Фотоматрица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фотоматрица од типот CCD на свитлива печатена плочка

Фотоматрица (сликосетилник или сензор) — направа кај оптичките уреди која претвора оптичка слика во електричен сигнал. Наоѓа примена главно кај дигиталните фотоапарати и други уреди за светлосен запис. Фотоматрицата обично е уред со напојна врска (CCD) или активнопикселска фотоматрица во облик на комплементарен метал–оксид–полупроводник (CMOS). Фотоматрицата е вид на светлосетилник.

CCD наспроти CMOS[уреди]

Денес највеќето дигитални фотоапарати користат фотоматрици од типовите CCD или CMOS. Обата типа ја вршат истата задача — доловување на светлината и нејзино претворање во електрични сигнали.

Уредот со напојна врска (CCD) е аналоген уред. Кога светлината ќе дојде до интегралното коло (чипот), таа станува мал електричен сигнал во секоја фотоматрица. Овие полнења се претвораат во напон, еден по еден пиксел (точка), како што се вчитуваат од интегралното коло. Други кола во фотоапаратот ја претвораат напонот во дигитални информации.

CMOS интегралното коло е вид на активнопикселска фотоматрица направен со помош полупроводничкиот процес на CMOS. До секоја фотоматрица има дополнителни кола кои ја претвораат светлосната енергија во напон. На интегралното коло може да има дополнителни кола за претворање на напонот во дигитални податоци.

Ниедна од овие технологии немаат јасна предност во квалитетот на сликата. Фотоматрицата од типот CMOS може да се имплементира со помалку делови, да користи помалку струја и/или да дава побрзо вчитување отколку матрицата од типот CCD. CCD од друга страна, е посозреана технологија и во скоро секој поглед е еднаква на CMOS технологијата.[1][2]

Оценување[уреди]

При оценувањето на работата на една фотоматрица може да се користат многу параметри, меѓу кои неговиот динамички опсег, неговиот сооднос на сигнал и шум, осетливоста на мала светлина и тн. Кај фотоматриците од споредлив тип, соодносот на сигнал и шум и динамичкиот опсег се подобруваат со зголемување на неговите димензии.

Фотоматрици за боја[уреди]

Постојат неколку главни вида на фотоматрици за боја, кои се разликуваат по начинот на одвојување на боите:

  • Бајерова фотоматрица, евтин и најчест, користи поле со филтри за боја како Бајеровиот филтер кој предава црвена, зелена или сина светлина до сетилните ќелии, или пиксели, создавајќи испреплетени решетки осетливи на црвено, зелено или сино. Потоа сликата се интерполира со помош на алгоритам за демозаикација.
  • Foveon X3, кој користи поле напластени фотоматрици каде секој пиксел содржи три слоја фотоматрици чувствителни на поединечните бои.
  • 3CCD, кој користи три засебни фотоматрици, каде боите ги раздвојува дихроидна призма. Оваа фотоматрица дава најобар квалитет, и обично е поскап од другите видови на фотоматрици.

Наменски фотоматрици[уреди]

Наменските фотоматрици се користат за најразлични примени како топлински испис, правење на повеќеспектарски снимки, гама камери, сетилни полиња за рентгенски зраци, и други високочувствителни полиња со примена во астрономијата.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. CCD наспроти CMOS од Photonics Spectra 2001
  2. Фотоматрици — Винсент Бокарт

Надворешни врски[уреди]