Халид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Халидот е бинарно соединение од кое дел е халоген атом, а другиот дел е елемент или радикал кој е помалку електронегативен отколку халогениот дел, при што се образуваат флуоридни, хлоридни, бромидни, јодидни или астатидни соединенија. Многу соли се халиди. Металите од целата група 1 образуваат халиди со халогените елементи и тие се бели цврсти тела.

Металните халиди се користат во ламбите со висок интензитет на разелектризирање, како тие кои се користат во модерните улични светилки. Овие се повеќе енергетски ефикасни отколку ламбите со живина пареа.

Халиден јон е халоген атом кој носи негативен јон, како флуоридниот јон (F-) или хлоридниот јон (Cl-). Вакви јони се присутни во сите јонски халидни соли.

Халидите во органската хемија[уреди]

Во органската хемија, халидите се функционална група. Секое органско соединение кое содржи халоген атом може да се смета за халид. Алкил халидите се органски соединенија од типот R-X што содржат алкилна група R ковалентно поврзана за халоген атом X.

Псевдохалидите ги претставуваат халидите со нивниот електричен полнеж и реактивност; вообичаени примери се азидите NNN-, изоцијанат -NCO, изоцијанид CN- итн.

Хемиски тест за детекција на халоген атом во хемиските супстанци е Кериус халогеновиот метод.

Примери[уреди]

Претставници на халидите се:

Поврзано[уреди]