Франш-Конте

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Франш-Конте
—  Регион на Франција  —

Знаме
Службено лого на Франш-Конте
Лого
Земја Франција
Префектура Безансон
Департмани
Управа
 • Претседател на советот Мари-Маргерит Дифе (PS (Социјалистичка партија))
Површина
 • Вкупна 16.202 км2
Население (2008-01-01)
 • Вкупно 1.159.000 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
ISO 3166 FR-I
NUTS FR43
Портал franche-comte.fr

Франш-Конте (француски изговор: [fʁɑ̃ʃ kɔ̃te]; франко-контски: Fraintche-Comtè; франко-провансалски:Franche-Comtât) е регион и традиционална провинција во источна Франција. Се состои од департманите: Ду, Јура, Горна Сона и Територија Белфор и има 1,159,000 жители (2008).

Позначајни градови се градовите Безансон, Белфор, и Монбелјар. Други значајни градови се Дол (престолнина пред регионот да биде освоен од страна на Луј XIV во доцниот 17-ти век), Везул (главен град на Горна Сона), Арбоа ("винската престолнина" на Јура), и Лон-ле-Соние (главен град на Јура).

Историја[уреди]

Регионот бележи човечко присуство уште во времето на Палеолитот и бил населен од страна на Галите. Во 5 век бил дел од териториите на Алеманите а потоа и дел од Кралството Бургундија од 457 до 534. Бил христијанизиран под влијание на Свети Колумбан, кој тука основал неколку манастири. Во 534, станал дел од франското кралство. Во 561 бил дел од меровиншкото кралство Бургундија, под власта на Гунтрам, третиот син на Клодовик I. Во 613, Клотар II го обединил франското кралство под своја власт а регионот останал дел на Кралството Бургундија за време на Меровинзите и Каролинзите. Регионот потпаднал под власт на Светото римско царство во 1034 и тој дефинитивно се отцепил од војводството Бургундија сé дури повторно не станал дел од Франција во 1477. Таа година во битката кај Нансси во текот на Бургундските војни, бил убиен во битка последниот војвода Карло Ќелавиот. Регионот преминал под власт на Австрија во 1481 и Шпанија во 1556. Франција го повратила овој регион во 1668 но го вратила со договорот од Екс-ла-Шапел. Тој по вторпат бил освоен во 1674, и конечно бил отстапен на Франција во 1678. Енклави како Монбелијар останале надвор од француска контрола. Од 1851 до 1946 населението се намалило за една петтина поради миграцијата село-град (најмногу во Горна Сона и Јура).

Администрација и политика[уреди]

Администрација на Франш-Конте

Регионот е поделен на четири департмана а најнаселен е Ду додека најгусто населен е Територија Белфор.

Департман Број на департман Население Густина на население Главен град
Ду 25 522 685 100 жит./km² Безансон
Јура 39 260 740 52 жит./km² Лон-ле-Соние
Горна Сона 70 238 548 45 жит./km² Везул
Територија Белфор 90 141 958 233 жит./km² Белфор

Франш-Конте се состои од 1.786 општини. По францускиоте локални избори во 2007, двајца советници се припадници на социјалистите а единаесет на УМП. 55% од жителите на Франш-Конте на претседателските избори својот глас го дале за Никола Саркози во вториот круг на претседателските избори во 2007. Со регионот раководи Мари-Маргерит Дифе, припадничка на Социјалистичката партија.

Географија[уреди]

ЕзеротоВуглан во Јура

Местоположба[уреди]

Франш-Конте се наоѓа во западно-централниот дел на Европа. Сместен во источниот дел на Франција се граничи со Швајцарија во близина на Германија и Италија.

Топографија[уреди]

Франш-Конте е планински регион и содржи значаен дел од планинскиот масив Јура, на границата со Швајцарија. На север од регионот се наоѓа планинскиот масив Вогези (еден дел од Алзашки Балон се наоѓа во Франш-Конте). Трите највисоки планински врвови се Крет Пела на височина од 1495 метри (во Јура), Златниот рид на височина од 1463 m во департманот Ду и Алзашки Балон на височина од 1247 метри во територијата Белфор. Повисоките врвови на масивот Јура се наоѓаат во Швајцарија или во департманот Ен.

