Фризиско кралство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фризиско кралство
Fryske Ryk / Magna Frisia
600–734
Карта на Фризиското кралство
Главен град Дорестад, Утрехт и др.
Јазици старофризиски
Вероисповед германско паганство
Уредување Монархија
Крал
 -  ~ 678 Алдгисл
 -  ~ 680 - 719 Радбод
 -  719 - 734 Попо
Историја
 -  Основана 600
 -  Замрела 734
Површина 50.000 км²
Валута скет [1]
Фризиски скети (~710–735)

Фризиско кралство (фризиски: Fryske Ryk) или Голема Фризија (латински: Magna Frisia) — некогашна држава која се протегала на териториите на денешни Холандија и северна Германија, или поточно на територијата на Фризија. Фризиското кралство било основано во 600 г. и се распаднало по Битката за Боарн во 734 г. кога државата била поразена и освоена од царството на Франките.

Преселнички период[уреди]

За време на преселничкиот период, Фризите се населиле на северните и западните делови на денешна Холандија и Германија.[2] Фризите биле посветени на боречките способности и биле склони кон чести војни, но немале голема моќ. Во втората поливина на 7 век Фризиското кралство ја достигнала својата најголема моќ и географско проширување.[3]

Војни[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Фризиско-франкиски војни.

Фризите имале доста војни преку кои ја достигнале својата најголема моќ. Војската била предводена од водачот на државата, за кој пак има повеќе различни верзии за неговата титула. Според едни извори водачот на Фризите се нарекувал војвода, а според други крал. Како и да е, денес се зачувани записи само за тројца фризиски кралеви: Алдгисл, Радбод и Попо.

После освојувањето на Франките[уреди]

После Битката на Боатн во 734 г, Франките ја анексирале територијата на Фризите. Територијата источно од Лауерс била освоена во 785 г, кога Карло Велики го поразил Виндукинд. Територијата на Фризија се сметала за еден вид округ во царството на Франките.[4] За време на Карло Велики била создадена и книгата Законик на Фризите (Lex Frisionum), кој бил испишан на латински јазик.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. De eerste koningen van Nederland, стр. 22, Aspekt útjouwerij, стр. 205. ISBN 978-90-5911-323-7
  2. Halbertsma, H. (1982), Frieslands Oudheid (pdf-file), стр. 792.
  3. Van Es, W.A. en Hessing, W.A.M. (1994), Romeinen, Friezen en Franken, in het hart van Nederland, page 90.
  4. Homan 1957, стр. 205.

Литература[уреди]

  • H. Halbertsma Frieslands Oudheid, 2000, ISBN 978-90-5345-167-0
  • G. Verwey, Geschiedenis van Nederland, Amsterdam, 1995.
  • P. Pentz e.o., Koningen van de Noordzee, 2003.
  • J.J. Kalma e.o. Geschiedenis van Friesland, 1980.