Флитвуд Мек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Флитвуд Мек

Флитвуд Мек во живо на 3-ти март 2009 година, во Сент Пол, Минесота (лево кон десно) Џон МекВи, Стиви Никс, Линдзи Бакингем, Мик Флитвуд
Биографски податоци
Потекло Лондон, Обединето Кралство
Жанрови Блуз, Блуз рок, Поп Рок
Период на активност 1967–сегашност
Издавачи Блу Хорајзон, Реприз, Ворнер Брос., Сајр, СИ БИ ЕС Јуроп, Епик, Сенкчуери
Соработници Џон Мајалс Блузбрејкерс, Еди Бојд, Чикен Шек, Бакингем Никс, Дастер Бенет
Мреж. место www.fleetwoodmac.com
Членови
Мик Флитвуд
Џон МекВи
Стиви Никс
Линдзи Бакингем
Поранешни членови
Види: Оддел за членовите

Флитвуд Мек се британско-американска група формирана во 1967 година во Лондон. Единствениот оригинален присутен член во групата е нејзиниот истоимен тапанар, Мик Флитвуд. Покрај тоа што основачот на групата Питер Грин ја именуваше групата комбинирајќи ги презимињата на двајца од неговите поранешни колеги од групата(Флитвуд, Мек Ви) од „John Mayall & the Bluesbreakers“, басистот Џон Мек Ви не свиреше ниту на нивната прва песна ниту на нивните први концерти. Клавијатуристката, Кристин Мек Ви, до денес, се појави на сите освен на два албума, како член или како сесиски музичар. Таа исто така ги направи илустрациите за албумот Килн Хаус.

Двата најуспешни периоди за групата беа за време на британскиот блуз бум во доцните 60-ти години, кога беа предводени од гитаристот Питер Грин, и од 1975 до 1987, со повеќе поп-ориентација, заедно со Кристин Мек Ви, Линдзи Бакингем и Стиви Никс. Групата уживаше поскромен успех во периодот помеѓу 1971 и 1974, со поставата која го вклучуваше Боб Велч, а исто така за време на 90-тите години кога се случија повеќе промени во составот пред враќањето на Никс и Бакингем во 1997, а неодамна, заминувањето на Кристин Мек Ви.

Историја[уреди]

Создавање и рани години (1967–1970)[уреди]

Флитвуд Мек беа формирани во 1967 во Лондон кога Питер Грин ја напушти британската блуз група Џон Мајал Блузбрејкерс. Грин го замени гитаристот Ерик Клептон во Блузбрејкерите, и беше прифатен со воодушевување за неговата работа на нивниот албум А Хард Роуд. Откако некое време беше во Блузбрејкерс, Грин се запраша дали Мик флитвуд би можел да го замени Ејнсли Данбар. Грин беше во две групи со Флитвуд—„Питер Бис Лунерс" а потоа „Шатган Експрес“ (во која пееше млад вокалист Род Стјуарт). Џон Мајал се согласи и Флитвуд стана член на групата.

Блузбрејкерс сега беа составени од грин,Флитвуд, Џон Мек Ви и Мајал.Мајал му подари на Грин слободно време за снимање, во кое Флитвуд, Мек Ви и Грин снимија пет песни.Петтата песна беше инструментална која грин ја именуваше според ритам-секцијата, „Флитвуд Мек“. Грин контактираше со Флитвуд за да формираат нова група. Двајцата очајнички го сакаа Мек Ви на бас гитара и дури ја именуваа групата „Флитвуд Мек“ со цел да го намамат. Сепак, Мек Ви се одлучи да одбере сигурна работа со Мајал отколку да биде непознат во нова група. Во меѓувреме Питер Грин и Мик Флитвуд се здружија со талентираниот гитарист Џереми Спенсер и басистот Боб Брунинг, кој што би ја напуштил групата под услов Мек Ви да се придружи. Верзијата на групата-Грин, Флитвуд, Спенсер, Брунинг го имаше својот прв настап на 13 август 1967 година на Виндзор Џез енд Блуз Фестивал. По неколку недели од овој настан, Џон Мек Ви се согласи да стане басист на групата.

Првиот албум на Флитвуд Мек, Флитвуд Мек, беше блуз албум со најнеопходен комфор и беше издаден од музичката куќа Блу Хорајзон во февруари 1968. Всушност на албумот немаше други музичари (освен за песната „Лонг Греј Мер“, која што беше снимена кога Боб Брунинг беше во групата). Албумот беше успешен во Обединетото Кралство, достигнувајќи 4-то место иако немаше синглови на него.Групата наскоро издаде два синглови „Блек Меџик Вуман“ (подоцна голем хит за Сантана) и „Нид Јор Лав Соу Бед“.

Вториот албум на групата, Мр.Вондерфул, беше издаден во август 1968. Како и првиот и овој беше комплетно блуз албум, но овојпат направија неколку измени. Албумот се снимаше во живо со микрофони на засилувачите и со ПА систем, отколку да бидат вклучени во таблата. Овој метод ја овозможи идеалната околина за создавање на ваков стил на музика и ѝ даде автентичен класичен звук. Тие исто така додадоа и хорни и вклучија пријател на бендот на клавијатури, Кристин Перфект од Чикен Шек.

Кратко по издавањето на својот втор албум Флитвуд Мек го додадоа во нивниот состав гитаристот Дени Кирван, кој тогаш имаше само 18 години. Грин беше фрустриран од тоа што Џереми Спенсер имаше малку желба да придонесе за песните на Грин.Зрел и искусен самоук гитарист,препознатливото вибрато на Кирван и уникатниот стил даде нова димензија на веќе комплетната група. Со Кирван групата до издаде својот прв број еден сингл во Европа, „Албатрос“. Тоа време го издадоа својот втор американски албум Инглиш Роуз, кој содржеше половина од Мр. Водерфул, нови песни од Кирван, и нивниот трет европски албум наречен Пиу Бирд оф Гуд Омен кој што беше збир од синглови и избор од соработката на групата со Еди Бојд.

