Француска култура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Културата на Франција и на францускиот народ е создадена според географијата, според целосни историски настани и според странски и внатрешни сили и групи. Франција, и посебно Париз, играат важна улога како центар на висока култура и декоративни уметности, уште од 17-от век, првенствено во Европа, и од 19-от век понатаму, низ целиот свет. Од подоцнежните години на 19-от век, Франција исто така игра важна улога и во филмската индустрија, модата и кујната. Важноста на француската култура растела и опаѓала низ текот на вековите, во зависност од нејзината економска, политичка и воена важност. Денес, француската култура е обележана како со одлични регионални и социоекономски разлики, така и со силни обединувачки стремежи.

Проблеми во дефинирањето на 'француската' култура

Од каде и да потекнуваме, 'културата' се состои од мислења и вредности стекнати низ процесот на социјализација како и низ материјалните ракотворби. Културата е збирка од верувања, вредности, норми и материјални добра, придонесени од група членови. Културата се состои од се она кое го учиме низ нашиот животен тек-од детството до староста. Сепак, концепцијата на 'француската' култура претставува одредени тешкотии и подразбира серија на претпоставки за тоа што поточно значи изразот 'француски'. Додека американската култура го утврдува ставот за мешавината на раси и културното разнобразие, изразот 'француска култура' се стреми кон имплицинтниот однос кон посебен географски ентитет ( како, да речеме, 'метрополска Франција', обично ги исклучува своите прекуокенски области ) или кон посебна историско-социолошка група, дефинирана според етничка определба, јазик, религија и географија. Меѓутоа, вистините на 'француството' се мошне комплицирани. Дури и пред крајот на 18-от, 19-от век, 'метрополската Франција' била во голема мерка, колаж на локални обичаи и регионални разлики кои обединувачките цели на Античкиот режим и Француската револуција штотуку започнале да работат против, и Франција денес останува земја на бројни домашни и странски јазици, на повеќе етноси и религии, и на регионална разновидност, која вклучува француски државјани во Корзика, Гвадалупе, Мартиник и на други места ширум светот. Создавање на некој вид на типична или поделена француска култура или "културен идентитет", и покрај оваа голема хетерогеност, е резултат на моќни внатрешни сили - како францускиот образовен систем, задолжителниот воен рок, државните јазични и културни политики - и со длабоки историски настани - како француско-пруската војна и двете светски војни - кои имаат смислено чувство на национален идентитет во текот на последните 200 години. Сепак, и покрај овие обединувачки сили, Франција денес останува обележана со социјалната класа и со важни регионални разлики во културата (кујна, дијалект / акцент, локалните традиции) за што многумина стравуваат дека нема да може да се спротивстави на современите општествени сили (депопулација на селата, имиграција , централизација, пазарните сили и на светската економија). Во последниве години, за да се изборат со губењето на регионална разновидност, многумина во Франција промовираа форми на мултикултурализмот и охрабруваат културни енклави (communautarisme), вклучувајќи ги реформите на заштитата на регионалните јазици и децентрализација на одредени владини функции, но францускиот мултикултурализам има потешкотии за прифаќање или за интегрирање во колективниот идентитет, поголемите нехристијански и имигрантски заедници и групи кои доаѓаат во Франција од 1960-тите. Последните 50 години, исто така, видоа француски културен идентитет на кој му се "закануваа" глобалните пазарни законитости и американската "културна хегемонија". Од зделките со слободните трговски преговори со GATT во 1993г., Франција се бореше за она што го нарекува exception culturelle, што значи право да субвенционира или негува охрабрувачки домашната културна продукција и да се ограничат или контролираат странските културни производи. Замислата за експлицитен exception française, сепак налути многу од критичарите на Франција. Французите често се сметаат за многу горди кога станува збор за националниот идентитет и позитивните постигнувања на Франција (изразот "шовинизам" е од француско потекло) и културните прашања се поинтегрирани во телото на политиката отколку на друго место. Француската револуција тврди универзализам за демократските принципи на Републиката. Шарл де Гол активно ја промовираше идејата на француската "grandeur" ("величенственост"). Согледаните опаѓања во културниот статус се прашање на национален интерес и имаат предизвикано национални дебати. Според основата на Хофстед за оценување на култури, културата на Франција е умерено индивидуална и високо моќна и богата Сега, меѓурасната мешавина на некои домородни Французи и новодојденците е претставена како енергична и горда карактеристика на француската култура, од популарната музика до филмови и литература. Тоа значи дека, покрај мешање на населението, постои и културна мешавина (le métissage culturel) која е присутна во Франција. Тоа може да се спореди со традиционалната американскa концепција на мешавина на раси . Можеби француската култура веќе била измешана од други раси и етнички групи, во случај на некои биографски истражувања на можноста за африканско потекло на мал број на познати француски државјани. Авторот Александар Дима, има една четвртина Хаити потекло, а царицата Жозефина на Наполеон, која е родена и израсната на Француските Антили,е од земјопоседничко семејство. Можеме исто така да ја спомнеме и најпознатата француска пејачка Едит Пјаф чија баба била Североафриканка, од Кабили.

