Флоренс Гудинаф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Флоренс Гудинаф (на англиски: Florence Laura Goodenough) (родена 1886, почината 1959) била американски психолог и професор на Универзитетот во Минесота (University of Minnesota). Позната е по создавањето на Минесотската скала за претшколски деца (Minnesota Preschool Scale) и тестот "Нацртај човек" (Goodenough Draw-A-Man test, сега Goodenough-Harris Draw-A-Person Test). Автор е на учебник по детска психологија (Handbook of Child Psychology, 1933). Во 1942 година, станала претседател на Националниот совет на жени-психолози на Америка, а позната е и по тоа што ѝ била инструктор на Рут Хауард, втората афро-американка која станала доктор на науки по психологија.