Кога групата отиде во САД во јануари 1969 година тие снимија многу песни во Чес Рекордс студиото кое набрзо требаше да се затвори,со некои блуз легенди од Чикаго вклучувајќи ги Вили Диксон, Бади Гај и Отис Спен. Сепак, ќе се покаже дека ова се последните целосно-блуз снимки. Заедно со својата промена на стилот групата исто така ги менуваше и музичките куќи. До овој момент тие беа со Блу Хорајзон. Сепак, со Кирван во групата, музичките можности беа преголеми за нив за да останат во само-блуз музичка куќа. Групата потпиша со музичката куќа Имидиет Рекордс и ја издадоа „Мен оф д Ворлд“, уште еден британски и европски хит сингл. За Б-страната Спенсер ги водеше Флитвуд Мек како „Ерл Винс енд д Валијантс“ и ја снимија „Самуанс Гона Гет Дејр Хед Кикд Ин Тунајт“, отелотворувајќи ја порапавата рокенрол страна на групата. Имидиет Рекордс беше во лоша состојба и групата побара нов договор. Иако дури и Битлси сакаа групата да снима со Епл Рекордс (Мик Флитвуд и Џорџ Харисон баџанаци) менаџерот на групата, Клифорд Дејвис се одлучи да снимаат со Ворнер Брос Рекордс (Реприз), музичката куќа со која оттогаш останаа досега.Нивниот прв албум за Реприз, издаден во септември 1969, беше доброоценетиот Ден Плеј Он. Американското издание на овој албум ја содржи песната „О Вел“, обележана доследно со настапи во живо од времето на нејзиното издавање потоа преку 1997 и повторно почнувајќи во 2009 . Ден Плеј Он, кој што беше првиот рок албум на групата,содржеше песни само од Кирван и Грин. Во меѓувреме Џереми Спенсер сними соло албум (беше придружуван од остатокот од групата) кој се состоеше од многу рокенрол песни со стил од 50-тите години.

Во јули 1969 година Флитвуд Мек беа предгрупа на Тен Јирс Афтер на музичкиот фестивал Шафер во Волман Ринк во Њујорк. Повторно се појавија на фестивалот во 1970. Флитвуд Мек беа крајно популарна група во Европа во тоа време. Сепак, Питер Грин, фронтменот на групата, имаше лошо здравје. Земаше ЛСД во Минхен, што придонесе за почеток на неговата шизофренија.

Германскиот автор и режисер Раинер Лангханс во својата автобиографија спомнува дека тој и Уши Обермаер се сретнале со Питер Грин во Минхен, каде што го поканиле во својата „Хај-Фиш-Комуна“. Тие не беа всушност заинтересирани за Питер Грин. Тие само сакаа да стапат во контакт со Мик Тејлор: Лангханс и Обермаер посакаа да организираат „Бавариски Вудсток“. Сакаа Џими Хендрикс и Ролинг Стоунс да бидат главни ѕвезди на нивниот Бавариски фестивал под отворено небо. Ним им беше потребен „Богот Грин“ само за да дојдат во контакт со Ролинг Стоунс преку Мик Тејлор.

Последниот хит на Грин со Флитвуд Мек беше „Грин Маналиши“ (најпрвин снимена во Бостонската Чајанка во февруари 1970, а подоцна снимена од Џудас Прист). Менталната состојба на Грин се влоши и тој сакаше сите пари од групата да ги даде во добротворни цели. Некои од останатите членови на групата не се согласија и следствено на тоа Грин реши да ја напушти групата. Неговиот последен настап со Флитвуд Мек беше на 20 мај 1970 година. За време на тој настап групата го надмина определеното време и напојувањето беше прекинато. Мик Флитвуд продолжи да удира по тапаните.

Транзициона ера (1970–1975)[уреди]

На Кирван и Спенсер им остана задачата да го пополнат местото на Питер на нивните настапи и снимања. Во септември 1970 година Флитвуд Мек го издадоа Килн Хаус. Песните на Кирван ја променија насоката на групата кон рок од 70-тите. Во меѓувреме придонесите на спенсер се фокусираа на повторно создавање на кантри одѕвонувањето „Сончев Звук“ од доцните 50-ти години. Кристин Перфект,која се откажа од музичкиот бизнис по еден неуспешен соло албум, даде придонес за Килн Хаус, пеејќи придружни вокали,и цртајќи ја насловната корица за албумот. Бидејќи Флитвуд Мек напредуваа и развиваа нов звук, побараа од Перфект да се придружи во групата. Тие исто така издадоа и синглови во тоа време: „Драгонфлај“, „Парпл Денсер“ во Британија и во некои европски земји. Покрај добрите забелешки во печатот, синглот не беше успешен и Б-страната беше реиздадена само уште еднаш, на Реприз Само-на-германски „Најдоброто од“ албумот, правејќи ја една од нивните најнепознати песни.

Кристин Перфект се омажи со басистот Џон Мек Ви и го имаше својот прв настап со групата како Кристин Мек Ви на Бристол Универзитетот во мај 1969 година кога ги напушти Чикен Шек. Таа имаше успех со класиката на Ета Џејмс, „[[Ајд радер гоу блајнд]“,и два пати беше избрана за најдобар женски изведувач на годината во Англија. Кристин Мек Ви за првпат свиреше како официјален член на 6 август 1970 година во Њу Орлеанс. Колумбија Рекордс, кои сега го поседуваа Блу Хорајзон (освен во САД и Канада) издадоа албум од претходно необјавен материјал од оригиналните Флитвуд Мек наречен Оригиналниот Флитвуд Мек. Албумот беше релативно успешен,а групата изгледаше како повторно да се здобива со популарност.