Јазик

Француската Академија постави официјални стандарди за јазичната чистота; сепак, овој стандард, кој не е задолжителен, дури е и повремено игнориран од самата влада: на пример, левоориентираната влада на Лионел Жоспен се наметнува за феминизација на имињата на некои функции (madame la ministre), додека Академијата се залага за некои потрадиционални ( madame le ministre. ) Превземени се и некои дела од страна на Владата со цел да се промовира француската култура и францускиот јазик. На пример, постои систем на субвенции и повластени кредити за поддршка на француската кинематографија. Законот Тубон, од името на конзервативнот министер за култура кој го промовираше, налага задолжително да се користи францускиот јазик во рекламите насочени кон општата јавност. Имајте на ум дека за разлика од некои недоразбирања пронајдени во англофонските медиуми, француската влада ниту го регулира јазикот кој се користи од страна на приватни партии во не-комерцијалните поставувања, ниту задолжува француските сајтови да се на француски. Франција има многу регионални јазици, некои од нив се многу различни од стандардниот француски, како што се бретонскиот и алзаскиот. Некои регионални јазици се романски, како францускиот, како окситанскиот. Баскискиот јазик е целосно неповрзан со францускиот, ниту па со било кој друг јазик во светот, а неговото подрачје ја опфаќа границата меѓу југозападниот дел на Франција и северот на Шпанија. Многу од тие јазици имаат ентузијастички застапници, но вистинската важност на локалните јазици останува предмет на дебата. Во април 2001 година, министерот за образование, Џек Ланг, призна формално дека за повеќе од два века, политичките сили на француската влада ги потиснуваат регионалните јазици, и најави дека двојазичното образование ќе се признае за прв пат, како и дека двојазични наставници ќе се регрутираат во француските јавни училишта. Англискиот, во училиштата, се учи како втор јазик. Ревизија на францускиот устав за започнување на официјалното признавање на регионалните јазици беше имплементирана од страна на Собранието во Конгресот во Версај во јули 2008 година.

Религија

Франција е секуларна земја, каде што се зачувани слободата на мислата и на религијата, врз основа на декларацијата за правата на човекот и на граѓанинот, од 1789г. Републиката се заснова на принципот на laïcité, кој значи слобода на религијата (вклучувајќи агностицизам и атеизам) спроведен од законите на Жил Фери и Законот за одвојување на државата и црквата, од 1905г., донесен на почетокот на третата Република (1871-1940). Анкета, спроведена во јануари 2007г., покажа дека 61% од Французите се декларираат како католици, 21% како атеисти, 4%, како муслимани, 3% како протестанти, 1% како будисти, и 1% како Евреи. Франција ја гарантира слободата на религијата како уставно право и владата генерално го почитува ова право во пракса. Долги насилни конфликти помеѓу одредени групи ја одведоа државата до кинење на своите врски со Католичката црква, во почетокот на минатиот век и донесе силно решение за поддржување на целосно нецрковен јавен сектор.

Католицизам

Римокатоличката црква отсекогаш играла значајна улога во француската култура и во животот на Французите. Повеќето од Французите се Римокатолички христијани, и иако многу од нив се секуларни, тие сепак го почитуваат католицизмот. Римокатоличката вера повеќе не се смета за државна религија, како што било пред револуцијата во 1789г. и во текот на различни, не-републикански режими на 19-ти век . Официјалната поделба на Католичката црква и државата ("Séparation de l'Eglise et de l'Etat") се случила во 1905 г., и оваа голема реформа ја нагласила лаицистичката и антисвештеничката атмосфера кај француските републиканци во овој период. На почетокот на 20 век, Франција во голема мера била рурална земја со конзервативни католички обичаи, но по сто години од тогаш, провинцијата се намали, и населението во голема мера станува се повеќе секуларно. Една анкета, спроведена од Харис Интерактив, во декември 2006г., објавена во Фајненшл тајмс, покажа дека 32% од Французите се опишале себеси како агностици, уште 32% како атеисти и само 27% веруваат во Бог или друго возвишено суштество.

Ислам

По католицизмот, исламот е втората по големина вера денес во Франција, која има поголема муслиманска популација (во проценти) од било која друга западно европска земја. Ова е резултат на имиграцијата и постојаната семејна конолизација во Франција, од 1960г. па натаму, на групи од, главно, Северна Африка (Мароко, Алжир, Либија, Тунис) и, во помала мера, други области, како што се Турција и Западна Африка. Иако во Франција на владата и е забрането со пописите да се собираат податоци за религиозните верувања, пресметките и анкетите го одредуваат процентот на муслимани помеѓу 4% и 7%.

Јудаизам

Тековната Еврејска заедница во Франција брои околу 600.000, според Светскиот еврејски конгрес и 500.000 според Обединетите Евреи во Франција, а се наоѓа главно во градските подрачја на Париз, Марсеј и Стразбур. Историјата на Евреите во Франција датира околу 2000 години. Во раниот среден век, Франција била центар на еврејското учење, но со текот на средниот век, се зголемувало и прогонството. Франција била првата земја во Европа која со Француската револуција го ослободила еврејското население, но и покрај правната еднаквост антисемитизмот остана под знак прашалник, како што е илустрирано во аферата Драјфус од крајот на 19-ти век. Сепак, со Декретот на Cremieux, од 1870г. , Франција обезбедила целосно државјанство за Евреите во Алжир, кој тогаш бил под француска власт. И покрај смртта на една четвртина од сите француските Евреи за време на Холокаустот, Франција во моментов има најголема еврејска популација во Европа.

Будизам

Будизмот е четврта најголема религија во Франција, по христијанството, исламот и јудаизмот. Франција има над двесте будистички медитацијски центри, вклучувајќи и околу дваесет значителни центри во руралните области. Будистичкото население се состои главно од кинески и виетнамски имигранти, со значителен број на домородни Французи и "симпатизери." Зголемената популарност на будизмот во Франција е предмет на значителни дискусии во француските медиуми во последниве години. Култови и нови религиозни движења Франција ја создаде првата француска парламентарна комисија за култни активности во 2006г., што доведе до извештај со регистрирана бројка на култови која смета за опасна. Поддржувачите на ваквите движења го критикуваа извештајот врз основа на почитување на верската слобода. Поддржувачите на одредбата тврдат дека во извештајот се наведени само опасните култови, и државниот секуларизам ја гарантира верската слобода во Франција.

