Франческо I Сфорца
| Франческо I Сфорца | |
|---|---|
| Сопруг | Полисена Руфо Бјанка Марија Висконти |
| Династија | династија Сфорца |
| Татко | Муцио Сфорца |
| Мајка | Луција де Торсано |
| Роден/а | 23 јули 1401 Сан Минијато |
| Починал/а | 8 март 1466 (на возраст од 64 г.) Милано |
Франческо I Сфорца (роден на 23 јули 1401 - починал на 8 март 1466) бил војвода од Милано и основач на династија Сфорца во Милано.
Франческо Сфорца е роден во Сан Минијато, Тоскана како еден од седумте нелегитимни синови на Муцио Сфорца и Луција де Торсано. Во 1418 година се оженил со Полисена Руфо. Тој служел на династија Висконти против Венецијанската република а потоа и на самата Венеција против Висконтите. Во 1432 година, Бјанка Марија Висконти како единствена ќерка на владетелот на Милано Филипо Марија Висконти била свршена со Франческо и му биле доделени Понтремоли и Кремона, како и наследство на тронот по смртта на војводата. Во 1433 година го предводел нападот против папските членки.
Во 1450 година станал војвода на Милано, заедно со неговата сопруга.