Додека беа на турнеја во февруари, 1971, Џереми Спенсер рече дека ќе оди да „земе списание“, но никогаш не се врати. По неколку дена очајничко барање, групата откри дека Спенсер се придружил на религиска група, Божји Деца. Задолжени за преостанатите настапи од турнејата, тие го убедија Питер Грин да им помогне да ја довршат турнејата. Тој го донесе неговиот пријател, Најџел Вотсон, кој свиреше на конга (25 години подоцна Грин и Вотсон повторно соработуваат и ја оформуваат Питер Грин Сплинтер Груп). Сепак, Грин се врати во Флитвуд Мек привремено, така што групата одлучи да побара нов гитарист. Летото 1971 групата одржа аудиции за гитарист во нивниот голем дом на село „Бенифолд“, кој го купија пред турнејата Килн Хаус. Пријателка на групата по име Џуди Вонг го препорача нејзиниот пријател од средно, Боб Велч,кој тоа време живееше во Париз. Групата се стретна неколкупати со Велч и одлучи да го ангажира, без всушност да свират со него или да слушнат некои од неговите снимки.

Во септември 1971 година, групата го издаде Фјучур Гејмс. Овој албум беше сосема различен од она што претходно групата го направила до тој момент. Имаше многу фанови во Америка кои стануваа се позаинтересирани за групата. Во Европа СИ БИ ЕС го издаде првиот пакет на Флитвуд Мек, Најдобрите Хитови, кој претежно се состоеше од песни на Питер Грин, иако имаше една песна од Спенсер и една од Кирван.

Во 1972 година, 6 месеци по издавањето на Фјучур Гејмс, групата го издаде добропримениот албум Бер Трис. Бер Трис ја содржеше „Сентиментал Лејди“ на Велч, која ќе биде уште поголем хит за него кога ќе ја сними повторно за неговиот албум Френч Кис, придружуван од Мик Флитвуд, Кристин Мек Ви и Линдзи Бакингем, за соло албум. Исто така, ја содржеше „Спер ми а литл оф јор лав“, весела мелодија од Кристин Мек Ви која стана главна на настапите на групата во живо во првата половина на 70-тите години. За разлика од работата во студио, групата имаше проблеми со настапите во живо. Дени Кирван стана зависник од алкохол и се оддалечи од Велч и сопружниците Мек Ви. Флитвуд Мек одлучија дека немаат друг избор освен да го отпуштат Кирван, откако ја скрши својата Лес Пол Кастом гитара, одби да излезе една ноќ на сцена, и ја критикуваше групата.

Следните 2 и пол години се покажаа како најпредизвикувачки за групата. За три албуми колку што издаваат во овој период, постојано го менуваат составот.Во септември 1972 година, групата го додаде гитаристот Боб Вестон и вокалистот Дејв Вокер, претходно член на Савој Браун. Боб Вестон беше добро познат по свирењето слајд гитара и ја познаваше групата од периодот на турнеи со Лонг Џон Балдри. Флитвуд Мек исто така го ангажираше менаџерот на Савој Браун, Џон Кариџ. Мик, Џон, Кристин, Велч, Вестон и Вокер го снимија Пингвин, кој излезе во јануари 1973 година. По турнејата, групата го избрка вокер бидејќи нековиот вокален стил и став не соодвествуваа со остатокот од групата. Преостанатите пет продолжија понатаму и го снимија Мистери ту ми шест месеци подоцнаОвој албум ја содржеше песната „Хипнотајзд“ која што долго време се вртеше на радио и стана една од најпрепознатливите песни на групата се до денес. Групата со право беше горда на новиот албум и беа достоинствени да го направат хит. Сепак, нештата не се одвиваа добро внатре во групата. Бракот на Мек Ви во тоа време беше под голем стрес, што беше загрозено од нивното постојатно заедничко работење и значителното прекумерно конзумирање на алкохол од Џон Мек Ви. За време на турнејата, Вестон имаше афера со сопругата на Флитвуд, Џени Бојд Флитвуд, сестрата на Пети Бојд Харисон. Наскоро Флитвуд го избрка Вестон а турнејата се откажа. Поради недостаток на турнеи, албумот се продаде во помал број отколку неговиот претходник. Една од најбизарните случки во рок историјата е тоа што менаџерот на групата, Клифорд Дејвис, тврдеше дека го поседува правото врз името Флитвуд Мек и објави дека се работи за „лажно Мек“. Никој во „лажното Мек“ некогаш бил во вистинската група, иако некои од нив подоцна настапуваа како студиска група на Дени Кирван. На фановите им беше кажано дека Боб Велч и Џон Мек Ви ја напуштиле групата и дека Мик Флитвуд и Кристин Мек Ви се приклучиле кон групата подоцна, откако некое време мирувале. Организаторот на турнеи на Флитвуд Мек, Џон Кариџ, организираше еден настап пред да сфати дека составот кој свиреше е лага.На крај Кариџ ја криеше вистинската опрема на Флитвуд Мек, што помогна да се скрати турнејата на лажната група. Но, спорот кој следуваше им го одзеде правото на Флитвуд Мек за приближно една година. Проблемот беше кој всушност го поседува името „Флитвуд Мек“. Додека изгледаше очигледно дека групата е именувана според Флитвуд и Мек Ви, тие потпишаа договори со кои групата ги губи правата врз името. За време на овој период, Велч остана во Лос Анџелес и се поврза со адвокатите надлежни во областа на забавата. Велч набргу сфати дека групата е запоставена од Ворнер Брос. и дека ако сакаат тоа да се смени, тие би требало да се преселат во Лос Анџелес. Остатокот од групата веднаш се согласи. Рок промовирачот Бил Грем напиша писмо до Ворнер Брос. да ги убеди дека „вистинските“ Флитвуд Мек се всушност Флитвуд, Велч и Мек Ви-еви. Додека ова не значеше крај на судскиот спор,групата можеше да снима повторно под името Флитвуд Мек. Наместо да бараат нов менаџер, Флитвуд Мек решија да се менаџираат самите. Лажните Мек се состоеја од Елмер Гантри (вокали, гитара), Кирби Грегори (гитара), Пол Мартинез (бас гитара), Џон Вилкинсон (клавијатури) и Крег Колинџ (тапани). Гантри и Грегори станаа членови на Стреч, подоцна Гантри се придружи на Алан Парсонс Проџект а Мартинез стана басист на соло обидите на Роберт Плант.

