Хакер (појаснување)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Хакер

Терминот хакер од различни извори се толкува на поинаков начин. Хакерите се лица кои сакаат да се прикажат како луѓе кои се борат за слободна информација и тие ја сметаат технологијата за предизвик и веруваат дека ништо не би можело да им застане на патот. Иако терминот хакер може да се поврзе со кој било аспект од животот, најчесто тој се однесува на компјутерски професионалци, кои знаат како да направат работите да функционираат. Постои заедница, култура на споделување, која е создадена од експерти од областа на програмирањето и мрежите која потекнува од минатите декади кога постоеле првите миникомпјутери и експерименталните програми на АРПАнет (основата на интернет). Терминот хакер потекнува баш од таа заедница. Но, има и еден злобен аспект на терминот хакер на кој често луѓето и медиумите се повикуваат, а тоа е терминот „кракер“. Во ниту еден случај не смееме да ги мешаме овие два термина. Хакерите прават работи од кои нешто произлегува, тие не се криминалци, ниту крадци. Кракерите се уништувачи. Сакаат да уништат се на што ќе налетаат, да ги експлоатираат дупките во системите и да придонесат за нивно искористување за злобни намери. Тие се луѓето кои крадат од кредитните картички на луѓето. Иако често се нарекуваат хакери, тие не се тоа - ни најмалку. Хакерите прават работи од љубов, кои кракерите не би ги сториле ни за пари. Вистинските хакери не сакаат никаква врска со овие луѓе. Ако сакате да бидете хакер, треба посветено да пристапите кон осознавање на она кое е лесно пристапно за вас. Ако сте заинтересиран во уметноста, осознајте ја нејзината срж, ако сте заинтересиран во технологијата, проучете ги изворните кодови и програмските јазици со кои се градени заедничките слободни системи како ГНУ/Линукс и слободните варијанти на Јуникс. Кај хакерите често може да се забележат ставови кои ни покажуваат дека оваа заедница сака да придонесе знаењето во светот да биде слободно и преку тоа да помогне на општеството, кое може да добие толку многу од знаењето на масите. За да се однесувате како хакер, треба да верувате дека времето на другите хакери, поминато на размислување е скапоцено, до тој степен што дури и морална одговорност е да се споделува информација, да се добиваат решенија и да се објавуваат јавно како што и другите хакери прават, а со цел другите од заедницата да можат да решаваат исти проблеми наместо да трошат време на веќе решени препреки. Хакерите сметаат дека е разбирливо да се продава доза знаење за преживување, со што би си овозможиле плаќање на сметките и на храната. Разбирливо е и да се користат хакерските способности за издржување на фамилиите или дури и збогатување, сè додека не ја заборавате каузата и другите хакери од кои сте учеле.

Компјутери и технологија[уреди]

Видете исто така Хакер (компјутери) за преглед на различни видови на компјутерски хакери и врски помеѓу овие групи.

Слични значења во други полиња:

  • Медија хакер, некој кој користи со медии на нов невообичаен начин
  • Реално хакирање, слично на компјутерски хакер, но хакира во "реалниот свет"
  • Wetware хакер, некој кој експериментира со биолошки материјали

Забавна индустрија[уреди]

Луѓе по име Хакер (Hacker)[уреди]

Реални[уреди]

  • Alan Ray Hacker (b. 1938), англиски кларинетист
  • Benjamin Thurman Hacker (1935-2003), Поморски офицер во САД
  • George Hacker (20th century), Адвокат од САД, раководител на проектот Alcohol Policies
  • Marilyn Hacker (b. 1942), Американски поет и критичар
  • Peter Hacker (b. 1939), Британски философ
  • Sally Hacker (1936–1988), социолог
  • The Hacker (Michel Amato, b. 1972), Француски електроклеш и техно издавач


Фиктивни[уреди]

Други дефиниции[уреди]

  • Hacker (folklore), митолошка раса во скандинавските народни преданија
  • A person skilled in the creation of a hack (masonry)
  • A brewery which merged with Pschorr in 1972, now the Hacker-Pschorr Brewery, and the beer it produces.

Види исто така[уреди]

Наводи[уреди]