Фулканели

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Фулканели (1839 - 1953) е псевдоним за францускиот алхемичар и автор од 19 век чиј што вистински идентитет се уште не е откриен[1]. Неговиот живот и дело се обвиени со мистерија – што пак придонело тој да се смета како вистински културен феномен. Една од најекстравагантните приказни раскажува дека неговиот посветен ученик Еуген Кансеље успеал да претвори сто грама олово во злато употребувајќи го „философскиот камен“ кој што му го оставил неговиот учител.

Се верува дека на прагот на Втората светска војна, Абвер (тајната германска служба за разузнавање) го барала Фулканели поради неговите познавања од технологијата на нуклеарното вооружување. Фулканели се сретнал со некој француски атомски физичар при што му дал точни детали во однос на технологијата на нуклеарното вооружување и тврдел дека атомското оружје било употребено против човекот уште во дамнешната историја.

Според Кансеље (ученикот на Фулканели), неговата последна средба со Фулканели се случила во 1953 година (години подоцна по неговото исчезнување), кога отишол во Шпанија во некој замок високо во планините на договорена средба со неговиот некогашен учител. Кансеље го знаел Фулканели како старец во своите осумдесетти, но сега учителот се подмладил: бил човек во своите педесетти. Повторната средба била кратка, и Фулканели повторно исчезнал без трага и глас.

Наводи[уреди]

  1. Patrick Riviere Fulcanelli, p. 29, Red Pill Press Ltd, 2006 ISBN 978-1-897244-21-0

Надворешни врски[уреди]