Откако Ворнер Брос. Склучи договор за снимање со вистинските Флитвуд Мек, квартетот го издаде Хироус ар хард ту фајнд во септември, 1974, За првпат во нивната историја, групата имаше само еден гитарист. На турнеите имаа додатен клавијатурист. Првиот беше Боби Хант кој беше во групата Хед Вест заедно со Боб Велч во 1970, а вториот беше Даг Грејвс, кој беше организатор на Хироус ар хард ту фајнд. Ниеден не се задржа долго.

Оваа турнеја се покажа како последна за Боб Велч. Постојаните турнеи го докрајчија. Се почувствува како да го достигнал крајот на креативниот пат со групата. Додека неговото членување во групата не беше комерцијален успех, Боб Велч обезбеди музичка и професионална насока за групата и помогна на групата низ три големи кризи,и ги остави во ситуација во која имаа договор за снимање, директна врска со компанијата за снимање, врски со внатрешните луѓе во индустријата, без притисок од компанијата за снимање и ситуација која помага да се унапреди креативноста. Со ова, многумина веруваат дека Боб Велч ги поставил темелите за иднината на Флитвуд Мек. Понатаму, оваа последна турнеја овозможи албумот Хироус да достигне повисока позиција на американските топ листи одошто претходните албуми на групата.

Мејнстрим успех (1975–1987)[уреди]

Откако Велч изјави дека ја напушта групата,Флитвуд започна со барање можна замена. Додека Флитвуд го „ловеше“ Ван Нујс, Калифорнија, куќниот организатор за Калифорнијас Саунд Сити Студиос, Кит Олсенму отсвири песна насловена „Фроузен лав“ (од Бакингем Никс, Полидор ПД 5058, септември 1973 год.), која ја измикса за американска група, Бакингем Никс. На Флитвуд му се допадна и се запозна со гитаристот од групата, Линдзи Бакингем,кој по случајност беше во Саунд Сити тој ден да направи некои демо снимки. Флитвуд набргу побара од него да се придружи. Бакингем се согласи,под услов неговата музичка партнерка и девојка, Стефани „Стиви“ Никс, исто така да стане дел од групата; Флитвуд се согласи на ова. Во 1975 година, новиот состав го издаде истоимениот Флитвуд Мек. Албумот се покажа како пробив за групата и стана огромен хит, достигнувајќи ја првата позиција во САД и продавајќи над 5 милиони копии. Меѓу хитовите на овој албум беа „Овер мај хед“ и „Сеј ју лав ми“ на Кристин Мек Ви и „Ријанон“ и „Лендслајд“ на Стиви Никс (всушност стана хит 20 години подоцна на албумот Д Денс).

Но во 1976 година заедно со успехот на групата дојде и крајот на бракот помеѓу Џон и Кристин Мек Ви, како и долгата романтична врска помеѓу Бакингем и Никс. Дури и Флитвуд беше среде развод со својата сопруга Џени. Притисокот кој се вршеше врз Флитвуд Мек за издавање на успешен нареден албум, комбиниран со нивното новопронајдено богатство, доведе до креативни и лични тензии, разгорени со високо конзумирање на дрога и алкохол.

Албумот кој што групата го издаде во 1977 година беше Руморс, во кој го опишаа емоционалното превирање со кое се соочиле во тоа време. Критички, беше добитник на Греми наградата за албум на годината во 1977. Хит сингловите ги вклучуваа „Гоу јор оун веј“, на Бакингем,бројот 1 на Стиви Никс „Дримс“ и „Донт стоп“ и „Ју мејк лавинг фан“ на Кристин Мек Ви.„Секонд хенд њуз“ на Бакингем, „Голд даст вуман“ на Никс и „Д чејн“ (единствената песна напишана од сите 5 членови) исто така, долго време се вртеше на радио станиците. До 2003 година, Руморс се продаде во над 19 милиони копии само во САД (засведочен како дијамантски албум од страна на РИАА) и вкупно 40 милиони копии низ светот, задржувајќи го статусот на еден од најпродаваните албуми на сите времиња.