Хидрографија[уреди]

Регионот поседува речна мрежа во должина од 5350 км од кои на 4549 км можен е риболов а 320 км од реките се пловни.. Главни реки во регионот се Сона, Ена, Кујзанс, Ду, Лу, Оњон, Бјен, Валуза, Сирана, Сеј, Ерисон, Савуреза, Отриш, Ален или Алан (во Франција), Лизон. Се бројат и 80 природни или вештачки езера како Рус (езеро) Рус, Шален, Верноа, езерото Ламура (езеро), Везул-Вевр, Сен-Поан, Реморе, Нарле и познатото езеро Вуглан која е трета француска акумулација со своите 605 милиони кубни литри вода.

Население[уреди]

Населението во регионот броело 1.151.000 жители во 2007. Порастот на населението изнесувал околу 0,20 % годишно меѓу 1990 и 1999[1]. Од демографски аспект, Франш-Конте е релативно густо населен иако на високите висорамнини и басени населението се раселило во градовите напуштајќи ги селата и малите градови. Од друга страна има два големи демографски басени и двата ситуирани во департманот Ду. Во Безансон и околината, живеат повеќе од 220.000 жители и тој е најзначајниот град во регионот. Само во градот Безансон има 134.000 жители, потоа следат Монбелиар, 117.000 жители и Белфор, 92.400 жители. 5,9 % од населението на Франш-Конте се имигранти во однос на 7,4 % на национално ниво, и тоа од земји како Мароко (15,7 %), Алжир (14,1 %), Португалија (13,9 %), Италија (12 %) и Турција (10,6 %).

Поважни градови[уреди]

Сите податоци се преземени од INSEE за 2008.
Ville Департман Население Градска површина
Безансон Blason département fr Doubs.svg Ду 117 599 236 968
Белфор Blason département fr Territoire de Belfort.svg Територија Белфор 50 346 107 876
Монбелијар Blason département fr Doubs.svg Ду 26 207 180 622
Дол Blason département fr Jura.svg Јура 25 384 41 535
Понтарлие Blason département fr Doubs.svg Ду 18 639 31 258
Лон-ле-Соние Blason département fr Jura.svg Јура 18 122 57 007
Везул Blason département fr Haute-Saône.svg Горна Сона 16 271 46 511
Оденкур Blason département fr Doubs.svg Ду 14 534 Монбелијар
Сен-Клод Blason département fr Jura.svg Јура 11 523 13 227
Валентиње Blason département fr Doubs.svg Ду 11 509 Монбелијар
Ерикур Blason département fr Haute-Saône.svg Горна Сона 10 547 Монбелијар
Лир Blason département fr Haute-Saône.svg Горна Сона 8 264 12 840
Шампањол Blason département fr Jura.svg Јура 8 098
Ликсеј-ле-Бен Blason département fr Haute-Saône.svg Горна Сона 7 482 15 594
Морто Blason département fr Doubs.svg Ду 6 499
Гре Blason département fr Haute-Saône.svg Горна Сона 6 088 18 313
Бетонкур Blason département fr Doubs.svg Ду 6 057 Монбелијар
Дел Blason département fr Territoire de Belfort.svg Територија Белфор 6 000
Селонкур Blason département fr Doubs.svg Ду 5 913 Монбелијар
Морез Blason département fr Jura.svg Јура 5 508
Бом-ле-Дам Blason département fr Doubs.svg Ду 5 317
Валдоа Blason département fr Territoire de Belfort.svg Територија Белфор 5 044 Белфор
Бокур Blason département fr Territoire de Belfort.svg Територија Белфор 5 008 Монбелијар

Економија[уреди]

