Фудбалска Асоцијација на Израел
| Основана | 1928 |
| Примена во ФИФА | 1929 |
| Примена во | 1994 |
| Претседател Аврахам Лузон |
|
Фудбалската Асоцијација на Израел (хебрејски: ההתאחדות לכדורגל בישראל) е главна фудбалска организација во Израел.
Клубови со најдолга традиција се ФК Макаби Тел Авив (1906), ФК Макаби Петах Тиква (1912), ФК Макаби Хаифа (1919).
Фудбалската асоцијација е основана во 1928 година. Има 283 регистрирани клубови. Член на Светската Фудбалска Федерација ФИФА е пд 1929 година, а член на Европската Фудбалска Унија УЕФА е од 1994. До 1976 година, Израел бил член на Азиската Фудбалска Конфедерација АФЦ, но бил исфрлен од политички причини.
Лигата во Израел се игра од 1932 година. Најуспешен клуб е ФК Макаби Тел Авив. Купот на Израел прв пат е одигран во 1928 година. Најмногу победи имал клубот ФК Макаби Тел Авив.
Првиот меѓународен натпреват бил одигран во 1934 година во Каиро, Фудбалска репрезентација на Египет-Фудбалска репрезентација на Израел 7:1. Бојата на дресовите на репрезентацијата била бела. Националниот стадион Рамат Гану во Тел Авив има капацитет од 55,000 гледачи.
На Светските првенства националната селекција играла во 1970 година. Израел е единствената држава во светот која учествувала во квалификациите за Светското првенство во различни континентални групи, Азија (АФЦ) и Европа (УЕФА).
Надворешни врски [уреди]
- Официјална презентација
- Израел на веб порталот на ФИФА
- Израел на веб порталот на УЕФА