ХЕ „Луково Поле“

Од Википедија — слободната енциклопедија

ХЕ „Луково Поле“ треба да го зголеми уделот на обновливата енергија во вкупното производство на струја во Македонија. Според хидролошките анализи, ќе се обезбедат дополнителни 160 гигават-часа електрична енергија на годишно ниво. Главниот дел на зголеменото производство од ХЕ „Луково Поле“ ќе се реализира преку постојните мавровски централи ХЕЦ „Вруток“, ХЕЦ „Равен“ и ХЕЦ „Врбен“, а помал дел преку новата ХЕЦ „Црн Камен“, која е предвидена дополнително да се изгради во рамки на овој проект.

Акумулацијата „Луково Поле“ ќе биде со волумен од 39 милиони метри кубни и ќе е сместена во планинскиот масив на Кораб, во строго заштитената зона на Националниот парк „Маврово“. Вклучува и изградба на 20 километри долг канал со два тунела, а на околу три километри низводно од браната се предвидува и изградба на мала хидроелектрана „Црн Камен“ со можност од 5 MW.

Кон средината на април 2011 година, ЕЛЕМ и Светска банка склучија договор за заем во износ од 2,24 милиони евра, наменети за реализација на активностите што ќе се одвиваат пред почетокот на изградбата на ХЕ „Луково Поле“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 2011.08.25 Заживува проектот ХЕЦ „Луково Поле“ utrinski.com.mk