Бакингем можеше да го убеди Флитвуд да му дозволи експериментирање на следниот албум и да работи на песните дома, па потоа да ги донесе на групата во студиото. Неговата проширена креативна улога за следниот албум беше оценета како влијание за Њу Вејв музиката. Резултат на ова беше ексцентричниот двоен албум со 20 песни, Таск, издаден во 1979 година. Создаде три хит синглови: „Таск“ на Линдзи Бакингем (САД #8), на која гостува УСЦ Тројан Марчинг Бенд; „Тинк абаут ми“ на Кристин Мек Ви (САД #20); 6½ минутното дело „Сара“ на Стиви Никс (САД #7). Последната од овие три беше скратена на 4½ минути како за синглот така и за првото ЦД издание на албумот, но неуредената верзија беше повторно ставена на компилацијата од 1988 година Најголемите Хитови и на реизданието на таск во 2004, како и на издавањето на Најдоброто од Флитвуд Мек во 2002 од Флитвуд Мек. Оригиналниот гитарист Грин исто така зеде дел од сесиите за Таск, но не му е доделено признание за неговот свирење на песната „Браун ајс“ на Кристин Мек Ви.

Таск и денес останува еден од најамбициозните албуми на Флитвуд Мек, иако се продаде само во 4 милиони копии низ светот. Ова во споредба со огромната продажба на Руморс, ја натера музичката куќа да верува дека проектот пропаднал, обвинувајќи го за тоа Бакингем. Сепак, Флитвуд ја обвини радиостаницата РКО за релативниот неуспех на албумот, бидејќи го пуштале албумот во целина пред неговото издавање, со тоа овозможувајќе масовно снимање од дома. Во продолжение на ова, Таск беше двоен албум, со висока цена од 15.98 долари.

Групата започна голема 18 месечна турнеја за промоција на Таск. Тие патуваа ширум светот вклучувајќи ги САД, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Франција, Белгија, Германија, Холандија и Обединетото Кралство. Во Германија настапија со реге-суперѕвездата Боб Марли. На оваа светска турнеја групата ја сними музиката за албумот Флитвуд Мек Лајв, кој излезе на крајот од 80-тите години.

Следниот албум од 1982 година, Мираж, кој следуваше по соло албумот на Стиви Никс (Бела Дона) и на Бакингем (Ло енд Ордер), беше враќање кон поконвенционалното. Бакингем беше критикуван од критичарите, од членовите на групата и од менаџерите во музичкиот бизнис поради помалиот комерцијален успех од Таск. Снимен во еден дворец во Франција, Мираж беше обид да се врати огромниот успех на Руморс. Неговите хитови ги вклучуваа „Холд Ми“ и „Лав ин Стор“ на Стиви Никс (и двете песни напишани со помош на Роберт Патон и Џим Рекор,соодветно), „Џипси“ на Стиви Никс, и „О, Дајен“ на Линдзи Бакингем, кои стигнаа до Топ 10 листата во Британија.Успех постигна и уште еден мал хит на Бакингем, „Ајс оф д Ворлд“.

Наспроти Турнејата Таск, групата се впушти само во кратка турнеја во 18 американски градови, од кои настапот во Лос Анџелес беше снимен и издаден во видео верзија. Исто така, го предводеа првиот Американски Фестивал, за кој им беа исплатени 500.000 долари (1.126.946 фунти во денешни услови). Мираж беше оценет како двојно платинест во САД.

По Мираж, групата направи пауза, која им овозможи на членовите да започнат соло кариери. Стиви Никс издаде уште два соло албуми ( Д Вајлд Харт во 1983 година и Рок а Литл во 1985 година), Линдзи Бакингем го издаде Гоу Инсејн во 1984 година, истата година кога Кристин МекВи направи истоимен албум (давајќи го Топ 10 хитот „Гат а Холд Он Ми“ и Топ 40 хитот „Лав Вил Шоу Ас Хау“). Сите постигнаа успех, но Никс стана најпопуларна. Сепак, за време на овој период, Мик Флитвуд банкротираше, Никс беше примена на клиниката Бети Форд поради проблеми со зависност, а Џон МекВи имаше удар поврзан со зависностите – сево ова предизвикано од прекумерниот животен стил здобиен преку светскиот успех. Се зборуваше дека Флитвуд Мек конечно се разделиле, сепак, Бакингем коментираше дека не сака Мираж да биде нивен последен труд.

Составот на Флитвуд Мек од албумот Руморс за тоа време сними уште еден албум, Танго Ин Д Најт, во 1987 година. Најпрвин, како и со други албуми на Флитвуд Мек, материјалот започна како соло албум на Бакингем пред да стане групен проект. Албумот стана нивно најпродавано издание уште од Руморс, особено во Британија каде што достигна број 1, три пати во наредната година. Албумот се продаде во 3 милиони копии во САД и содржеше четири хитови: „Литл Лајс“ и „Евривер“ на Кристин МекВи ( првата напишана заедно со новиот сопруг на МекВи,Еди Кинтела), “Севен Вондерс“ на Сенди Стјуарт и Стиви Никс, и „Биг Лав“ на Линдзи Бакингем. „Фемили Мен“ и „Изнт ит Миднајт“ исто така беа издадени како синглови, но со помал успех. Групата имаше намера да оди на турнеја за да го промовира Танго Ин Д Најт, но Бакингем цврсто одби (иако се согласи да се појави во сите музички спотови поврзани со албумот). Според Флитвуд,Бакингем се повлече од Флитвуд Мек по една вжештена, гневна расправија во август 1987 година. Никс и Кристин МекВи исто така го потврдија немилиот настан кој се случувал за време на неколку интервјуа, вклучувајќи го и интервјуто за Британската музичка емисија Рок Стеди емитувана во март 1990 година. Самата МекВи го опиша инцидентот кој се случил во нејзината куќа, како „грд“, наводно Бакингем велејќи на присутните, за Стиви Никс, „исфрлете ја таа шизофрениска кучка од оваа куќа. Сепак, години подоцна, во 2001, на документарец за ВХ1 Зад Музиката, Флитвуд и Бакингем го смалија инцидентот.

