична обнова во 2014“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 24 септември 2013 (конс. 6 ноември 2013).
  3. Лора Вајсло. „Асеведо забрза за победа во Палм Спрингс“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 14 мај 2013 (конс. 14 мај 2013).
  4. Резултати: Трка околу Калифорнија 2013, етапа 8“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 19 мај 2013 (конс. 19 мај 2013).
  5. ОПКС потпиша со Ваут Пулс и Ханиер Асеведо“, „Омега Парма-Квик Степ“, Decolef, 1 септември 2013 (конс. 7 септември 2013).
  6. Асеведо во Гармин“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 2 октомври 2013 (конс. 3 октомври 2013).
  7. Нил Роџерс. „Вотерс потврди за Асеведо“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 2 октомври 2013 (конс. 3 октомври 2013).

Надворешни врски[уреди]