Хавиер Ернандез

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хавиер Ернандез
Javier Hernandez
Javier "Chicharito" Hernandez vs MLS All Stars.jpg
Лични податоци
Роден на 1 јуни 1988
Роден во Гвадалахара, Мексико
Висина &100000000000001750000001,75 м
Положба напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Јунајтед
Број 14
Младинска кариера
Гвадалахара
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009–2011 Гвадалахара 64 (26)
2011- Манчестер Јунајтед 68 (31)
Репрезентација
2009- Мексико 33 (23)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 16 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 16 јануари 2012

Хавиер Ернандез Балказар (шпански изговор: [ xaβjer ernandes]; роден на 1 јуни 1988) е мексикански фудбалер кој игра на позицијата напаѓач за најтрофејниот англиски тим Манчестер Јунајтед и мексиканскиот национален тим. Ернандез на грбот од дресот го носи својот прекар Чичарито (Chicharito), што во превод значи мал грашок. Тој претходно играше за мексиканскиот клуб Гвадалахара, пред да стане првиот мексикански играч што му се приклучил на Манчестер Јунајтед.

Ернандез го направи своето деби за Мекико во септември 2009 година во натпреварот против Колумбија, тој исто така, настапуваше на Светското првенство 2010 во Јужна Африка и КОНКАКАФ Голд Купот 2011. Тој беше најдобар стрелец на Голд купот со 7 гола и беше прогласен за најкорисен играч на турнирот. Тој има направено 33 настапи за Мексико и постигнато 23 гола.

Кратка биографија и раните години од живот[уреди]

Хернандез е роден во Гвадалахара и за првпат играл во рекреативната лига кога имал седум години. Неговиот татко, Хавиер Ернандез Гутиерез, и самиот претходно репрезентативен напаѓач на Мексико, изјавил дека никогаш не помислил дека неговиот син, всушност, ќе го направи тоа како професионалец. Хернандез и се приклучи на Гвадалахара на возраст од девет години и го потпишал својот прв професионален договор кога имал 15 години. Тој беше избран да игра на Светско првенство на ФИФА за играчи под 17 години, но повредата го отстрани од тимот што на крајот го освои шампионатот.

Клупска кариера[уреди]

Гвадалахара[уреди]

Ернандез почна да игра во пониската екипа на Чивас, Chivas Coras во сезоната 2005-06. Тој го направи своето деби за Чивас Гвадалахара во Апертура 2006 во победата над Некакса на Естадио Халиско. При резултат од 3-0, Чичарито влезе како замена за Омар Браво во 82 минута, пред да го постигне четвртиот гол во мечот пет минути подоцна. Тоа беше неговиот единствен гол во седум настапи во 2006-07. Тој направи уште шест настапи во 2007-08 без погодок.

Ернандез направи десет настапи во Апертура 2008 без да постигне гол, но тој постигна четири гола во петнаесет настапи во Клаусура 2009. Во Апертура 2009, Ернандез го заврши првенството како најдобар стрелец , заедно со уште двајца други играчи со по единаесет гола, во седумнаесетте мечеви во кој настапи. На стартот на првенството 2010 година тој почна со осум гола во пет натпревари. Тој заврши како заеднички-лидер на листата на стрелците во првенството 2010 година, со десет гола во единаесет меча по пропуштените 5 натпревари поради повреда.

Манчестер Јунајтед[уреди]

Трансфер[уреди]

Ернандез на своето деби за Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед за прв пат беа заинтересирани за Ернандез во октомври 2009 година; Скаутот отиде во Мексико подоцна во декември и изјави дека мислењето му е позитивно по гледањето на неколку меча. Поради возраста на Ернандез, клубот првично планираше да причека пред да потпише со играчот, но неговиот потенцијал и придонесот за националниот тим на Светското првенство беа пресудни во Јунајтед да побрзаат со правење на понудата. Главниот скаут на Јунајтед, Џим Лаулор, беше испратен во Мексико за три недели во фебруари и март за да го прати Ернандез и поднесе уште еден позитивен извештај за него, пред клупскиот адвокат да замине во Мексико да ја финализира документацијата.

На 8 април 2010 година, Ернандез склучи договор и потпиша за Манчестер Јунајтед за непозната сума, а повод за трансферот во овој период беше поднесувањето апликација за работна дозвола. Претходниот ден, Ернандез бил присутен на мечот на Манчестер Јунајтед во четврт-финалето на Лигата на шампионите,кога беше победен Баерн Минхен на Олд Трафорд. Договорот беше спроведен во целосна тајност; агентот на Ернандез беше чуван во темница, како што беше и неговиот дедо Томас Балказар. Како дел од договорот, Јунајтед требаше да одигра пријателски натпревар против Чивас за да го отворат нивниот нов стадион на 30-ти јули. На 27-ми мај, работната дозвола му беше доделена, што му овозможи трансферот да му биде официјализиран на 1 јули.

2010-11 сезона[уреди]

Ернандез со топката за Јунајтед

Ернандез го направи своето деби за Јунајтед на 28 јули, кога влезе како замена во 63-тата минута наместото на Нани во натпреварот против МЛС ол-стар тимот 2010; тој го постигна својот прв гол за клубот 18 минути подоцна, со лобувајќи го голманот Ник Римандо, по долгиот пас на Дарен Флечер. Два дена подоцна, Ернандез постигна гол против Манчестер Јунајтед на пријателскиот натпревар за неговиот стар клуб, Чивас; тој почна да игра во дресот на Чивас и постигна гол по само осум минути. Тој ја смени страната на полувремето, но не беше во можност да го спречи поразот од 3-2 за Манчестер Јунајтед. Тој постигна гол и во третиот пред-сезонски меч кога тој беше прецизен во победата од 7-1 против Лига на Ирска XI на новоизградениот Авива стадион на 4 август.