Скршен Ланец (1987–1997)[уреди]

По заминувањето на Бакингем, Флитвуд Мек додаде двајца нови гитаристи во групата, Били Барнет и Рик Вито. Барнет главно беше додаден заради неговите вокални способности и пишувањето песни, а Вито поради неговите вештини на водечка гитара.

Барнет е син на Дорси Барнет и внук на Џони Барнет, двајцата од Рокенрол Триото. Тој веќе имаше работено со Мик Флитвуд во Зу, со Кристин МекВи како дел од нејзиниот соло бенд, работеше на неколку сесии со Стиви Никс и дури свиреше со Линдзи Бакингем на Сатрдеј Најт Лајв. Понатаму, Флитвуд и кристин Мек Ви свиреа на неговиот албум од 1985 година, Трај Ми.Вито, обожавател на Питер Грин, свирел со повеќе артисти од Бони Рајт до Џони Мајал и дури работел со Џон МекВи на два албуми на Мајал.

Турнејата од 1987-88 година „Шејк д Кејџ“ беше првото појавување на овој состав и беше доволно успешен да гарантира издавање на видео концерт (наречен едноставно „Танго Ин Д Најт“), снимен во арената Кау Палас во Сан Франциско, во декември 1987 година.

Потпирајќи се на успехот на Танго Ин Д Најт, групата продолжи со албум во 1988 година наречен Најдобри Хитови. Содржеше песни од ерата 1975-88,и вклучуваше две нови композиции: „Ноу Куешчнс Ескд“ напишана од Никс,и „Ес Лонг Ес Ју Фалоу“ напишана од МекВи и Кинтела, која беше издадена како сингл во 1988 година но го достигна само 43-тото место во САД и 66-тото во Британија. Сепак достигна прво место на врсничко-возрасната листа во САД. Албумот Најдобри Хитови кој достина 3-то место во Британија и 14-то место во САД (иако оттогаш се продаде во 8 милиони копии таму), беше посветен на Бакингем од страна на групата, со кого сега се смирија.

По колекцијата Најдобри Хитови, Флитвуд Мек го снимија Бихајнд Д Меск. Со овој албум,групата скршна од стилизираниот звук кој го разви Бакингем за време на своето членување во групата (исто така видливо во соло проектите), и завршија со повозрасен стил од продуцентот Грег Ладањи. Сепак, албумот даде само еден Топ 40 хит, „Сејв Ми“ на МекВи. Бихајнд Д Меск достигна само статус на Златен албум во САД, достигнувајќи ја 18-тата позиција на Билборд листата на албуми, иако влезе на листата на албуми во Британија како број 1. Доби измешани критики и беше оценет од некои критичари како пад на бендот во отсуство на Линдзи Бакингем (кој всушност се појави како гостин свирејќи на насловната песна). Сепак, списанието Ролинг Стоун изјави дека Вито и Барнет беа „најдоброто нешто кое некогаш му се случило на Флитвуд Мек“, а Британското списание Кју исто така го пофали албумот во своите оценувања. На следната турнеја „Бихајнд Д Меск“ групата свиреше на целосно распродадени концерти на стадионот Вембли во Лондон, а на последното шоу во Лос Анџелес, Бакингем и се придружи на групата на сцената. Двете жени од групата, МекВи и Никс, одлучија тоа да биде нивна последна турнеја (таткото на МекВи починал за време на турнејата) иако и двете изјавија дека и понатаму ќе снимаат со групата. Сепак, во 1991, и Никс и Рик Вито објавија дека сосема ја напуштаат групата.

Во 1992 година, самиот Флитвуд подготви материјал од групата на 4 дискови, опфаќајќи ги најдобрите моменти од 25 годишната историја на групата, наречен 25 години – Ланецот (уреден сет од 2 дискови исто така беше достапен). Значајно вклучување во сетот беше „Силвер Спрингс“, композиција од Стиви Никс која беше снимена за време на сесиите за Руморс, но не беше вклучена во албумот, наместо тоа, искористена за Б-страната на „Гоу Јор Оун Веј“. Никс бараше дозвола да ја искористи песната за нејзината компилација Тајмспејс, Најдоброто од, во 1991, но Флитвуд го одби нејзиното барање бидејќи планираше да ја вклучи во својата колекција како нешто ретко. Несогласувањето помеѓу Никс и Флитвуд предизвика големо покривање од страна на печатот и се верува дека ова е главниот катализатор за напушнањето на бендот од страна на Никс во 1991, дадена во САД како сингл. Бидејќи во тој момент двајцата членови го напуштија бендот,песната веројатно беше остаток од сесиите за Бихајнд Д Меск. Исто така имаше и две нови композиции од Кристин МекВи, „Харт оф Стоун“ и „Лав Шајнс“, втората беше издадена како сингл во Британија и некои други области.Линдзи Бакингем исто така придонесе со нова песна, „Мејк Ми А Меск“, која ги имаше сите знаци на ограничена студиска креација на Бакингем,без придонес од другите членови на групата. Мик Флитвуд исто така издаде луксузна придрушна книга да се сповпадне со издавањето на сетот, именуван Моите 25 години во Флитвуд Мек. Изданието содржеше многу ретки фотографии и белешки (напишани од самиот Флитвуд) прикажувајќи ја историјата на Флитвуд Мек во детали.

Неколку месеци подоцна, составот Бакингем/Никс/МекВи/МекВи/Флитвуд се соедини повторно на барање на Претседателот на САД, Бил Клинтон, по повод неговата прва инаугурација во 1993 година. Клинтон ја направи песната на Флитвуд Мек „Не Запирај“ како песна за својата кампања. Неговото барање за изведба на песната на својата инаугурација беше прифатена со ентузијазам од страна на групата, сепак составот немаше намера повторно да се соедини.

