Фра Џокондо
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Фра Џокондо или Фра Џовани Џокондо (италијански: Fra Giocondo или Fra Giovani Giocondo) бил калуѓер-инженер, архитект, старинар, археолог и класичен научник. Роден е во Верона околу 1445, а починал во Венеција околу 1525 година.
[уреди] Престој во Франција
Во периодот помеѓу 1496 и 1499 Џакондо бил поканет во Франција од кралот, каде бил назначен за кралски архитект. Таму тој изградил два неверојатно атрактивни моста, Нотрдамскиот мост и Малиот мост. Тој исто така го изградил и дворецот Chambre des Comptes, златната соба на парламентот и замокот Гајон во Нормандија, од кој една фасада била прместена во Школата за убави уметности за да служи како модел за студентите по архитектура.
[уреди] Одбрана на Падова
Едно од најголемите достигнувања на Фра Џокондо била одбраната на венетскиот град of Падова во 1509. Тој контроверзно ги срушил средновековните кулисни ѕидови и околу градот ископал ров кој можел да биде напаѓан бочно од ниско поставени пушкарници.
Овој тип на војување бил импровизиран претходник на типот на утврдување наречен италијанска траса која нашла широка примена во хабсбуршко-валојскиот конфликт и Италијанските војни во раниот 16 век.