Фуџикавагучико

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фуџикавагучико
富士河口湖町
—  Град  —
Градскиот дом на Фуџикавагучико

Знаме

Амблем
Местоположба на Фуџикавагучико во рамките на префектурата Јаманаши
Фуџикавагучико се наоѓа во Јапонија
Фуџикавагучико
 
Координати: 35°30′ СГШ 138°45′ ИГД / 
Земја Јапонија
Регион Чибу
Префектура Јаманаши
Округ Минамицуру
Површина
 • Вкупна 158,51 км2
Население (1 јули 2012)
 • Вкупно 25.538 жит.
Час. појас JST (UTC+9)
Градски симболи
-Дрво јапонски црвен бор
- Цвет ноќниче
-Птица шарена сипка
Тел бр. 0555-72-1111
Адреса 1700 Funatsu, Fujikawaguchiko-mach Minimitsuru-gun, Yamanashi-ken 401-0392
Портал town.fujikawaguchiko.yamanashi.jp

Фуџикавагучико (јап. 富士河口湖町, Фуџикавагучико-мачи) — град во префектурата Јаманаши, Јапонија. Населението брои 25.538 жители, со густина на населеност од 161 жители на км² (јули 2012).[1] Градот зазема површина од 158,5 км².

Географија[уреди]

Фуџикавагучико се наоѓа на подножјето на планината Фуџи и го опкружува езерото Кавагучи, едно од петте езера на Фуџи.

Соседни општини[уреди]

Префектура Јаманаши

  • Оцуки
  • Цуру
  • Фуџијошида
  • Фуефуки
  • Нишикацура
  • Кофу
  • Минобу
  • Нарусава

Префектура Шизуока

  • Фуџиномија

Историја[уреди]

Подрачјето околу езерото Кавагучи е населено уште од џомонскиот период (илјадници години п.н.е.). Подоцна населбата била крајпатно место на патот од покраината Кај до покраината Суруга, и се споменува во летописите од хејанскиот период (794 -1185), каде воедно е забележано избувнувањето на Фуџи во 864 г. Во текот на периодот Едо (1603-1868), сета покраина Кај била територија под директна власт на Шогунатот Токугава. Со земјомерните реформи на почетокот на периодот Мејџи, на 1 јули 1889 подрачјето влегло во округот Минамицуру, во состав на префектурата Јаманаши, како што е и денес.

On 15 ноември 2003 г. градот Кавагучико ги припоил селата Кацујама и Ашивада, образовајќи го новиот град Фуџикавагучико. На 1 март 2006 во во состав на Фуџикавагучико влегле и делови од of Камикујшики, преземени од округот Нишијацуширо.

Образование[уреди]

  • Универзитет за здравствени науки

Клима[уреди]

Фуџикавагучико се одликува со влажна суптропска клима (Кепен: Cfa) што се граничи мошне близу со океанска клима (Кепен: Cfb).

Клима на {{{Место}}}
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек

Наводи[уреди]

  1. „統計で見る富士河口湖町“. „Портал на Фуџикавагучико“. Градска управа на Фуџикавагучико. http://www.town.fujikawaguchiko.lg.jp/ka/info.php?if_id=947&ka_id=8.  (јапонски)

Надворешни врски[уреди]