Халал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Германска потврда за „халал“ млечни производи

Халал“ (حلال, халаал) е арапски поим со значење „дозволено“. Во контекст на исхраната, поимот означува храна која е дозволива според исламските закони. Се смета дека 70% од муслиманите ширум светот го запазуваат овој начин на исхрана.[1] Антоним на овој збор е зборот „харам“.

„Халал“ како збор[уреди | уреди извор]

Употребата на поимот варира од арапските говорници до оние кои го користат како заемка или сосема странски збор. На пример, во македонскиот, како турцизам/архаизам се употребува турската варијанта „Алал!“ како извик на одобрение за некој или нешто.

Во арапските земји, зборот се користи за сѐ она што е дозволиво според исламските закони, за разлика од харам, што го означува сѐ она што е забрането. Ова го подразбира човековото поведение, вербалната комуникација, облеката, однесувањето, манирите и законите на исхрана.[2]

Вон Арапскиот свет поимот најчесто се употребува во потесна смисла, само за исламската исхрана, особено кога се работи за месо и живина, иако може да има и поопшто значење.[3]

Различни видови на „халал“[уреди | уреди извор]

Дабишки „халал“[уреди | уреди извор]

Приврзаниците на оваа филозофија сметаат дека за храната да биде „халал“, таа не смее да биде забранета и животното мора да биде заклано според традиционалните правила пропишани во Суната, познати како дабиха. Ова е најстрогата дефиниција за „халал“.

Категорички забранети супстанции[уреди | уреди извор]

Коранот забранува разни супстанции како недозволени („харам“) за консумирање:

  • Свинско, или какви било свински производи (како да речеме пача) (Куран, 2:173)
  • Крв (Куран, 2:173)
  • Животни заклани во било чие име освен Божјето (Куран, 2:173)
  • Мрша (Куран, 5:3)
  • "Острозаби ѕверки" според Суната - сите месојадни животни, со исклучок на највеќето риби и морски животни
  • Сите опојни средства (особено алкохолот). (Куран, 2:219)

Постојат извесни несогласувања помеѓу муслиманите во врска со морската храна, особено во врска со грабливите морски животни. Заставовите на исламските учени, IFANCA (Исламскиот совет за храна и исхрана на Америка) вели:[4]

  • Сите се согласуваат дека рибите со крлушки се „халал“
  • Сунитите ги сметаат сите риби за „халал“, додека некои Шиити сметаат дека само шкампите и рибите со крлушки се „халал“[5] Во рамките на Ханафистичката школа преовладува мислењето дека морските плодови (шкампите, јастозите, крабите, школките итн.) се забранети.
  • Највеќето се согласуваат дека жабите се забранети заради забраната на нивното убивање во Хадисот. Муслиманите од југоисточна Азија сметаат дека животните кои живеат и на копно и во вода (како водоземци, некои влекачи и некои видови птици) не се за јадење.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Dorothy Minkus-McKenna. "the Pursuit of Halal". Progressive Grocer; 1 декември 2007; 86, 17;
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-10-19. Посетено на 2008-03-09.
  3. „33beat.com“. Архивирано од изворникот на 2008-04-11. Посетено на 2008-03-09.
  4. „Halal Digest“. Архивирано од изворникот на 2006-09-23. Посетено на 2008-03-09.
  5. [https://web.archive.org/web/20080401124717/http://www.al-islam.org/organizations/Aalimnetwork/msg00283.html Архивирано на 1 април 2008 г. ['Aalim Network QR] Sea Food]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]