Регионални обичаи и традиции

Современата Франција е резултат на градењето на нацијата низ вековите и на усвојувањето и интеграцијата на голем број на историски провинции и прекуокеански колонии во својата географска и политичка структура. Сите овие региони еволуирале со нивните сопствени специфични културни и лингвистички традиции во модата, верските обреди, регионалниот јазик и акцент, семејната структура, кујната, слободните активности, индустријата, итн. Еволуцијата на француската држава и култура, од ренесансата до денес, сепак промовираше централизација на политиката, медиумите и културна продукција во и околу Париз (и, во помала мера, околу другите поголеми градски центри) и индустријализацијата на земјата во 20-ти век доведе до големо движење на францускиот народ од селата во урбаните средини. На крајот на 19-ти век, околу 50% од Французите и нивната живеачка зависеле од земјиштата; денеска француските земјоделците сочинуваат само 6-7%, додека 73% живеат во градови. Во француската литература од деветнаесетиот век има изобилство на провинциска младина која "доаѓа" во Париз да "успее" во културниот, политичкиот или социјалниот свет (оваа интрига е честа во романите на Балзак). Политиките донесени од страна на Третата француска република исто така го поддржуваа ова раселување преку задолжителниот воен рок, централизираниот национален образовен систем и сузбивање на регионалните јазици. Додека владината политика и јавна дебата во Франција во последните години се вратија на валоризација на регионалните разлики и повик за децентрализација на одредени аспекти на јавната сфера (понекогаш со етничка, расна или реакционерна конотација), историјата на регионалното раселување и природата на современата урбана средина и на медиумите и културата го направија зачувувањето на регионалното "чувство на потекло или култура" во Франција денес исклучително тешко. Имињата на историските француски провинции - како што се Бретања, Бери, Орлеане, Нормандија, Лангдок, Лион, Дофин, Шампањ, Поату, Гијен и Гаскоња, Бургундија, Пикардија, Прованса, Лимузен, Оверњ, Берн, Алзас, Фландрија, Лорен, Корзика, Савој се уште користат за назначување на природни, историски и културни региони, и многу од нив се појавуваат во современото подрачје или како имиња на области. Овие имиња се исто така се користат од страна на Французите во нивната само-идентификација на семејното потекло. Постојат огромни разлики во животниот стил, социоекономскиот статус и погледот на светот меѓу Париз и провинциите. Французите често го користат изразот "la France profonde" да го назначат длабоко "францускиот" аспект на провинциски градови, селскиот живот и руралните земјоделски култури, кои избега од хегемонијата на Париз. Изразот сепак може да има пејоративно значење, слично на изразот "le désert français" ("француската пустина") кој се користи за да се опише недостатокот на модернизацијата на провинции. Уште еден израз, "terroir" е француски термин кој првично се користел за виното и кафето да ги означат посебните карактеристики кои географските подрачја ги дарувале на овие производи. Тој може да биде слободно преведен како "чувство на место", кое е отелотворено во одредени квалитети, и збирот на ефектите што локалната средина (особено "почвата") имала врз растот на производот. Во прилог на својата матична територија, Франција исто така се состои од прекуокеански области составени од нејзините поранешни колонии на Гвадалупе, Мартиник и Француска Гвајана на Карибите, и Мајоте и Реунион во Индискиот Океан. Овие прекуокеански подрачја имаат исти политички статус како метрополските области и се составен дел на Франција, (како што и Хаваи претставува држава и е составен дел од САД), но тие исто така имаат специфични културни и лингвистички традиции кои ги издвојуваат. Одредени елементи од прекуокеанската култура беа воведени и во метрополската култура. Индустријализацијата, имиграцијата и урбанизацијата во деветнаесеттиот и во дваесеттиот век создале, исто така, нови социо-економски регионални заедници во Франција, кои се урбани (како Париз, Лион, Вијурбан, Лил, Олимпик Марсеј, итн.) а задгрбнините во предградијата на работничката класа (како Сена-Сен-Дени) на урбани агломерации (наречени banlieues ("предградија", понекогаш оквалификувани како "chic" или "pauvres") или les cités ("станбени проекти"), кои имаат развиено свое "чувство на место" и локална култура (слично како различни реони на градот Њујорк или предградијата на Лос Анџелес), како и културен идентитет.

Други специфични заедници

Париз се поврзува со нетрадиционални, уметнички или интелектуални субкултури, многу од кои, вклучуваат туѓинци. Таквите субкултури ги вклучуваат "боемите" од средината на XIX век, импресионистите, уметничките кругови на Belle Epoque (уметници како Пикасо и Алфред Жари), дадаистите, надреалистите, "изгубената генерација" (Хемингвеј, Гертруда Штајн) и пост-воените "интелектуалци" поврзани со Монпарнас (Жан Пол Сартр, Симон де Бовоар). Франција има околу 280,000-340,000 Роми, општо познати како Gitans, Tsiganes, Romanichels (нешто погрдно), Bohémiens, или gens du voyage ("патници"). Постојат геј и лезбејски заедници во градовите, особено во Париз (како областа Le Marais). Иако хомосексуалноста во Франција можеби не е толку добро прифатена како во Шпанија, Скандинавија и нациите на Бенелукс, анкетите покажуваат значителна промена во ставовите во споредба со другите западноевропски земји. Од 2001 година, 55% од Французите ja сметаат хомосексуалноста за "прифатлив начин на живот." Сегашниот градоначалник на Париз, Бертран Делано, е геј. Во 2006 година, анкетата Ипсос покажува дека 62% ги поддржувале истополовите бракови, додека 37% биле против. 55% сметаат дека геј и лезбејските парови не треба да имаат родителско право, додека 44% сметаат дека на двојките од ист пол треба да им биде дозволено да посвојуваат.

