Фримантл (Австралија)
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Фримантл (англ. Fremantle) е пристанишен град во Западна Австралија и се наоѓа 19 km југозападно од Перт, главниот град на државата, при устието на реката Сван на западниот брег на Австралија. Абориџинското име на областа е „Валјалуп“ (Walyalup). Фримантл бил првата населба на Колонистите на реката Сван во 1829 година. Прогласен е за град во 1929 година, и има население од околу 25.000 луѓе.
Градот го добил името по капетан Чарлс Хоу Фримантл, англиски поморски офицер кој прогласил поседување на Западна Австралија и основал камп на локалитетот. Градот содржи добро сочувани градби и други културни наследства од 19 век. Градот се нарекува со деминутивот „Фрио“ (Freo) во жаргонот на Западна Австралија.