Музеј на Пежо во Сошо

Земјоделското производство се потпира на одгледување говеда (Монбелијард) и производство на сирење. Значајно е и одгледувањето на житните култури (144 380 ha) и маслодајните култури (38 450 ha) [2]. Регионот поседува и виногради во областа Јура и и се произведува вино од пет различни сорти. Значајно е и шумартството со самиот факт дека шумите опфаќаат 42% од вкупната територија на регионот. Франш-Конте, пропорционално со неговата популација е првиот индустриски регион во Франција, 6 од 10 вработувања се во стопанските гранки а нивото на невработеност изнесува околу 8,5 %. Бруто домашниот производ, БДП по жител во 2002 изнесувал 21897 €. Тој воедно е и регион со најразвиен извоз во Франција. Во 2003, БДП се искачил на 25,6 милијарди евра[3] или 1,6% од националниот БДП. Монбелијар-Белфор е економски центар на регионот, особено посветен на автомобилската индустрија и на TGV. Индустрискиот Пежо – Цитроен Сошо е прв во Франција со 13.841 вработени во септември 2006 а воедно и најголемиот работодавец во регионот. Пежо и неговите филијали заземаат 10 % од производството на Франција.

Туризам[уреди]

Зимски центар Метабиеф

Во тек на зимската сезона, туризмот е сконцентриран на планинските масиви (главно во туристичките центри Рус и Метабиеф). Центрите не се адаптирани за алпско скијање но сепак, рекреативното се практикува на повеќе места. Во летниот период Франш-Конте им нуди на туристите активности како велосипедизам околу Алзашкиот Балон, риболов на брегот на реките и езерата, како и речен туризам во долината на Сона.

Јазик[уреди]

Жителите на Франш-Конте освен на службен француски јазик зборуваат и на други два јазика:

  • Франко-конски јазик, на север
  • Франкопровансалски, на југ

Франко-контски јазик[уреди]

Франко-контскиот јазик [4] е дијалект кој припаѓа на јазиците оил и се зборува во Франш-Конте. Се користи во Јура во Швајцарија. Франко-контскиот јазик е дел од групата јазици во кои спаѓаат и пикардискиот, валонскиот како и лоренскиот. Овие јазици имаат заеднички карактеристики а воедно и германско влијание. Јазикот се зборува во Горна Сона, Територија Белфор, Ду, во дел на источна Јура, како и во кантонот Јура во Швајцарија и во еден мал дел на департманот Горна Рајна во Алзас.

Франкопровансалски јазик[уреди]

Јужниот дел на Франш-Конте (јужно во департманите Јура и Ду) зборува на « франкопровансалски јазик » [5]. Франкопровансалскиот е еден од трите големи романски јазици, заедно со окситанскиот (јазик ок) и групата оил. Овој јазик поседува бројни локални варијанти и се дели на бројни дијалекти. Постои дијалектална варијанта која се зборува на југот на Франш-Конте наречена јурски јазик.

Културно наследство[уреди]

Регионот благодарение на бурното минато бележи големо културно наследство а воедно се карактеризира со зачувани питорескни села. Едни од позначајните споменици на културата се:

Познати личности[уреди]

Луј Пастер е роден во 1822 во Дол (Слика на Алберт Еделфелт)

Гистав Курбе,
Виктор Иго,
Папата Каликст II,
Луј Пастер,
Жорж Кивие,
Тристан Бернар,
Пјер Верние

Наводи[уреди]

  1. Variation de population en Franche-comté Insee; 2003
  2. DRAAF Besançon, Service régional de l'information statistique et économique, Mémento de la statistique agricole édtion 2010, p. 14
  3. Le PIB Franc-comtois en 2003 Insee, 2006
  4. Le franc-comtois
  5. Le francoprovençal

Книжевни дела[уреди]

  • (француски) Guy Louis Anguenot, nouvelles comtoises
  • (француски) Denis Maraux et Véronique Vuillemin-Filippi, Franche-Comté, Déclics, 2004 (ISBN 2-84768-053-5)
  • (француски) Jean-François Solnon, Quand la Franche-Comté était espagnole, Fayard, 1989 (ISBN 978-2-213-02339-7)

Надворешни врски[уреди]