Фриц Шумахер (архитект)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Општински бањи Хамбург
Финансиска агенција (Finanzbehörde) Хамбург

Фриц Шумахер (4 ноември 1869 - 5 ноември 1947) бил германски архитект и урбан дизајнер.

Шумахер бил роден во дипломатско семејство во Бремен. Семејството Шумахер живееле таму од 15-от век.

Тој го поминал неговото детство во Богота, Колумбија (1872–74) и во Њујорк (1875–83). По студирањето во Минхен и Берлин, во 1901 Шумахер станал професор за внатрешен дизајн на Техничкиот универзитет во Дрезден. Таму проектирал многу општински згради, шесто со поранешниот студент и архитектонски скулптор Рихард Куел.

Во 1908, на возраст од 39, ја прифатил понудата како градежен директор на градот Хамбург. Неговите достигнувања за градежниот развој во Хамбург од тоа време до неговото повлекување во 1933, го промениле лицето на градот кон уметничкото и архитектонското движење Neue Sachlichkeit и ставил акцент на локалниот градежен материјал „циглата“. Наследството на неговите достигнувања се сè уште видливи во многу окрузи на Хамбург и денес, а многу често и основа за сегашните урбанистички проблеми на градот. Шумахер умрел во 1947, во болница во Хамбург.