Општествена класа

И покрај рамноправните аспекти на француското општество, француската култура останува обележана со социјално-економската класа како и со многуте класни разлики. Семејство Домаќинство Како резултат на вредностите на католичката црква и руралните заедници, столбот на француското општество, според обичаите било семејството. Во текот на дваесеттиот век, "традиционалната" семејна структура во Франција еволуирала по Втората светска војна, од проширени во нуклеарни семејства. Од 1960-тите, во Франција браковите се намалени, а разводите се зголемени, и бракоразводното право и правното семејно реноме еволуирале, како би се одразиле на овие општествени промени. Според бројките на INSEE, домаќинските и семејни состави во престолнината на Франција продолжуваат да се развиваат. Најзначајните покажуваат дека од 1982г. до 1999г., семејствата со еден родител се зголемени од 3,6% на 7,4%; исто така, имаше зголемување на бројот на невенчаните парови, бездетни парови, и невенчани мажи (од 8,5% до 12,5) и жени (од 16,0 % на 18,5%). Нивните анализи покажуваат дека "еден, од три стана, се зафатени од страна на граѓанин кој живее сам, и еден, од четири стана, се зафатени од бездетни парови .." Изгласано од страна на францускиот Парламент, во ноември 1999г., проследено со неколку контроверзности, pacte civil de solidarité ("граѓански пакт на солидарност"), попознат како Pacs, е форма на граѓанска заедница меѓу две возрасни лица (од ист пол или од спротивен пол) за организирање на нивниот заеднички живот. Оваа спогодба носи права и одговорности, но не како бракот. Од правна гледна точка, PACS претставува "договор" изготвен помеѓу две индивидуи, кој е заверен и регистриран од страна на службеник на судот. Поединците кои се имаат регистрирано за ваков договор се уште се сметаат за "невенчани" во однос на статусот на семејството и за одредени цели, но се повеќе се третираат на ист начин како и брачните двојки. Додека владата на премиерот Лионел Жоспен во 1998 г. пробувала да го пробие ова, истовремено било и отфрлано, претежно од луѓе на десничарското крило кои ги поддржуваат традиционалните семејни вредности и кои тврдеа дека овој договор и признавањето на хомосексуалните синдикатите ќе биде катастрофално за француското општество. Во моментов, истополовите бракови се правно признати во Франција. Сепак, овие бракови биле фактор од големо значење на претседателските избори во 2012г. помеѓу Франсоа Холанд и Никола Саркози. Саркози, кој ја претставува десничарската партија, е противник на хомосексуалните бракови, додека Франсоа Оланд, претставник на левото крило на социјалистичка партија, ги поддржува. Оланд беше избран за претседател во мај 2012 година и француската законодавна власт е моментално во процесот на пишување и донесување закони за истополови бракови.

Улогата на државата

Француската држава има клучна улога во промовирањето и поддршката на културата преку образовни, јазични, културни и економски политики на Владата и преку својата промоција на националниот идентитет. Поради близината на овој однос, културните промени во Франција се често поврзувани со, или предизвикуваат, политички кризи. Односот помеѓу француската држава и култура е стара врска. Под водство на Ришелје, претставникот на Луј XIII-ти, независната Француската академија падна под државна контрола и стана официјален орган за контрола на францускиот јазик и литературата од седумнаесеттиот век. За време на владеењето на Луј XIV-ти, неговиот претставник Жан-Батист Колбер ги донесе под кралски надзор француските луксузни индустрии, како текстилот и порцеланот, а архитектурата, мебелот, модата и протоколот на кралскиот двор (особено во замокот Версај) станаа истакнати примери на благородната култура во Франција (и, во голем степен, низ Европа) за време на втората половина на XVII век. На моменти, француските државни политики се обидоа да ја обединат државата со одредени културни норми, додека пак понекогаш тие ги подржуваа регионалните разлики во рамките на разновидниот француски идентитет. Обединувачкиот ефект бил посебно веродостоен на "радикалниот период" на Третата Француска република која се борела против регионализмите (вклучувајќи ги и регионалнитете јазици), го поддржувала антиклерикализмот и строгата одвоеност на црквата од државата (вклучувајќи го и образованието) и активно го промовирала националниот идентитет, на тој начин претворувајќи (како што се изрази историчарот Еуген Вебер) една "земја на селани, во нација на Французи". Режимот Виши, од друга страна, ги поддржа регионалните "народни" традиции. Културните политики на ( тековната ) Петтата Француска република, се различни, но се чини дека постои консензус околу потребата за зачувување на француските регионализми (како храната и јазикот) се додека тие не го нарушат националниот идентитет. Во меѓувреме, француската држава и понатаму останува амбивалентна во врска со интеграцијата во "француската" култура на културните традиции од последните имигрантските групи и од странски култури, особено американската култура (филмови, музика, мода, брза храна, јазик, итн.) Исто така, постои и одреден страв околу истакнатата загуба на францускиот идентитет и култура во европскиот систем и под американската "културна хегемонија".

Образование

Францускиот образовен систем е високо централизиран, организиран, и разгранет. Поделено е во три различни фази: основно образование (enseignement primaire); средно образование (collège и lycée); и високо образование (l'universite) (или les Grandes Ecoles). Основното и средното образование се претежно државни (приватни училишта, исто така, постојат, особено силна национална мрежа на основни и средни католички установи), додека високото образование има јавни и приватни елементи. На крајот на средното образование, студентите го полагаат испитот baccalauréat, што им овозможува да продолжат со високо образование. Стапката на студенти кои го поминале овој испит во 2012 година беше 84,5%. Во периодот 1999-2000 година, образовните трошоци изнесуваа 7% од францускиот БДП и 37% од националниот буџет. Достигнувањето, на ниво на средни училишта во Франција, во областа на математика и наука беше рангирано како 23, според Трендови во меѓународна математика и наука 1995. Според Жил Фери законите, именувани по тогашниот министер за школство, сите училишта финансирани од државата, вклучувајќи ги и универзитетите, се независни од (Католичката) црква. Образованието во овие институции е бесплатно. На не секуларните институции им е исто така дозволено да организираат едукативни установи. Францускиот образовен систем силно се разликува од Северно-европските и американските системи, во кои се нагласува важноста на учество во општеството наспроти тоа да се биде одговорно независна личност. Секуларната образовна политика стана критична во последните теми на француската мултикултура, како и во "аферата за исламската марама"

