Фотографија на природа

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Фотографии на природа[уреди]

Фотографии на природа се однесувааа на широк спектар на фотографии сликани на отворено, наменети за прикажување на елементи од природата како што се пејсажи, дивина, растенија и запечатување на природни сцени и текстури. Фотографијата на природа се стреми да го нагласи естетската вредност на сликата за разлика од другите фотографски жанрови, како што се фото-новинарството и документарната фотографија. Фотографиите на природа се објавени во научни, патни и културни магазини како што се Магазинот Нешнал Географикс (National Geographic Magazine) , Магазинот Нешнл Вајлдлајф (National Wildlife Magazine) и Магазинот Аудубон (Audubon Magazine) или други поспецифични магазини како што се „Аутдор Фотографер“ (Outdoor Photographer) и Нејчерс Бест Фотографи (Nature's Best Photography). Меѓу најпознатите фотографи на природа спаѓаат и Франс Лантинг (Frans Lanting), Гален Ровел (Galen Rowell), Елиот Портер (Eliot Porter) и Арт Волф (Art Wolfe).

Фотографија на дивина[уреди]

Индиски слонови во националниот парк Мудумалаи Mudumalai National Park, Индија

Фотографијата на дивина е посветена на фотографирање интересни животни во движење, како што е јадење, борење, или летање. Иако најчесто се фотографира во дивина, животинските фармите во забавните паркови се исто така честа локација за фотографирање на дивина. Техниките за фотографирање на дивина многу се разликуваат од оние кои се користат за фотографирање на пејсажи. На пример, во фотографиите на дивина се користи широк дијаметар на оптичката леќа за да се овозможи голема брзина на сликање, замрзнување на движењата на субјектот, и да ја замати позадината, додека кај пејсажите, фотографите претпочитаат мали оптички леќи. Дивината најчесто се фотографира со долги фотографски леќи од голема далечина; употребата на ваков тип на леќи често наложува потреба од троногалка (бидејќи колку е подолга леќата, толку е потешко да се држи). Многу фотографи на дивина користат параван или камуфлажа.

Макро/ Композиција[уреди]

Пишаниот член за макро фотографија ја објаснува генерално фотографијата одблизу; имено, ова е исто така еден тип на фотографија на природа. Доколку познатите макро-субјекти – пчелите, вилинското коњче, и т.н. – може да се опишат како диви животни, нивниот свет исто така може да оствари добра фотографија. Многу фотографи снимаат фотографии на композиција од камчиња, кора на дрво, или други слични мали сцени. Многу од овие слики се апстрактни. Ситни тревки и печурки се исто така популарни субјекти. За фотографирање на природата одблизу не е секогаш потребна макро леќа бидејќи сцените се и онака доволно мали што и општо се сметаат за поинакви од регуларните пејсажи.

Употреба на бои[уреди]

Присуството (или отсуството) на боја не е услов за фотографијата на природа. Повеќе црно- бели фотографии се направени со дигиталните направи денес отколку во филмовите од 1930тите. Ансел Адамс (Ansel Adams) е познат по неговите црно- бели прикази на природа, кои што се сеуште длабоко почитувани. Гален Ровел (Galen Rowell) ги возвишуваше филмовите Фуџифилм Велвиа за нивната бистрина, заситени бои, со фразата „Кој сака да направи безживотна фотографија која ќе трае сто години?“ И двајцата правеа разлика помеѓу фотографијата како уметничка форма на изразување и сензитометријата; прецизно размножување не е неопходно.

Етика[уреди]

Многубројни етички грижи и дебати кружеа околу создавањето на фотографии на природата. Вообичаените тематики се однесуваа на потенцијалниот стрес или штета врз дивината, можноста фотографите да ги опусошат и уничтат природните простори, употребата на животинските фарми во забавните паркови, и веродостојноста и манипулацијата со фотографиите.

Шаблон:Photography