Флавијан Константинополски

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Флавијан Константинополски
Πατριάρχης Φλαβιανός
Патријарх на Константинопол
Црква Константинополска црква
Од 446
До 449
Претходник Прокло
Наследник Анатолиј
Лични податоци
Занимање Патријарх на Константинопол

Флавијан Константинополски (починал во 449 година) бил Патријарх на Константинопол во периодот од 446 до 449 година. Тој бил наследник на Прокло Константинополски, во времето на Теодосиј II, во времето кога жестоко се водел спорот околу можното осудување на новите еретички движења во империјата.

Во текот на 448 година, Флавијан го свикал собор, на кој го осудил и го лишил од чинот на Евтихиј, кој рекол дека може да се согласи, да исповеда дека:„Господ Исус Христос, се состоел од две природи, сè до нивното соединување. На православните ова не им одговарало. Но, Алексадрискиот патријарх, Диоскор Александриски, кој го заштитувал му го вратил чинот. Ова се случило, бидејќи императорот бил на негова страна. Евтих го осудил Флавијан за несторијанство. За Флавијан да биде осуден, императорот Теодосиј II, свикал собор во 449 година, познат како Разбојнички собор. На него претседавал Диодор Александриски, и соборот го осудил и лишил Флавијан од чин. Но, настанала тепачка, и бројната војска која ги придружувала монофизитите го претепала Флавијан до смрт. Затоа, и овој собор се нарекол Разбојнички собор[1].

По ова Флавијан бил осуден и протеран во Ефес. Починал во 449 година. Освен тој, од дворот биле прогонети и императорката Пулхерија. Но целата интрига била откриена на Четвртиот Вселенски собор, и таа повторно била вратена во дворецот. По нејзина заповед, моштите на Флавијан биле пренесени од Ефес во Константинопол во црквата посветена на Светите Апостоли.

Од страна на Православната и Римокатоличката црква, Флавијан е прогласен за светец.

Наводи[уреди]

  1. Давитковски, Петар (1987). „Историја на христијанската црква II дел“. Скопје: Скопје.