Министер за култура

Министерот за култура е во Владата на Франција, член на кабинетот задолжен за националните музеи и споменици; унапредување и заштита на уметностите (визуелни, пластика, театарски, музички, танц, архитектонски, литературни, телевизиски и кинематографски) во Франција и во странство ; и управување со националните архиви и регионалните "maisons de culture" (центри за култура). Министерството за култура се наоѓа на Palais Royal во Париз. Денешното место на министер за култура било создадена од страна на Чарлс де Гол во 1959 год. и прв министер бил писателот Андре Малро. Малро бил одговорен за остварување на целите на "droit à la culture" ("правото на култура") - идеја која беше вклучена во францускиот Устав и на Универзалната декларација за човекови права (1948) - со демократизирање на пристапот кон културата, а исто така ја достигнал и целта на Де Гол цел, за облагородување на возвишеноста ("grandeur") на пост-воената Франција. За таа цел, тој создал бројни регионални културни центри низ цела Франција и активно вложувал во уметноста. Уметничките вкусови на Малро ги вклучуваат модерната уметност и авангарда, но во целина тој остана конзервативен. Министерството на Жак Тубон било познато по голем број на закони ("Тубон закони") донесени за зачувување на францускиот јазик, и преку рекламите (сите реклами мора да вклучуваат француски превод на странски зборови), и преку радио (40% од песните кои се пуштаат на француските радио станици мора да се на француски), наводно како реакција на големото присуство на англискиот јазик.

Француската академија (Académie française)

Француската академија (Académie française), е доминантен, француски, научно образовен орган, кога се во прашање теми кои се однесуваат на францускиот јазик. Академијата била званично основана во 1635 год. од страна на кардиналот Ришелје, главниот министер на кралот Луј XIII. Задушена во 1793 год. за време на Француската револуција, била обновена во 1803 год., од страна на Наполеон Бонапарт (Академијата се сметала за суспендирана за време на револуцијата, а не задушена). Тоа е најстарата од петте академии на Institut de France.

Таа се состои од четириесет членови, познати како immortels (бесмртни). Нови членови се избираат од страна на веќе постоечките, од самата академија. Академиците имаат доживотни канцеларии, но можат и да бидат отстранети за недолично однесување. Органот има задача да делува како официјално заповедништво на јазикот, задолжен е за објавување и на официјален речник. Неговите одлуки, се сепак, советодавни, а не обврзувачки ни со јавноста ни со владата. Воена служба До 1996 година, Франција имаше задолжителна воена служба за млади мажи.

Здравство и социјална заштита

Французите се длабоко посветени на јавното здравство ("sécurité sociale") и на нивниот "pay-as-you-go" систем за социјална помош. Во 1998 год., 75% од здравствените исплати во Франција беа платени преку јавното здравство. Од 27 јули 1999 год., Франција има универзална медицинска покриеност за постојани жители во Франција (стабилен престој повеќе од три месеци). Според пет индикатори за мерење на здравствените системи во 191 земја-членка, се утврди дека Франција ја обезбедува најдобрата целокупна здравствена заштита, а по неа се големите земји како Италија, Шпанија, Оман, Австрија и Јапонија (Светски здравствен извештај).

Храна и алкохол

Традиционалната француската култура става висок акцент врз уживањето во храната. Француската кујна била кодификувана во 20-ти век, од страна Жорж Огист Ескофие, за да премине во модерна верзија на високата кујна ( haute cuisine ). Гастро-туризмот и водичот Мишелин помогнале да се однесат луѓе на село, за време на 20-ти век и пошироко, за да ја тестираат оваа богата буржоаска и селанска кујна на Франција. Баскиската кујна, исто така, е од големо влијание за кујната во југозападниот дел на Франција. Состојките и чиниите се разликуваат по регион (види: регионална кујна). Постојат многу значајни регионални јадења, кои станаа и национални и регионални. Многу јадења кои некогаш биле регионални, сепак, денес се распространети во различни варијации низ целата земја. Сирењето и виното се исто така голем дел од оваа кујна, играјќи различни улоги и на регионално и на национално ниво, со многуте свои варијации. Уште еден француски производ, од големо значлење, е и Charolais cattle . Французите наутро најчесто имаат само мал појадок ("petit déjeuner") кој се состои од кафе или чај, традиционално послужени во голем сад без рачки, и леб или кроасани. Ручекот ("déjeuner") и вечерата ("diner"), се главните оброци. Четирите вообичаени оброци се состојат од предјадење ("entree"), салата, главно јадење ("plat principal"), и на крај сирење или десерт. Додека француската кујна е често поврзувана со богати десерти, во повеќето домови десертот се состои само од овошје или јогурт. Порано во Франција се пазарело храна секојдневно, во мали локални продавници и маркети, но со пристигнувањето на супермаркетите, па дури и на хипермаркетите, оваа традиција била нарушена. Со депопулација на селата, многу градови беа принудени да ги затворат продавниците и пазарите. Стапките на дебелината и срцеви болести во Франција се пониски отколку во другите северо-западно европски земји. Ова понекогаш се нарекува француски парадокс. Француската кујна и навиките во исхраната последниве години се под голем притисок поради модерната брза храна, американските производи и новата глобална земјоделска индустрија. Додека француската младина е насочена кон брза храна и американските навики за јадење (со присуство на пораст на дебелината), Французите останаа посветени на зачувување на одредени елементи од нивната кујна. Симбол за овие случувања е работата на Хозе Бове, кој во 1987 год. ја основал Конфедерацијата Пајсан, земјоделски синдикат кој ги става своите највисоки политички вредности на човекот и животната средина, го промовира органското земјоделство и се противи на генетски модифицираните организми; најпознатиот протест на Бове бил за укинувањето на франшизата на Мекдоналдс во Мијо (Авејрон), во 1999 год. Во Франција, прибор за јадење се користи на континентален начин (со вилушка во левата рака, цевчињата свртени надолу и нож во десната рака). Францускиот бонтон забранува ставање на раце под маса и лактови на неа. Возраст на која пиењето алкохол е легално е 18 години. Франција е еден од најстарите региони за произвидство на вино во Европа. Таа сега произведува вино по највисоки стандарди во светот (иако Италија и конкурира по обем и Шпанија има повеќе земјишта за одгледување на винско грозје). Вината Бордо, Бургоњ и шампањското се најпознати земјоделски производи.

