Фулгефона
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Фулгефона | |
Поглед на Фулгефона |
|
| Тип | висорамнински глечери |
|---|---|
| Место | Квинхерад, Ода и Етне, Хордалан (Норвешка) |
| Координати | |
| Површина | 207 км2 |
| Должина | 36 км |
| Дебелина | макс. 375 м |
Глечерот Бондхус
Фулгефона норвешки: Folgefonna е збирен поим за три висорамнински глечери во Хардангер во округот Хордалан, Норвешка:
- Северна Фулгефона (26 км2)
- Средна Фулгефона (11 км2)
- Јужна Фулгефона (167 км2), трет по големина во копнена Норвешка.
Глечерската група во 2006 зафаќала вкупна површина од 207 км2. Во мај 2005 е основан Националниот парк Фулгефона, со што глечерите и околното подрачје добиле државна заштита.[1]
Во северниот дел на глечерот има летен скијачки центар. Најголемите ракави на Фулгефона се Бломстелскард, Бондхус и Буар. Од 1960 до денес, промените во Блостелскард (јужниот крај на Фулгефона) се незначајни. Меѓутоа, посеверните ракави Бондхус и Буер растеле кон крајот на 1990-тите, за да почнат да се повлекуваат во 2000 г.
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ Folgefonna og Fjordbygdene. 2008. (Бергенски универзитет) во Nord4, стр. 591
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Фулгефона“ |
- За Фулгефона - Водостопанска управа на Норвешка