Франсес Пауер Коб

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Франсес Пауер Коб

Франсес Пауер Коб (4 декеври 1822 – 5 април 1904) била ирска писателка која денес е позната како општествен реформатор, теоретичар на феминизмот, и пионер меѓу активистите за правата на животните.

Живот[уреди]

Коб е родена во Њубриџ Хаус денешен Донабејт, Co. Dublin.[1] Основач е на здружението за заштита на животни погодни за вивисекција(Society for the Protection of Animals Liable to Vivisection - SPALV) во 1875, првата организација во светот која се бореше против експерименти врз животни, а во 1898, ја основа Британската Унија за аболиција на вивисекцијата(British Union for Abolition of Vivisection - BUAV), овие две групи се и ден денес активни. Коб беше член на извршниот совет на лондонското национално здружение за правото на гласање за жени (London National Society for Women's Suffrage) како и авторка на уредничките колумни за лондонските весници кои се бавеа со гласачкото право на жените, сопственички права на жената, и спротивставување на вивисекцијата.

Коб во текот на 1868 год. ја запознава фамилијата Дарвин. Ема Дарвин во една прилика кажа "Госпоѓица Коб беше пријатна." Коб го наговори Чарлс Дарвин да ја прочита Имануел Кант'овата Mетафизика на етиката.[2] Таа го сретна повторно Дарвин во текот на 1869 во Велс, и се чини го начекала кога тој бил прилично болен,[3] и се обидела да го убеди да го чита Џон Стјуарт Mил, при што Дарвин навистина и го прочита Кобиниот приказ на иловата книга, Подредување на жената.[4] По некое време таа ја губи неговата доверба кога без дозвола го објавува писмото кое тој ѝ го напишал.[3] Нејзината критика на Дарвиновата Потеклото на човекот, низ есејот Дарвинизмот во моралот најпрвин објавена во Теолошки преглед(The Theological Review) во април 1871,[5] и можно е дека е првата статија во весник која ја напишала жена.

Дела[уреди]

Првото дело на Коб, со наслов Интуитивна теорија на моралот е објавено анонимно средината на XIX век.

  • Интуитивна теорија на моралот (The Intuitive Theory of Morals) 1855.
  • Градови на минатото (Cities of the Past) 1864.
  • Криминалци, идиоти, жени и малолетници (Criminals, Idiots, Women and Minors) 1869.
  • Дарвинизмот во морален контекст (Darwinism in Morals) (1871).
  • Научниот дух на времето (Scientific Spirit of the Age) (1888).

Наводи[уреди]

  • Caine, Barbara. Victorian feminists. Oxford 1992
  • Rakow, Lana and Kramarae, Cheris. The Revolution in Words: Women's Source Library. London, Routledge 2003 ISBN 0-415-25689-5

Извори[уреди]

  1. Cobbe, Frances Power (1904). „Life of Frances Power Cobbe as told by herself“. London: S. Sonnenschein & co. стр. 74. 
  2. Browne, Janet (2002). „Charles Darwin: The Power of Place“. Alfred A. Knopf. стр. 296–297. ISBN 0-679-42932-8. 
  3. 3,0 3,1 Browne, Janet (2002). „Charles Darwin: The Power of Place“. Alfred A. Knopf. стр. 332. ISBN 0-679-42932-8. 
  4. James Moore and Adrian Desmond, "Introduction", in (2004). „The Descent of Man, and Selection in Relation to Sex“ (2 издание). London: Penguin Classics. ISBN 978-0-140-43631-0. 
  5. Cobbe, Frances Power (април 1871), „Darwinism in Morals“, „The Theological Review Volume 8“ (Williams & Norgate): 167–192, http://books.google.co.uk/books?lr=&id=iTM2AAAAMAAJ . Статијата беше повторно отпечатена во 1872. Истата е достапна под Internet Archive

Натамошна литература[уреди]

  • Lori Williamson, Power and protest : Frances Power Cobbe and Victorian society. 2005. ISBN 978-1-85489-100-6. A 320-page biography.
  • Sally Mitchell, Frances Power Cobbe: Victorian Journalist, Feminist, Reformer. University of Virginia Press, 2004. ISBN 978-0-8139-2271-3. The first authoritative scholarly biography based on family papers and archival sources.

Надворешни врски[уреди]