Тутун и дрога

Возраста за дозволено пушење цигари, како и за алкохол е 18 години. Според широко распространетото клише, пушењето е дел од француската култура - всушност, бројките укажуваат на тоа дека во однос на потрошувачката по глава на жител, Франција е само 60-та, од 121 земја. Франција, од 1 февруари 2007 год., ја зајакна веќе постоечката забрана за пушење на јавни места, основана со законот Евин од 1991 год. Пушењето е сега забрането на сите јавни места (станици, музеи, итн); исклучок постои за специјални соби за пушење кои исполнуваат драстични услови. А посебен исклучок беше направен за кафулиња и ресторани, клубови, казина, барови, итн, кој се укина на 1 јануари 2008 год. Анкетите покажуваат дека 70% од луѓето ја поддржуваат забраната. Со претходното правило од законот Евин од 1991 год., рестораните, кафулињате итн. мораа само да обезбедат простор за пушачи и за непушачи, кои во практика не беа често добро одделени. Според новите регулативи, дозволени се соби за пушење, но подложени се на многу строги услови: тие можат да заземаат најмногу 20% од вкупниот простор на установата и нивната големина не може да биде повеќе од 35 m², тие треба да бидат опремени со посебна вентилација која ја заменува целата количина на воздух десет пати на час; воздушниот притисок во собата за пушење мора постојано да биде пониска од притисокот во соседните соби, тие имаат врати кои се затвораат автоматски, во овие соби нема обезбедено послуга; персоналот за чистење и одржување може да влезе во собата само еден час откако последен пат се користела за пушење. Популарни француски брендови за цигари се Gauloises и Gitanes. Поседување, продажба и употреба на канабис (претежно марокански хашиш) е нелегално во Франција. Од 1 март 1994 год., казните за употреба на канабис се од два месеци до една година и / или парична казна, додека поседување, култивирање или трговија на дрога може да се казни многу посериозно, до десет години. Според анкета од страна на SOFRES од 1992 год., 4,7 милиони Французи на возраст од 12-44 пушеле канабис барем еднаш во својот живот.

Спортови и хоби

Фудбал (француски: Le foot) е најпопуларниот спорт во Франција. Други популарни спортски игри во Франција се рагби, возење велосипед, тенис, ракомет, кошарка и едрење. Франција е позната по одржувањето и освојувањето на Светското првенство во 1998 год., и одржувањето на годишната трка во велосипедизам Тур де Франс, како и во тенискиот гренд-слем турнир The French Open. Спортот е подржан во училиштата, а локалните спортски клубови добиваат финансиска поддршка од страна на локалните власти. Додека фудбалот е дефинитивно најпопуларниот спорт, рагби унијата и рагби лигата се подоминантни во југозападот, особено околу градот Тулуз. Модерната Олимпијада била измислена во Франција, во 1894 година од страна на Пјер де Кубертен.

Други поважни спортови се и:

24 часа Ле Ман – најстарата автомобилска трка во светот

Скијање- Франција има голем број на скијачки центри на француските Алпи, како Тињ. Ски центри исто така има и на Пиринеите и планинскиот венец Восгес.

Мечување – овој спорт води на листата на спортови со добиени златни медали за Франција на Летните олимписки игри

Паркур - Развиен во Франција, физичка активност која наликува на самоодбрана или боречки вештини.

Флипери (фудбал на маса) - многу популарна игра за поминување на времето во баровите и домовите низ Франција. Французите се светски предоминантни победници во овие натпревари

Летање змаеви

Како и другите културни области во Франција, спортот е надгледуван од страна на владино министерство, министерот за младински прашања и спорт (Франција), кој е задолжен за националните и јавни спортски здруженија, младински работи, јавни спортски центри и национални стадиони.

Мода

Париз е водечки град на модата и дизајнот. Заедно со Милано, Лондон и Њујорк, Париз е центарот на значаен број на модни ревии. Некои од најголемите светски модни куќи (пр: Шанел) имаат свое седиште во Франција. Поврзаноста на Франција со модата (француски: la mode) датира од времето на владеењето на Луј XIV кога индустриите со луксузни добра во Франција паднале под кралска контрола и францускиот кралски суд веројатно станал арбитер на вкус и стил во Европа. Франција ја потврди својата доминација во високата модна (француски: haute couture) индустрија во годините 1860-1960, преку воспоставување на големите модни куќи, модни печати (Vogue е основана во 1892 година; Elle е основана во 1945 година) и модни емисии. Првата париска модна куќа генерално се смета како дело на Англичанецот Чарлс Фредерик Ворт кој доминирал во оваа индустрија 1858-1895. Во почетокот на дваесеттиот век, индустријата се проширила преку париските модни куќи како Шанел (која се истакнала во 1925 година) и Баленсијага (основана од страна на Шпанец во 1937 година). Во повоениот период, модата се враќа преку познатиот "нов изглед" на Кристијан Диор во 1947 година, и преку куќите на Пјер Балмен и Хуберт де Живанши (отворена во 1952). Во 1960 год., "високата мода" беше критикувана од страна на младинската култура во Франција, додека пак дизајнерите како Ив Сен Лоран се пробија со воведување норми на високата мода и пласирање на линијата prêt-à-porter и проширување на француската мода во масовно производство и маркетинг. Понатамошните иновации биле извршени од страна на Пако Рабан и Пјер Карден. Повеќе фокусирани на маркетингот и производството, новите трендови беа воспоставени во 70-тите и 80-тите години од страна на Соња Рајкел, Тери Маглер, Клод Монтана, Жан Пол Готје и Кристијан Лакроа. 90-тите беа сведок на конгломерат на многу француски модни куќи под луксузни гиганти и мултинационални компании како што е ЛВМХ. Од 1960 година, модната индустрија во Франција наиде на голема конкуренција од Лондон, Њујорк, Милано и Токио, а Французите се повеќе се под странски модни (особено американски) влијанија (како фармерки, патики). Сепак, многу странски дизајнери се уште се обидуваат да направат свои кариери во Франција.