Инспирирани од новиот интерес за бендот, Мик Флитвуд, Џон МекВи и Кристин МекВи снимија уште еден албум како Флитвуд Мек, со Били Барнет на гитара. Сепак,само што одлучија да продолжат понатаму, Били Барнет во март 1993 година најави дека ја напушта групата за да продолжи со кантри албум и актерска кариера. Бека Брамлет беше вклучена,која работеше една година порано со Зу на Мик Флитвуд. Соло пејачот/текстописец/гитарист и член на Трафик,Дејв Мејсон, кој работеше со родителите на Бека, Делани и Бони, дваесет и пет години претходно, беше додаден дополнително. Во март 1994 година, Били Барнет, добар пријател и ко-текстописец со Делани Брамлет, се врати со благослов на Флитвуд.

Групата, без Кристин МекВи, беше на турнеја во 1994 година, како предгрупа на Крозби,Стилс и Неш, а во 1995 година како дел од пакетот со РЕО Спидвагон и Пет Бенатар. На турнејата Флитвуд Мек свиреа класични песни од почетната ера 1967-1974 година. Во 1995 година , на концерт во Токио, групата беше поздравена од поранешен член, Џереми Спенсер, кој изведе неколку песни со нив.

На 10-ти октомври 1995 година, Флитвуд Мек го издадоа неуспешниот албум Тајм. Иако достигна Топ 60 во Британија за една недела, албумот немаше никаков ефект во САД. Не успеа да допре ниту до Билборд Топ 200 листа на албуми, шокантна промена за групата која што беше потпора на листата поголемиот дел од времето во изминатите две децении. Набрзо по излегувањето на албумот, Кристин МекВи го информираше бендот дека тоа бил нејзин последен албум. Брамлет и Барнет следствено на тоа формираа кантри дует, Бека и Били.

Повторно составен ланец (1997–2007)[уреди]

Само неколку недели по распадот на Флитвуд Мек, Мик Флитвуд најави дека работи потворно со Линдзи Бакингем. Џон МекВи наскоро се приклучи на сесиите, а подоцна Кристин МекВи. Стиви Никс исто така го повика Линдзи Бакингем да направат песна за саундтрак.

Во мај 1996 година, Мик Флитвуд, Џон МекВи, Кристин МекВи и Стиви Никс се појавија на приватна забава во Луисвил, Кентаки пред Кентаки Дерби (со Стиви Винвуд пополнувајќи го местото на Линдзи Бакингем). Една недела подоцна, излезе саундтракот за филмот Торнадо,на кој настапуваа Стиви Никс И Линдзи Бакингем како дует заедно со Мик Флитвуд на тапани. Ова на крај доведе до соединување на составот од Руморс кога групата официјално повторно се создаде во март 1997 година. Резултатот дојде во облик на концерт во живо снимен на сцена на Ворнер Брос во Бурбанк, Калифорнија на 22-ри мај, кој резултираше со албумот во живо од 1997 година, Д Денс, враќајќи ги Флитвуд Мек на врвот на топ листите во САД за прв пат по 15 години. Албумот им го врати на Флитвуд Мек комерцијалниот статус на супер ѕвезди кои го имаа во времето на албумот Танго Ин Д Најт. Албумот се продаде во 5 милиони копии. Следуваше успешна турнеја по премиерата на Д Денс на Ем-Ти-Ви, која ги задржа обединетите Мек на турнеја низ голем дел од 1997 година, 20 годишнината од нивниот албум Руморс. Сепак,ова беше последниот настап на класичниот состав од 70-тите со Кристин МекВи.

Стиви Никс и Линдзи Бакингем на турнејата Сеј Ју Вил во 2003 година

Во 1998 година, Флитвуд Мек, Мик Флитвуд, Џон МекВи, Кристин МекВи, Стиви Никс, Линдзи Бакингем, Питер Грин, Џереми Спенсер и Дени Кирван) беа примени во Рокенрол Халата на Славните и настапија на тогашните Греми награди. Тие исто така беа добитници на наградата за „Извондерден придонес за музиката“ на БРИТ наградите (Награди на Британската Фонографска Индустрија) истата година.

Во 1998 година, Кристин МекВи ја напушти групата и се врати во Британија престанувајќи со турнеи (иако не целосно со музичкиот бизнис, бидејќи издаде нов албум, Ин Д Минтајм, во 2004 година). Нејзиното заминување направи Бакингем и Никс да ги пеат сите водечки вокали за албумот на групата од 2003 година, Сеј Ју Вил, иако Кристин придонесе за некои придружни вокали и клавијатури. Албумот дебитираше на местото број 3 на Билборд Топ 200 листата (број 6 во Британија и создаде хитови со „Пискипер“ и насловната песна, и успешна светска турнеја која траеше низ 2004 година.

Во интервјуата дадени во ноември 2006 година за промоција на својот соло албум Андер Д Скин, Бакингем изјави дека сеуште се можни плановите за повторно обединување на групата за турнеја во 2008 година. Плановите за снимање беа откажани за догледна иднина. Во интервју на Стиви Никс за Британскиот весник Д Дејли Телеграф во септември 2007, таа истакна дека нема волја да продолжи со групата доколку Кристин МекВи не се врати. Сепак, во поново интервју, Мик Флитвуд рече: „Ќе бидам многу среќен и се надевам дека повторно ќе работиме заедно. Можам да ви кажам дека сите ќе бидат крајно возбудени во врска со она што се случува со Флитвуд Мек“.

