Филомена (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Филомена“
РежисерСтивен Фрирс
Продуцент
Главни улоги
МузикаАлександар Деспла
КинематографијаРоби Рајан
МонтажаВалерио Бонели
Дистрибутер
Премиера31 август 2013 (2013-08-31) (Венеција)
1 ноември 2013 (2013-11-01) (ОК)
22 ноември 2013 (2013-11-22) (САД)
Времетраење98 минути[1]
Земја
ЈазикАнглиски јазик
Буџет$12 милиони[2]
Бруто заработка$100.1 милиони[2]

Филомена (англиски: Philomena) е британски филм, во режија на Стивен Фрирс, според сценариото на Стив Куган и Џеф Поуп. Главните улоги ги толкуваат: Џуди Денч, Стив Куган, Софи Кенеди Кларк, Мер Винингам и Барбара Џефорд. Филмот освоил девет награди на фестивалот во Венеција, а имал три номинации за „Златен глобус“ и четири номинации за „Оскар“ (во категориите: најдобар филм, најдобра глумица, филмска музика и адаптирано сценарио).[3][4]

Содржина[уреди | уреди извор]

Забременувајќи како тинејџерка во Ирска, во 1952 година, Филомена (ја игра Денч) ја испраќаат во манастир како „нечесна жена“. Бебето ѝ го одземаат калуѓерките и го испраќаат во САД. Во текот на следните 50 години, Филомена упорно си го бара детето. Еден ден, таа го запознава новинарот Мартин Сиксмит (го игра Куган), кој е разочаран од светот и кој е заинтересиран за нејзината приказна.[3][5][6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Philomena (12A)“. Pathé. British Board of Film Classification. Посетено на 27 February 2014.
  2. 2,0 2,1 „Philomena (2013)“. Box Office Mojo. Посетено на 17 May 2014.
  3. 3,0 3,1 „Трогателна приказна по изгубениот син“, Антена, број 872, 13.3.2015, стр. 3.
  4. Кинотека на Македонија, Програма - ноември 2015
  5. Антена, број 856, 21.11.2014, стр. 18.
  6. Антена, број 854, 7.11.2014, стр. 17.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]