Домашни миленичиња

Во 2006 година, 52% од француските домаќинства имале барем едно милениче: Вкупно 9.7 милиони мачки, 8,8 милиони кучиња, 2,3 милиони глодари, 8 милиони птици, а 28 милиони риби се чуваат како домашни миленичиња во Франција во текот на оваа година. Уметност и музеи Првите слики на Франција датираат од праисторијата, насликани во пештерите на Ласко (Lascaux) пред повеќе од 10.000 години. Уметностите веќе биле во процут 1200 години, во времето на Карло Велики, како што може да се види во многу рачно изработени и рачно илустрирани книги од тоа време. Класично исликари од 17-ти век во Франција се Никола Пусен и Клод Лорен. Во текот на 18-ти век се појавил стилот рококо, како површен продолжеток на барокниот стил. Најпознати сликари од оваа ера биле Антоан Вато, Франсоа Баучер и Жан-Оноре Фрагонард. При крајот на векот, Жак-Луј Давид бил еден од највлијателните сликари на неокласицизмот. Жерико и Делакроа се најважните сликари на романтизмот. Подоцна, сликарите биле повеќе насочени кон реализмот, опишувајќи ја природата. Реализмот бил предводен од Курбе и Оноре Dомје. Импресионизмот во Франција бил развиен од страна на уметници како Клод Моне, Едгар Дега, Пјер-Огист Реноар и Камил Писаро. На крајот од векот, Франција станала центар на иновативни уметности, повеќе од било кога. Шпанецот Пабло Пикасо, како и многу други странски уметници, пристигнал во Франција да го развие својот талент низ понатамошните децении. Тулуз-Лотрек, Гоген и Сезан веќе биле активни тој период. Кубизмот е авангардно движење кое се развило во Париз, на почетокот на 20-ти век. Лувр, во Париз, е еден од најпознатите и најголемите уметнички музеи во светот, создаден од страна на новиот револуционерен режим, во 1793 година, во поранешната кралска палата. Во него се наоѓаат голем број вредни уметнички дела, како од француски, така и од други уметници, како на пример, Мона Лиза од Леонардо да Винчи, грчката Милоска Венера и антички дела на културата и уметноста од Египет и на Блискиот Исток.

Музика

Франција може да се пофали со широк спектар на локална народна музика, како и многу други стилови, изведени од имигранти од Африка, Латинска Америка и Азија. Во областа на класичната музика, Франција има голем број легендарни композитори, како Габриел Форе, додека модерната поп музика го достигна подемот на популарниот француски хип хоп, француски рок, техно / фанк, и диџеи. Празникот на музиката (The Fête de la Musique) бил создаден во Франција (одржан за прв пат во 1982 година), музички фестивал, кој оттогаш е светски. Се одржува секој 21-ви јуни, првиот ден од летото.

Кинематографија

Франција е родното место на филмот и е одговорна за многу од своите рани, значајни достигнувања. Неколку важни филмски движења се родени во Франција, вклучувајќи го и Nouvelle Vague. Покрај тоа, Франција е многу важна, франкофонска, филмска продукциска земја. Одреден број на направените филмови станаа дел од меѓународната дистрибуција во западната хемисфера благодарение на Унифранс. Иако француската филмска индустрија е релативно мала во однос на буџетот и приходите, таа има квалитативни сценарија, доделувања и приказни. Француската кинематографија најчесто е прикажана како полиберална во однос на содржините (секс, општество, политика, историски) и затоа често добива позитивна критика. Во рамките на домашниот пазар, француските филмови се квалификуваат преку бројот на записи. Филмови се прикажуваат премиерно во среда. Најпознати жанри се:

-Романтична драма (l'Arnacoeur)

-Комедија (les Visiteurs) (la Cité de la Peur)

-Општествени La Haine

-Историски Cyrano de Bergerac

-Политички Persepolis

Француски актери се појавуваат и глумат и во холивудските продукции, како на пример Винсент Касел и Марион Котијард.

‘Одење на кино’ е популарно хоби во метрополските области. Многу кина нудат ‘паушална влезница’ која од прилика чини 30 евра месечно. Цените за еден филм рангираат од 5.50 до 10 евра. Поголеми кина во Франција се УГС и Пате, најчесто лоцирани во градските околини поради бројот на екрани и капацитетот на места за седење. Низ Франција има и помали кина кои се лоцирани во центарот на градовите, конкурирајќи им на поголемите кина низ целата земја. Друг елемент е и тоа што Париз има најширок спектар на кина во светот: најголем број на кина по жител, и во повеќето кина во центарот на Париз, странските филмови кои би биле издвоени како уметнички филмови на сите останати места, се прикажуваат како трендовски, бидејќи Парижаните се познати како страстни љубители на кино. Француската кинотека содржи една од најголемите филмски архиви, филмски документи и предмети поврзани со филмот во светот. Лоцирана во Париз, кинотеката дневно прикажува разни филмови, неограничени ни по земја, ни по потекло.

