Франсиско Солано Лопез

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Франсиско Солано Лопез
Francisco Solano López
Solano Lopez 1867.png
Франсиско Лопез на возраст од 38 години, во 1864 година.

Во служба
10 септември 1862 – 1 март 1870
Потпретседател Доминго Франсиско Санчез
Претходник Карлос Антонио Лопез
Наследник Сирило Антонио Риварола
Лични податоци
Роден(а) 24 јули 1827
Асунсион, Парагвај
Починал(а) март 1, 1870(1870-03-01) (на 42 год.)
Серо Кора, Парагвај
Партија нема
Сопружник Елиза Линч
Деца Хуан Франсиско
Корина Аделаида
Енрике Венансио
Федерико Морган Лојд
Карлос Хонорио
Леополдо
Вероисповед Католик
Потпис Потпис на Потпис на Лопез.

Франсиско Солано Лопез Карилјо (шпански: Francisco Solano López Carrillo, 24 јули 1827 – 1 март 1870) бил парагвајски политичар, воено лице, и втор претседател на Парагвај од 1862 до 1870 година. Тој бил најстар син на Карлос Антонио Лопез. Франсиско Лопез се смета за виновник на Војната на Тројната алијанса, во која и тој самиот загинал.

Биографија[уреди]

Солано Лопез бил роден во Асунсион. Тој бил назначен за генерал на парагвајската војска на негова 18 годишна возраст во 1844 од страна на неговиот татко. Во тој период завладеала нетрпеливост меѓу Аргентина и Парагвај.[1] Во 1853 година бил испратен во Европа каде престојувал околу година и половина. Лопез обезбедил големи количини оружје и воена опрема, како и неколку параброда и организирал проект за изградба на железничка линија и основање на француска колонија на територијата на Парагвај. Тоа се должело на неговата заслепеност со империјата и личноста на Наполеон Бонапарт.[2] Така, тој ја опремил парагвајската војска со иста униформа како наполеоновата. За себе нарачал реплика од наполеоновата круна.[3] Во Европа ја сретнал куртизаната Елиза Линч и ја донел со него во Парагвај. Таа била негова љубовница и де факто прва дама до неговата смрт.

Кога се вратил во Парагвај во 1855 година станал министер за војна. Солано Лопез бил назначен за потпретседател од неговиот татко.[4][5] Во ноември 1859 година, Лопез на воениот параброд Такуари, кој бил нападнат од британската кралска морнарица сè со цел да се притисне неговиот татко да ослободи еден британски затвореник. Наредбата за нападот била дадена од Вилијам Торнтон, британско воено лице кое лично ја подржал Аргентина за време на Парагвајската војна, или позната како Војна на Тројната алијанса.[6] По смртта на неговиот татко во 1862 година, тој свикал конгрес на кој тој бил избран за претседател, функција која ја извршувал 10 години.[2]

Наводи[уреди]

  1. Hanratty, Dannin M. and Meditz, Sandra W., editors. Paraguay: A Country Study. Washington: GPO for the Library of Congress, 1988.
  2. 2,0 2,1 Hanratty
  3. Shaw, Karl (2005) [2004] (на Czech). „Power Mad!“. Praha: Metafora. стр. 29–30. ISBN 80-7359-002-6. 
  4. „Historical list“. ABC Digital. http://www.abc.com.py/2008-04-20/articulos/407914/uno-que-se-va-otroa-que-llega. 
  5. „Gallery“. Vicepresidency of Paraguay. http://vicepresidencia.gov.py/?categoria=11&t=galeria-de-vicepresidentes. 
  6. TRATADO DE LAS PUNTAS DEL ROSARIO (Guerra del Paraguay)(шпански)

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Претходник
Маријано Гонзалез
Потпретседател на Парагвај
1854–1862
Наследник
Доминиго Франсиско Санчез
Претходник
Карлос Антонио Лопез
Претседател на Парагвај
1862–1870
Наследник
Сирило Антонио Риварола