Започната турнеја и идни проекти (2008–2010)[уреди]

На 14-ти март, 2008 година, Асоушиејтед Прес изјави дека Шерил Кроу ќе соработува со Флитвуд Мек во 2009 година. Кроу и Стиви Никс соработуваа во минатото и таа изјави дека Никс била одлична учителка и инспирација за неа. Во подоцнежно интервју со Бакингем, тој рече дека по дискусиите помеѓу бендот и Кроу, можната соработка со Кроу го загуби значењето.

На 9 јуни, 2008, Њујорк Тајмс објави дека Ирвинг Азоф е во преговори за договор со Вал-Март за новиот албум на Флитвуд Мек. Написот гласи: „а г-дин Азоф рече дека веќе преговара со Вал-Март за ексклузивен договор за следното издание на Флитвуд Мек“.

Во интервју од 2008 година, Стиви Никс негираше дека шерил Кроу ќе се приклучи на Флитвуд Мек како замена за пензионираната Кристин МекВи. Според Стиви Никс, „групата ќе започне со работа на материјал и снимање веројатно во октомври, и ќе го заврши албумот“. На 7-ми октомври,2008 година, Мик Флитвуд потврди на шоуто на Би-Би-Си, Д Уан Шоу, дека групата работи во студио и исто така најави планови за турнеја во 2009 година.

Кон крајот на 2008 година,Флитвуд Мек најавија дека групата ќе тргне на турнеја во 2009 година, почнувајќи во март. Во врска со турнејата од 2003-2004 година, Кристин МекВи нема да биде вклучена во составот. Турнејата носи име шоу на „најдобри хитови“, наречено Анлишд, иако тие исто така ќе свират песни од албумот како „Стормс“ и „Ај Ноу Ам Нот Ронг“. Првиот настап беше на 1-ви март 2009 година,а во февруари најавија мноштво на нови датуми.

Според Билборд, Мик Флитвуд на телеконференција со репортерите на 12-ти февруари 2009 година изјави: „Ова е прв пат да одиме на турнеја без нов албум. Ова е навистина ново искуство за Флитвуд Мек, да одиме и да свириме песни за кои веруваме и се надеваме дека ќе им бидат познати на луѓето и дека ќе ги сакаат“.

Стиви Никс изјави дека, во врска со новиот албум на Флитвуд Мек,„До овој момент нема никаков план... за никаков албум. Ќе завршиме со оваа турнеја пред да решиме што да правиме со албум“. За време на споменатите концерти, Бакингем изјави: „вистинско време е да се вратиме во студио-но само по турнејата. Мислам дека можеби ќе направиме подобар албум ако најпрво се дружиме заедно на турнејата... Можеби дури засадувајќи семиња музички кои би не подготвиле подобро да влеземе во студио, отколку да влеземе ладно. Го оттргнува притисокот да влеземе во студио и да направиме нешто ладно“.

За време на нивниот настап на 20 јуни, 2009 годинаво Њу Орлеанс, Луизијана, Стиви Никс премиерно изведе дел од нова песна што ја напиша во врска со Ураганот Катрина. Ова беше изненадување за публиката, бидејќи не беше вообичаено за Флитвуд Мек да изведуваат сеуште необјавени песни, за време на нивните поскорешни концерти.

Во октомври 2009, групата започна со турнеја во Европа која продолжи во ноември, а по неа следеше турнеја во Австралија и Нов Зеланд во декември.

Исто така, во октомври Најдоброто од Флитвуд Мек беше повторно издадено во проширен формат на 2 дискови (овој формат беше издаден во САД во 2002 година), премиерно појавувајќи се на местото број 6 на Британската листа на албуми.

За време на настап на 30 октомври во Лондон на Вембли Арената, Бакингем повторно ги потврди можностите за нов албум и турнеја за негова промоција.

На 1 ноември, 2009,нов едночасовен документарец, Флитвуд Мек: Не запирај, се емитуваше во Британија на Би-Би-Си 1. Вклучувајќи скорешни интервјуа со сите четири сегашни членови, програмата достигна гледаност од 18% од публиката и беше добро прифатена од критичарите и обожавателите. Шоуто е познато по искреното резмие на Стиви Никс за нејзината моментална веска со Бакингем: „Можеби кога ќе имаме 75 години и Флитвуд Мек ќе биде далечен спомен, би можеле да бидеме пријатели...“, и за вклучувањето на отсечоците од сесиите за Таск, кои не се видени многу години уште од времето кога беа достапни на видео касета во 1981 година.

На 6 ноември, 2009, Флитвуд Мек настапи за последен пат од Европската фаза на нивната турнеја Анлишд на Вембли Арената во Лондон. Кристин МекВи беше присутна во публиката, на која Стиви Никс и оддаде признание од сцената со стоечки овации од публиката,изјавувајќи дека мисли на својата поранешна другарка од бендот „секој ден“, и ја посвети изведбата на „Лендслајд“ на МекВи таа вечер.

Во декември 2009 година, веб странта за концертна индустрија Полстар, објави дека Флитвуд Мек и Иглс сакаат да одат на заедничка турнеја во летото, 2010 година. Турнејата ќе се одвива на арени и стадиони во Северна Америка и Европа.

На 19 декември 2009 година, Флитвуд Мек одржаа концерт по кој остануваа уште два од нивната турнеја Анлишд, пред преполн стадион, за кој најпрво се планираше да биде единствен настап на ТСБ Баул на Бруклендс.

На 19 октомври, 2010, Флитвуд Мек, како четворка, свиреа на приватно шоу во Феникисиот Хотел во Скотсдејл, Аризона за ТПГ (Тексас Пасифик Груп). Концертот ги вклучуваше преостанатите членови од составот од доцните 70-ти години,а се спомнаа и можни идни настапи.