Чичарито го направи своето официјално деби на 8 август и веднаш го постигна својот дебитантски погодок во фантастичната победа на Јунајтед во ФА Комјунити Шилд, против актуелниот шампион на Англија во тој момент Челзи од 3-1. Тој дојде на на почетокот на второто полувреме по пробивот на Антонио Валенсија, Ернандез стрелаше со глава. На 16 август, Хернандез го направи своето деби во Премиер лигата откако тој го замени Вејн Руни во 63-тата минута на нивниот натпревар дома со Њукасл во првото коло што заврши 3-0 за Јунајтед. Тој го постигна својот прв гол и во Лигата на шампионите набргу потоа, на 29 септември, кога влезе од клупата за да го постигне единствениот гол во победата нагости над Валенсија од 1-0. Ернандез го постигна својот прв гол за Јунајтед во лигата во 2-2 ремито дома против Вест Бромвич Албион на 16 октомври. Осум дена подоцна тој запрвпат постигна два гола на еден меч за новиот клуб, воедно, постигнувајќи ги своите први голови во премиерлигата надвор од Олд Трафорд, помагајќи му на Јунајтед да дојде до 2-1 победа против Стоук Сити.

Два дена од овој меч во кој тој беше херој, тој влезе од клупата за да го постигне во победеносниот гол, својот прв гол во Лига купот, во победата со 3-2 над Вулвс со што го испрати својот тим во четврт-финалето каде што потоа биле елиминирани од страна на Вест Хем Јунајтед. На 1 јануари 2011 година, тој пак влезе од клупата за да постигне уште еден победоносен погодок, овој пат во лигашкиот меч со Вест Бромвич Албион за гостинска победа од 2-1. Три дена подоцна Ернандез стана најефикасниот мексиканец во историјата на Премиерлигата, откако го отвори резултатот во победата над Стоук Сити на 4 јануари со 2-1. На 25 јануари, Ернандез го постигна изедначувачкиот погодок во камбекот на Јунајтед, за кој придонесе и Димитар Бербатов (со два гола) за гостинска победа од 3-2 над Блекпул со пресврт во второто полувреме. Четири дена подоцна го постигна својот прв гол во ФА Купот кога беше прецизен во 2-1 победата над Саутемптон. Следен меч во кој популарниот Чичарито се впиша во листата на стрелците беше дуелот со Виган во кој тој постигна два гола, а Манчестер Јунајтед победи со 4-0 нагости. Осум дена подоцна, тој постигна гол на Енфилд Роуд во последните секунди за да го ублажи поразот од лутиот ривал Ливерпул. Ернандез беше замешан со два гола во реванш мечот од нокаут фазата во Лигата на шампионите на домашен терен во победата над Марсеј праќајќи го Јунајтед меѓу осумте најдобри (четврт-финале) во Европа. На 2 април, тој го постигна последниот гол против Вест Хем Јунајтед, кога црвените ѓаволи дојдоа до пресврт од два гола негатива до 4-2 победа на Аптон Парк што беше голем чекор напред кон рекордната 19-та титула за Манчестер Јунајтед во англискиот фудбал. На 8 април, Чичарито беше селектиран како кандидат за наградата PFA млад играч на годината заедно со соиграчот Нани. Тој го отвори резултатот и во 2-1 реванш четврт-финале победата над Челзи во Лигата на шампионите, па бидејќи вкупниот резултат од двата меча беше 3-1 , Ернандез и неговите соиграчи се пласираа во полуфиналето. Тој ја продолжи својата одлична сезона и импресивна форма, со уште еден важен гол на 23 април во победата дома со 1-0 против Евертон во 81-вата минута. И можеби најважниот гол во сезоната за него дојде на 8 мај, кога Ернандез го постигна првиот гол во 2-1 победата дома над Челзи, по само 36 секунди игра тој го отвори резултатот и му го осветли патот на својот тим кон освојувањето на титулата. Голот против Челзи го направи првиот играч по Руд Ван Нистелрој во сезоната 2001-2002 (тогаш тој заврши со 34), успеал да постигне 20 гола за клубот во неговата дебитантска сезона. Ернандез за својата фантастична деби сезона во Манчестер Јунајтед ја доби наградата Сер Мат Базби играч на годината на 18 мај која беше изгласана од страна на навивачите.

На 5 јули 2011 година, Ернандез беше избран за "Светски Голгетер 2011", со 13 гола, пред други играчи како што се Кристијано Роналдо, Џузепе Роси и Лионел Меси.

Приватен живот[уреди]

Чичарито е син на на Хавиер Ернандез Гутиерез, кој играл за мексиканскиот тим Текос и за Мекико на Светското првенство во фудбал 1986. Ернандез е истотака и внук на Томас Балказар кој истотака играл за Гвадалахара и за Мекико, но на Светското првенство 1954. Балказар на тоа првенство во 1954 имал 22 години и постигнал погодок против Франција, додека Хавиер Ернандез на Светското првенство 2010 постигна гол против Франција истотака на 22 години.

Титули[уреди]

Гвадалахара[уреди]

Манчестер Јунајтед[уреди]

Мексико[уреди]

Надворешни врски[уреди]