Книги, весници и списанија

Франција има углед на земја со "литературна култура", и овој впечаток е засилен со важноста на француската литература во францускиот образовен систем, присуството на француските медиуми на француските саеми на книги и доделувањета на литературни награди (како наградите Гонкур, При Ренодо или При Фемина) и со големиот успех на (поранешното) литературно телевизиско шоу "Апострофи" (водено од страна на Бернард Пиво). Иако стапката на писменост во Франција изнесува 99%, одредени проценки, практичната писменост на возрасното население ја одредија помеѓу 10% и 20%. Иако читањето е омилено хоби на француската младина денес, има анкети кои покажуваат дека има намалување, во споредба со музиката, телевизијата, спортот и други активности. Во Франција, литературната склоност е насочена кон романот (26,4% од продажбата на книги во 1997год.), иако Французите читаат повеќе научно-стручни состави и книги за актуелни збиднувања, за разлика од Британците или Американците. Современите романи, вклучувајќи ги и француските преводи на странски романи, водат на листата ( 13% од вкупната продажба), потоа следуваат емоционалните романи (4,1%), детективските и шпионските (3,7%), класичната литература (3,5%), научна фантастика и хорор (1,3%) и еротските (0,2%). Околу 30% од вкупната белетристика која е продадена во Франција до денес, е преведена од англиски. Важна подгрупа во продажбата на книги се стриповите ( француско-белгиските стрипови како Тинтин и Астерикс) кои се објавени во голем тврд повез формат; стриповите претставуваат 4% од вкупната продажба на книги во 1997 година. Француските уметници ја направија Франција лидер кога станува збор за сликовити романи и таа е домаќин на Меѓународниот стрип фестивал Ангулем, истакнатиот европски фестивал за стрипови. Како и останатите области во француската култура, така и литературната е, делумно, под влијание на државата, поточно под ‘Раководството на книгата и читањето’ на Министерството за култура, која раководи со " Националниот центар на книгата". Француското Министерство за индустрија, исто така, има улога во контрола на цените. Конечно, ДДВ-то за книгите и други културни производи во Франција е на намалена стапка од 5,5%, како и за храната и останати потреби. Во однос на новинарството во Франција, регионалниот печат стана поважен од националните дневни весници (како што се Ле Монд и Ле Фигаро) во текот на минатиот век: во 1939 година, националните дневни весници беа 2/3 од дневните весници пазарот, додека денес тие се помалку од 1/4. Во моментов телевизиските списанија и весниците, како Ле Нувел Обзерватер, Лекспрес и Ле поинт доминираат со пазарот за списанија.

Транспорт

Во однос на транспортот, постојат големи разлики помеѓу урбаните области како Париз, и помалите градови и руралните области. Во Париз, и во помала мера, во другите поголеми градови, голем број домаќинства не поседуваат автомобил и користат ефикасен и масовен транспорт. Клише за Парижаните е шпицот во подземната железница. Сепак, надвор од овие области, нормално е да се поседува еден или повеќе автомобили, особено во домаќинствата со деца. TGV возот (train à grande vitesse) е брз железнички транспорт, кој работи во неколку области во земјата и е самофинансирачки. Постојат планови да се опфатат повеќе делови на Франција и многу други дестинации во Европа во наредните години. Железничките услуги за поголемите дестинации се точни и чести.

Празници

И покрај принципите на францускиот секуларизам и одвојувањето на црквата од државата, народните и училишните празници во Франција генерално го следат Римокатоличкиот верски календар (вклучувајќи ги Велигден, Божиќ, Вознесение Христово, Педесетница, Успение на Пресвета Богородица, Празникот на сите Светци, итн.) Денот на трудот и Националниот празник се единствените бизнис празници утврдени со владин статут; останатите празници се одобрени од страна взаемен договор ( меѓу работодавачите и вработените ) или со договор од работодавачот. Петте периоди за одмор на јавните училишта се:

-Vacances де ла Тусен (Празникот на сите Светци) - една и пол недела, почнувајќи при крајот на октомври.

-Vacances де Noël (Божиќ) - две недели, завршувајќи по Нова Година

-Vacances d'Hiver (зимски) - две недели во февруари и март.

-Vacances de printemps (пролетен), поранешен Vacances де Pâques (Велигден) - две недели во април и мај.

-Vacances d’ete (летен), или големиот одмор, два месеци, во јули и август.

На 1-ви мај, Денот на трудот (La Fête du travail) , Французите си подаруваат цвеќе-Момина Солза.

Националниот празник (наречен Денот на Бастилја) е на 14-ти јули. Се одржуваат воени паради, наречени Défilés du 14 juillet, а најголемата се случува на Елисејските полиња во Париз пред претседателот на Републиката.

На 2-ри ноември, Задушница (La Fête des morts), Французите носат хризантеми на гробовите на починатите членови од семејството. Денот на ветераните (Le Jour de la Commémoration или L' Armistice), на 11-ти ноември, е државен празник.

Во Франција, Божиќ се прославува на Бадник со традиционален оброк (типични јадења се остриги, boudin blanc и bûche de Noël), со отворање на подароците и со присуствување на полноќната миса (дури и Католиците кои не одат во црква во останатите денови).

Сретение (La Chandeleur) се прославува со палачинки (crepes). Легендата вели дека ако готвачот преврти палачинка, превртувајќи и паричка истовремено, на семејството му следува благосостојба во текот на следната година.

Популарноста на англо-саксонскиот и американски празник, Ноќта на вештерките, се зголеми по неговото воведување, во средината на 1990-тите, од страна на трговските здруженија.

Конвенции

- Франција е дом на Меѓународниот систем на мерни единици (метрички систем). Некои пред-метрички единици се се уште во употреба, како livre (единица за тежина, еднаква на половина килограм) и quintal (единица за тежина еднаква на 100 килограми). - Во областа на математиката, Франција користи инфиксна нотација како и повеќето земји. За големи броеви на долг скала се користи. Така, француски користат зборот милијарди евра за бројот 1.000.000.000.000, кој во земјите користење на кратко скала се вика трилиони долари. Сепак, постои еден француски збор, милијарди, за бројот 1000000000, што во земји кои го користат кратки скала се вика милијарди долари. Така, и покрај употребата на долго скала, една милијарда се нарекува ОН милијарди ("една милијарда") на француски јазик, а не Mille милиони ("илјада милиони евра"). Таа, исто така треба да се забележи дека имињата на броеви над милијарда ретко се користи. Така, еден трилион најчесто ќе бидат повикани Mille милијарди ("илјада милијарди") на француски јазик, и ретко ОН милијарди долари.